Daj boze posledno da e... sekoja vecer se molam za podobro utre a sekoj pat razocarana...ajde belki ke se smiluva nes i na mene pobrzo da mi zavrsi. Nikako nemozam da uzivam
Јас 38 недела сум и уште повраќам ко да сум на почеток од бременоста и што е полошо на сред сон станувам да повратам. 8 пати бев во болница со недели таму примав инфузии по 7-8 на ден плус лекови и од тоа ми се намали железото во крвта и имам многу компликации во текот на денот. Освен странски таблети ништо не ми помагаше, не јадев ,не пиев со месеци баш ништо ,се повраќав, дури од толку напрегање се случуваше да повратам и крв. Сега со таблетиве е подобро но сепак многу лошо поминувам со анемијава. Знае цел ден да ми се врти памет тешко дишење, тахикардија, но не остана уште многу наскоро ќе си го видам бебето. Инаку ваква бременост не посакувам никому, за жал ова беше најголем кошмар за мене. Ви посакувам лесна бременост без компликации како што имав јас и само трпение така ќе помине тој период.
Имав иста бременост како твојата. Железото и хемоглобинот го средував преку инфузија. Со физиолошки и ц витамин ми ставаа ампула за железото, само не ми текнува како се викаше. Јас бев анемична и за две недели, ампулава ме оправи.
Ве читам и стварно жени вие сте за орден. Мене се на се 5 пати ако ми се лошеше и тоа ако не доручкував навреме,и еднаш повратив,па кога ќе ми текне тоа лошењето колку беше језиво а кратко траеше ми доаѓа да ме гушнам затоа што ова да го поминуваш секој ден долг период е хорор. Него се знае ли зошто некои жени страдаат повејќе од мачнини,некои еве како мене па не?
Примав и јас инфузија ferlicit тука во Германија ама не помага зашто многу време помина а докторката не ми кажа дека крвта не ми е во ред и сега се плашат да ми покачат доза зашто може да имам обилно крварење и ќе мора царски да го вадат бебето затоа после пораѓај ако има потреба ќе ми дадат дополнителна доза. Господ на помош нека им е на сите идни мајки
Венофер се вика, сега ми текна. Докторите кај мене се исплашија од можно крварење, дека анемична и одев на неколку дена за да примам. Како и да е, многу се тешки ваквите бремености и може да носат и дополнителни компликации. Јас двапати го поминав истото и никому не го посакувам тоа.
Некои жени имаат тешка некои лесна бременост. Се зависи од хормоните кои како реагираат бар тоа научив до сега од докторите Кај мене hyperemesis gravidarum беше покачено многу и никако да се стабилизира и затоа ми трае сеуште, некои пак се се враќа во нормала како воопшто да не се бремени... Кај секоја е различно
7ми месец сум, ме убија киселини, што и да апнам, душава ми гори. Досега ништо немам користено, што да земам, што е поефикасно, Гастро гард или Рупурут?
Земи ги двете и онака шансите да ги снема киселините се мали да не се лажеме Ако ти почнале од седми ќе тераш до 9ти со нив. Млеко, кисела вода со лимон, ориз, таблети, спиење на високо, никакво јадење навечер, мали оброци, без млечно навечер итн.
Мене ништо од тоа не ми помагаше. Јас пиев сода со амин од доктор и така преживував цела бременост. Прашај гинеколог што ќе ти каже.
Nez us kolku veke da cekam.. puknav. Naj se nerviram so ko cesma povrakam. Nema kan mene ednas dva pati... cel den.. ednas stom pocnam i nema prestan.
Знам мила мене така ми беше со првата бременост 24 часа повраќав само едно спиење од 5- 6 часа не повраќав.од тие таблетите еднаш што имаше пишувано дека ти е подобро не смееш пак да ги пиеш?
чудна појава ама мене не ме боли а кога сум повраќала од други причини да,наболувало и јас така 6та 7ма недела црева откорнав сега намалија мачнините ама повраќањето не
10та недела,уште си имам гадење и повраќање но немам никакви болки од напнувањето,но денеска забележав дека сум повратила малку крв. Бев гладна сабајле не можев да издржам а имав пиено само вода и сокови. И гледам како шлајм да сум повратила со малку крв.