Дали сакааам ? ОБОЖАВАМ! Имам голем проблем ,дома моите не сакаат никаква животинка , па како мала чував дома маче дууури 1ден ,утредента ми ги однеле Од дете по мачки трчам , уште од контињер шо немам земено да галам... Чудо некое и да не ги видам ,идат по мене,како магнет сум. Се тешев ајде може кога ќе се омажам ќе чувам ,дечкото мој кога ќе види мачка како од лав бега. Толку да се плаши некој ... И врв на се , ни на улица не смеам да погалам кога сум со него , не па дома...
Мене ми ја снема мачката шо ја израснав од мало,абе душата сеуште ме боли... После од комшивката зедов едно мало таман подпорасна кола ми го згази... Сега пак ќе си земам мачорче и никој нема да смеј да му се доближи да го погали освен мене! Неможам без мачка јас
Уф ја имам една другарка исто така има уплав од кучиња. На 5 метри да има од неа ќе се онесвести. Па воопшто не ме чуди твојава ситуација со дечко ти
Ајде малку да ја активирам темава... Обожавам мачки, чувам три и неможам да си го замислам животот без нив. Сега ми се бремени, нели период им е и одвај чекам да се родат малите слатки суштества Не ги осудувам оние што мразат и не сакаат да видат мачка во својот живот, сепак секој си има право на свое мислење, но ако ме прашувате мене, оној што ќе се обиде да повреди или убие мачка или било кое животно, за секунда ќе го средам па да види како е да се малтретира едно невино животинче. Поздрав од Queen of Cats Cats Are My Life
И уште нешто да надополнам, од тие 3 мачиња едно ми е најмило, тоа е некако најприврзано за мене и секогаш ме расположува. Тоа не значи дека другите 2 не ги сакам, немам такво мислење, ама ова ми е некако посебно. Освен тоа, целта ми беше да ви го кажам ова: Често имам гребаници по рацете, но тоа не значи дека тие се злобни кон мене, јас на моменти си го заслужувам тоа затоа што ги закачам Следнава случка никогаш нема да ја заборавам: Си играв со мачињата мои и тоа нај што си го сакам, незнам како но го фатив некако незгодно, и тоа со своите предни шепи ми ги изгеба дланките. Си реков ајде не е ништо, кога се погледнувам после 7-8 секунди, целите раце во крв, ама баш целите. До лактовите ми се растекло од крвта, ко некој вените да ми ги пресекол. Ајде отидов во тоалет, ги измив и се исполепив со фластери. Отидов во дневна и што да видам, мачката моја седнала во еден ќош како казнета и не се помрднува, ме гледа со нејзините кафено-жолти очи како џамлии и како да плаче во себе. Ме разнежни тој невин и плачлив поглед, сфатила дека ме повредила. Следните неколку часа не сакаше да се гали со мене, ниту јадеше ниту ништо. Јас воопшто не и бев лута, туку обратно, бев зачудена што толку многу се грижи за мене. Вечерта легнав, дојде она и се испружи до мене, ја погалив неколку пати и се опушти. Утрото веќе беше порасположена, почна повторно да ми се гали и беше се нормално. Никогаш нема да ги заборавам тие невини очи што велеа: „Извини, не сакав, незнаев дека те повредив, те сакам до безкрај...“ Таа и нејзините сестрички ми се се, души мои се тие Затоа нека проработи свеста кај луѓето, мачките мораат да ловат и да се бранат, тоа е нивна природа... Како што и ние луѓето ловиме животни, си уживаме јадејќи го нивното месо, така и тие мораат да се борат за да опстанат. Поздрав до сите оние кои сакаат животни, посебно мачки, но поздрав и до оние кои не сакаат мачки, останете си со вашето осудувачко мислење, но јас не сум таква да осудувам... П.С: Видете ги овие преслатки суштества
Чувам мачка, ама воопшто не се пријателски настроени, конкретно за моето, си гледа само за себе, да си е најадено и наспано минимум 18 саати користољубива, се мази само кога е гладна, ако е најадена си се повлекуа, кога ќе дојдам дома не знае ниту да ми се израдува, со опаш не мрда, ко да има некоја злоба што тешко се прикрива, чиниш ме колне од стана Не е ни чудно шо нема другаЧка Иста вaква во картун издание
Moja bratucedka od vtoro koleno pisti, vristi na macki. Bila na nekoe sluzbeno patuvanje. Rucale so kolegi, a ete da se pojavi macka, pa koga skoknala da vristi i izbegala od salata Inaku, jas sum cuval macka. Ok se. Crna macka i ja zdebeliv epten. Izgledase kako pred poragjaj.
Најзлобни миленици ама преубави се за да ги неќиме. Овие моите знаат да ме изнервираат, па седам на тераса и ги игнорирам кога ме нервираат и почнуваат одма да се галат, да ми подаруваат пилиња, глувци и гуштери и кај можам да им стојам лута кога толку се грижат за мене. Јас сметам дека така ми се умилкуваат, а дечко ми вика така само ти кажуваат што те следува ако продолжиш да ги игнорираш. Па мачорите на сабајле се караат онака, милно за звук. Сегде кај шо врват остават влакна, па се вика дома: „ако сакаш мачки постојано чисти по нив!“ и зошто ги сакаш си чистиш. Ете зато се злобни, ама предобри и премили во исто време, медени.
