Како со пиша Мачуле, кај сите различно. Но мислам дека со вода, здрава храна ( овошје, зеленчук, интегрален леб ) можи да се ублажат доколку ги има многу често. И плус со антиметил на периоди, но поретко.
Denes gi zemav antimental sega se napiv edno malce od malce okej mi e ni neznam dalu iti gladna uste osekam tezina... mislam ke puknam a i kapak na se apcinjata od predhodno... vo ponedelnik ja menjam dokrotkata ginekolog nikakva pomos i korist od nejze kp za pocetok....od vas nauciv za antimentil za femibion i sl....
Blaze im ja tie sto nemaat macnini, im zaviduvam sega bas vo ovaa moja situacija... ke puknam mislam znaci sekoj den bukvavlno sekoj den.. bar den da stanam da mi e okej..i tie okolu mene gi osakativ veke neznaat so da mi pravat. Koga ke zamislam pak uste kolku ke ceka mi se ide od moza da izlezam. Nisto ne mi pomaga mene ni perek nu solenki ni gricki...ni antimentil probav sinoka i denes sabajle nisto beee nistooo..mi se place duri..
Ти кажав не очекувај подобрување, дури и полошо станува 9,10, недела.. прифати дека ќе биде вака и кога ќе прифатиш ќе почнеш да се носиш со ситуацијата!!! Не поминува ни на 5 минути во денот и тоа е така кај сите што имаат мачнина на почеток не само кај тебе. Ајде малку похрабро, можеш ти!!!
Значи матичниот гинеколог е најбитен. И јас исто пред 1 недела го сменав. верувај се препородив. И комуникацијата и блискост за да мозиш да казиш што мислиш и да бидеш разбрана и советувана како што треба. Многу среќа! Со антиметил не ти е подобро? С Слушај ме вака. Ќе станеш мајка и мора да бидеш посилна. Мисли на бебето, окупирај го мозокот со други работи. Листај некои статии на нет, теми шо те интересираат, мода, Новогодишни украси, било што, читај книга. И антиметил се пијат 3 пати на ден, нема врска дали пред или по јадење.
Не си прва која ги осакатила дома нервно, верувај. Значи плачи слободно, викај, рикај, пцуј се ти е дозволено. Само оној кој поминал низ тој пекол може да те сфати зошто секој ден бараш утеха на темава. Пробај со кока кола, швепс или кисела вода ќе ти доаѓа како поарно барем мене на 5 мин ми беше подобро. И спиј цел ден и плачи и лежи и дери се. Нема лек. Мораш да истрпиш.
Toa i pravam da ti kazam.. samo molcam ni bukva od mene...se me nervira od se mu se gade i samo navecer koga legnuvam se otepuvam od placenje zas tolku mozam da izdrzam.od cel den so sobiram ☹ fala vi na site za podrskata
Мене ми се потсмирија влегов во 9та.лошо ми е сеуште ама не толку мн. Наутро бисквити. Попладне ореви и кока кола ми помага
Здраво девојки, ве читам околу мачнините па да понудам утеха. Кај мене ги снема буквално преку ноќ, 7ма, 8ма недела од ден на ден беа се' посилни, како влегов во 9та ништо! Дури отидов на лекар на контрола од страв да не нешто тргнало наопаку веројатно е се индивидуално, со лесно нека поминува и кај вас
Eve me mene pak... posle toolku macnini i omalaksanost i losenjeni povrakanje stignav so bolnica so 5 infuzii i pak i pak nisto togas za togas pola saat do saat i kraj... pak.ista pesna... mrtva gladna posebno nasabajle mn mi se jade od son se budam. A mj se gadi od jadenje. Nezbam di koga vaka... se molam samo so pobrzo zas nemozam da izdrzam
со нејадене правиш само полошо.Желудникот е празен и сам прави контракции и нагони за повраќање.Смири се првин психички малце..прифати ја состојбата како нормална и почни да јадеш по малце.Исто и течности..Не наеднаш туку голтка по голтка.Инфузијата е ок затоа што во спротивно ке дехидрираш
Нормално е во трето тромесечие да ми се јави гадење? Еве цела недела веќе. Не е како во прво до толку да не можам да јадам , ама доволно да ме мачи.
А девојки не видов слична тема, па тука да ве прашам - Како сте со притисокот? Многу низок ми е, и имам на моменти тахикардија, се уморувам. Нешто слично?
Немав мачнини и поврајќање ама имам низок притисок и тахикардии сеуште и во второ тромесечие. Притисокот на преглед 90 со 40 ми беше,тонев. Чаре сокови цедени ми кажаа,да нр претерувам со кока кола
Низок притисок од почеток во второ тромесечие ми се стабилизира малку сега пак почнува нешто да ме мати ми се спушта од еднаш и ме занесува на онесвестување ама брзо се качува и се ок.. ама претпазливост многу, кога ке станам од сабајле и одма да се фатам да готвам или нешто да се уморувам ми се случува и кога ке се истуширам па кога ке се мачкам ваљда дека се наведнувам и од топлиот воздух незнам.. ми рекоа повеќе кока кола и течности многу и солена храна повеќе ..а сега почнувам баш да се уморувам 7ми месец веќе ..
Ти благодарам Мене едно кафе на ден убо ми влијае. И да многу течности. Ама многу често од шо ми паѓа и како главоболка имам, но преку ден кога ќе работам повеќе. То е то, ќе се издржи, но тука сме да си помогниме барем преку совет и искуство. 90-60 последно, и тоа во ред се осеќав. Тахикардии и главоболка имам забележано после напорна работа ефективно повеќе саати. Ме фаќа страв од тахикардии за предпороѓај. Здравје Боже има време, но некогаш размислувам како би било со овие тахикардии...