Тоа е од напнување додека повраќаше, нема причина да се грижиш... а што се однесува до гадењето пробај Б6. Мене не ми помогна воопшто, но можеби тебе ќе ти олесни.
ми рече матичниот б6 и антиметил. Б6поретко пијам заборавам,ама како и да е минимално помагаат. Изгледа тоа мора да се истрпи,кумата ми кажуваше таа цела бременост со повраќање ја поминала.
Влезена сум во 38 недела и од пред некој ден ми се вратиа киселини, мачнини, и одвратното чувство во уста како после повраќање..зошто така, нормално ли е?
и јас 2 пати повратив во првата бременост негде на 8ипол месец викаат ко ќе му расте косичка на бебето фаќаат киселини
Lugenca da ve prasam kako da se spavam so ova gadenje na rabota? Znaci denes edvaj izdrzav rabotam vo fabrika znaci nesum vo sostojba voopsto da rabotam a od druga stana nesakam bolovajne da zemam, I neznam sto ke pravam .
Мене ми се смееше докторот за косата и киселините. Јас "умирав" од киселина, со Гастал под перница спиев. Дечкото мој се роди со фризура Не знам дали има вистина.
Земи таблети антиметил на природна база се или купи си од лижавчињата за патување за деца. Ќе го извадиш стапчето и ќе ги шмукаш ко бомбони на работа. Со лесно.
Лелле знајш јас какви киселини имам хххахах цела бременост!!! Мм ми се смеј, ми вели како си нежна и кога ќе го испуштиш тој гласот ( ждригање) хахха смешна сум била многу. И му велам не сме за во луѓе, на секои 5мин си пуштам глас хаххаха а навечер само киселини и дури до грло како ми го параат... Ајде ќе се издржи. Ама и мм има коса бујна, и јас исто хахха, бебка да не излези со коса голема па да треба шнолички за во болница хаххахахха
Како што ти рече @fana антиметил се најдобри! Ги пијам и јас и многу ми поможват. До 3 во денот можиш да си пијаш. Сабајле, ручек, вечера или по потреба кога си осеќаш.
Mene nisto ne mi pomogna mi antimetil ni b6, tolku losenje i povrakanje prvite 4 meseci cudo oslabev celi 10 kila nisto vo usta ne stavav na kraj so 9 infuzii na GAK me opravija ,posle doma so ranital nasabajle i navecer fala bogu mi pomina gadenjeto...So lesno na site
Јас па еве веќе сум 15 недела, а сеуште не сум имала мачнини ниту повраќала и дај Боже така и да остане. На почетокот само 2-3 пати ми се гадеше и тоа беше тоа. Кај секого е различно најверојатно.
Јас од утре 11та. Гадење страшно. Си велев барем да повраќам наутро и да ми олеснува. Навечер околу 8 саат е умирачка, не можам ни да зборувам од што ми е лошо. Страшно е што ми е гадна водата, кисела ми е во уста, а докторката вчера после резултатите од мокрача ми напомена слаба си со течности. Вода ми рече со лажиче да земам ако ми се гади. Уста не ми се отвара .
И јас сум 9 недела , мачнини и повраќање по 19 часот секој вечер ненормално многу. Имам апетит ми се јаде се , ама само штом ќе го погледнам јадењето се ми е гадно. Последните неколку денови едвај комбинирам што да каснам. Ни апчиња ни ништо не ми помагаат , неможам еден ручек дома да зготвам од толку лошење.
11 nedela I seuste imas gadenje? jas sum 6 nedela mnogu mi se gadi I gkavobolka imam pa zedov dva dena slobodni od rabota so nadez do ponedelnik da mi razmine ama kako sto ve citam ova izgleda dolgo ke trae
Да не те плашам ама со првото до 5ти месец, сега со второво до 6ти гадење, повраќање, инфузии. Некои за жал и до крај немаат раат. Најчесто мачнините поминуваат околу 14та недела. Со лесно