Јасс многу сакам мачињаа, какви злобниции најслатки миленичиња сее.. Дали случајно имате персиско или сијамско маче за вдомување или некој да познавате да има машкоо, од Битола или регионот ?
Баш прееска прочитав во темата Слики од миленичиња, најдено маче сијамско за вдомување, прекрасно е, душичка https://forum.femina.mk/threads/Слики-од-вашите-миленичиња.8478/page-105 За жал не е во Бт
морам да најдам мачорчее за галењее ќе го сакам до бескрајј така буцкастооо, во активна потрага сумм ваљда ќе најдам...
(se izvinuvam za pisuvanje na latinica, nadvor od mk sum) Macor imam. Sin mi e. Go cuvam 7 godini, vnatre. Spasen kako mal na vozrast od mesec ipol, od ulicno maltretiranje, dolnata vilica mu bese secena i skrsena, edvaj se spasi... i den denes ima problemi so vilicata. Se seta na povodnik kako kuce. Ne jade meso, mleko i mesni/mlecni proizvodi, vegan e, hahaha. Negova ishrana se sostoi od maslinki, marula, krastavica, royal canin suva hrana i voda. Nisto drugo ne jade. Prepameten e i premil. Koga placam on e mojata najgolema uteha, doaga, mi gi lize solzite i se butka so negoviot nos vo mojot. Spieme zaedno. Se banjame zaedno.. Vo isto vreme jademe. Koga sum nervozna i se karam so nekoj, doaga i mi vika, ko da mi se kara i ja napagja licnosta so koja se karam, hah. Koga idam da setam vo priroda si go nosam so mene.. Nemoze bez mene, a nemozam i jas bez nego.. Se zavisi od nacinot na koj ke se postavis, i ljubovtta sto ke ja pruzis. Zlobni? NE.. Golemo NE. Tie se kako deca. Koga se cuvstvuvaat ljubomorno i nervozno moze da te grebnat, koga se cuvstvuvaat zapostaveno ke ti butkaat stvari od masa na pod.. Ama zlobni ne.. Sekogas sakaat so celo srce. Tie stitat od negativna energija. eve, go spasiv mojot macor, a toj mi ja vrati nasmevkata. Nemozam da se zamislam bez nego, toj e mojata najgolema sreka.
Дечки, пoсле две гoдини мoже дa си гo сменaм мислењетo зa мaчкиве? Чичкo ми и стринa ми имaaт еднa и сaмo си игрaме, еве дo сегa игрaвме сo лaстик и врзувaв нa oпaшкaтa. Пет денa декa не бев дoмa и не ме виделa кoгa се симнaв кaј нив oдмa преде и ми се бутнa вo скут. Ептен сaкa дa си игрa. Пред тoчнo месец денa се oмaчи. Еве некoи слики oд нив. @Mishela гoтoвo, си гo сменив мислењетo.
Empirical Evidence: Cats Love People Researchers at Oregon State University offered 38 cats a choice between food, a toy, an interesting smell (catnip, a gerbil) and attention from a human. Thirty-seven percent preferred food to anything else. Eleven percent liked toys, and one cat was preoccupied with the smells of catnip and gerbils. But 19 of them — half! — preferred the company of humans above all, choosing them over other entertainment possibilities. Две дузини мачки разбрале што е финтата со испитувањето и едно се погодило хипи маче. Прекрасни животинки се
Срцки најмили се. Си чувам мачор и си го обожавам. Ужива да се гали и да преде, кога ќе ми седне во скут веднаш почнувам да чуствувам некоја посебна смиреност и позитивна енергија.
Обожавам мачки! Пред неколку дена на поклон добив маче. Има месец и некој ден. Толку е мило,малечко.За неа се грижам како за бебе.Станува во ниедно време па ја заспивам. Наутро прво таа да јаде. Но, ќе порасне и после ќе биде полесно.Денес прв пат бевме на ветеринар и убаво поминавме. Многу ме весели и ми ги трга мислите од секојдневните проблеми. За моето маче можам да кажам дека е мило. Ма мое малечко
Зависи како ќе се однесуваш кон мачката. Не постои злобно куче или маче, постојат гниди од луѓе кои ги малтретираат и после како бумеранг ефект нормално ќе биде злобно за самото да си се заштити пак да не му се случи истото. Имав 4 мали мачиња, сега само 2 ми останаа и големата мачка. Си имаат стекнато хигиенски навики и си знаат си чекаат пред врата да и отвориш за надвор. Инаку спијат со мене, едното малечко дури само ја бутка вратата за да влезе кај мене во соба. До утреможам да пишувам за мачки. И многу повеќе време треба за да добиеш верба и љубов од маче отколку од куче. Ама сепак се исплати.