Мене матичниот ми рече да пијам б6 ако имам мали мачнини, а ако не можам да издржам антиметил. За среќа јас имав мали и најчесто навечер и си пиев по едно апче б6 и вкревет. Не повратиб ич. Сега магнезиум директ со б6 пијам.
Е сега не утеши..а јас одвај чекам да поминат уште недела две си се тешам после 12 подобро ќе е..кај мене е нај изменично, ден два сум добро, ден два од кревет не станувам, аман веќе..
Јас очајно се надевав на подобрување но ова абер нема. Што да ти кажам, можеби кај тебе нема да трае волку...
Мила, колку б6 пиеш дневно? Мене матичниот ми рече 3пати по 2 апчња. Ама некако многу ми се гледа тоа
Утре почнувам 12та недела. Од кога дознав дека сум бремена, имав мачнини како да сум многу гладна и прејадена во исто време. Научив да го контролирам со точна доза храна на 2-3 часа, ако е премалку или превише уште полошо беше. Сега живеам на домати и краставици, и нешто овошје. Само тоа можам да јадам 5-6 пати на ден. Прв пат повратив оваа недела, се надевам ќе биде само тоа еднаш, да не почнам со полоши симптоми кога треба да се намалуваат веќе.
Дали ви се ствара во устата такво грозно чувство како нешто расипано да имате ,и подтојано ме тера да плукам, значи безброј пати плукнам, ако голтнам плунка ќе повратам толку што ми е грозно, буквално ми се гади од сопствената уста..не поминува ниту со вода ниту со храна, дури полошо станува.почнав да си правам филм дека нешто др.ми се случува дека не е од бременоста. Ми се иде да ставам кофа до мене и да плувам
Оф леле значи не сум сама, и јас сум со тоалетната до мене, не можам муабет да правам, плукам на секој втор збор..а зошто се лачи толку плунка, знае ли некој? Мене и од мастика ми е грозно..како благо ми доаѓа и ме стресува..
Јас знам дека ова е често кај трудници. И со првата бременост го поминав истото. Сега пак. Дури знам во спиење да се засркнам од толку плунка што ми доаѓа, и едвај се смирувам.
Мене ми е ново, со првото немав такво нешто, а баш ќе прашам следниот пат на контрола, дај боже да помине до тогаш..ти благодарам
мамички какви витамини да земам за против повраќање неможам повеќе да функционирам ? што да се јаде? некако ми помага чај од нане ама само малку
Како си сега? Се повлекоа постепено? Јас сум 14 недела и чим кај мене помина ќе помине и кај вас верувајте. Сега можам да јадам се и ќе јадам Ние пробавме се, да не се лажеме до 12 недела ништо не помага само фокусирај го мозокот дека ќе помине и ќе бидеш старата ти. Дотогаш со среќа.
Да ти кажам има подобрување, еве денес сум супер, не можам уште да јадам ама не ми смета тоа, таман нема да се здувам уште од сега..имам пак некои мачнини ама се послаби, а и малаксаноста полека се повлекува..
Veke 13+4 sum a macninite se uste posilni od prethodno, morav pak vo bolnica zatoa sto ne jadam nitu pijam. Bebeto e super, si raste mesto ne go fakja premnogu aktiven kako tatko mu. Mnogu sum zaprepastena neznam do koga vaka so povrakjanjeto, Dali cela bremenost ke mi bide vakva HELP!!!!
Тоа никој не може да знае..може уште утре да ти биде подобро, а може и подолго да те држе..со првата бременост повраќав до средината на 4ти, ама не секој ден, ама и покрај тоа се осеќав свежо, си функционирав нормално..е сега со оваа бременост скрос друга приказна, не повраќам многу ама мачнини, малаксаност, исцрпеност, буквално за кревет врзана, не способна за ништо..ама еве има некое подобрување, како по свежа сум деновиве, па ќе видиме, јас сум 11 недела..пробај со б6, може ќе те освеже малку..