Mora da se isturka nekako, mnogu mi e tesko koga sum na rabota nemozam da rabotam nemam koncentracija ni sila rabotata mi e fizicka vo stoecka polozba
И јас за првото имав до 16та. Ама до некаде поподносливи од овие сега. Сега е ужас! Од течности единствено густи сок трпам, а после ме фаќаат киселини Вчера на роденден, во игротека, паметна бев и не каснав пица, инаку зачинот ќе ме докрајчеше
Малку наука и позитивна мисла дека сепак лошењето има и позитивен аспект кој ќе ве води да го поминете овој вовед на бременост (психички) полесно. @Sexybaby86 те читав дека ти е лошо, а налетав на делот во книгава па да те бодрам малку и јас тебе
Се прпелкав по темава и лежев затворена во спална умирајќи од лошење. Точно пред година. Цркла сам. Ама гледаш љубави сето тоа било позитивно Ајде прави уште едно од прв ден ќе те бодрам ветувам!
Јас по третпат низ ова не минувам Ват из мач, мач из А и не можам да слушам: Ај уште еден месец и ќе помине. Стигнав до пораѓај, повратив и се породив.
Фала ти, сега го прочитав. Значи да се надевам дека ќе има бенефит од мачниниве - паметно дете Не ми поминуваат неделиве, еден ден ко еден месец. Турни ме да кинисам работава А чекам да стигнам до 12 недела, демек да се опуштам малце психички и да се понадевам дека ќе видам крај на мачниниве
Што и да речам дека брзо ќе помине ќе ми звучи како што мене ми звучеше тогаш затоа ќе замолчам Се ќе биде во ред не заборавај. Плус понатаму стои колку поголемо бебе на тежина толку поразвиен мозок. Така да ќе мораш и да јадеш за вториов услов да го исполниш. Те гушкам.
Со првото ни еднаш не ми се слоши, буквално никаква мака немав. Второво затоа ми наплаќа уште унапред за се'. Периодов живеам на солени крекери и супи, ама ќе се подобрам. Фала на убавите желби
Читав/слушнав во емисија, и јас не знам точно од кај го имам податокот, дека наводно, мајките кои имаат мачнини и повраќање до крај на бременост, е затоа што плодот е со различна крвна група од нивната. Телото го гледал како страно тело, па така организмот реагирал. И цела бев Големата ќерка има крвна група на татко ѝ, па оттаму и деветмесечното цедење. И така останувам трудна со второто и почнувам да повраќам толку многу, што низ желудник ми излезе цела душа, карма, судбина, а чак и минатото си го видов во шоља. И си реков тоа е, и второто со крвна група на татко ѝ. Ама не. И крвна група, и рх фактор на мене. Значи само нѐ лажат
Не дека ти е утеха, ама јас на физиолошки живеев со вит. Ц и Б6 во вена Побрзо да мине Секси, се гледа дека ти е лошо, фалиш во темата
И јас со второво маки измачив. Првите недели (до кај 13-14) умрев од лошење. И тоа не повраќав ама имав чувство дека секој момент ќе повратев. Барем да повратев, да ми олеснеше. Сега, еве 30 недела умирам од киселини. Ама не знам како да ви опишам колку киселини имам. Се мислам да се откажам од јадење ама џабе. И од глад имам киселини. Со првата бременост ми се лошеше недела две. Киселини и тогаш имав. Ама мислам не до толку како сега (или имам заборавено). Ќе помине, ама додека помине, ти си знаеш.... Тоа не ми се верува. Детето знам дека ќе има крвна група као мојата затоа што со маж ми сме иста крвна група. Па почетокот беше страшен. ... ))
Иста судбина јас и ти значи Мене ми се гади и во спиење дури. Штом станам насабајле, дека празен стомакот, гладна и тогаш е најлошо, а не можам за жива глава да каснам нешто во тие моменти. Се вртам во тој зачаран круг и не можам да излезам, одвратно Кога повраќам, кога не, зависи. Ама кога ќе повратам, ми се олеснува. Мада, прошлата недела еден ден буквално цел ден повраќав, може преку 10 пати дента. И на работа и дома, цел божји ден. Само тој ми беше така екстра лош ден, не знам како преживеав, ужасно ми беше Инаку претежно ми се нагони само, ама одвратно ми е кога на гладно ми се јавуваат, а не можам да лапнам ништо да ги смирам, бар едно залче. Уф За крвната група, и јас и мм сме иста, така што знам дека и бебево ќе е иста. И бебка е иста, а со неа немав мачнини. Така да и кај мене не држи вода муабетот
Лажат бе ништо не е точно Според ова горе моето дете треба ептен тутурутка да е Нема шанси при вака паметни родители
Ова беше конкретно за мачнини и повраќање во текот на целата бременост, односно хипермезис гравидарум. Обично мачнини се толерираат до 3-4-ти месец, понатаму ако продолжат тегобите, треба да се испита од што се. Во Македонија за оваа дијагноза не следува боледување, туку само совети од типот: издржи, ништо не ти е, мораш да пиеш и да јадеш
Еве јас од утре 17 недела, мачнини нема абер да престанат. Посебно навечер ми се умира. Ем мачнини ем киселини. Срамота е да кажам вакво нешто во 17 недела, ама едвај чекам да се породам. Ова "издржување" психички ме истоштува и мене и потесното семејство.
Да прашам, може ли да се земе боледување од работа поради ова гадење и повраќање? Има некој такво искуство?