Може ако ти даде матичниот гинеколог, мојата велеше на сите му се лоши, тоа не е страшно Се додека не почнав и да се онесвестувам па некако изнудив 15 дена со предлог од специјалист од државната болница.
И јас имам страшни мачнини, ама си одам на работа. Не сум помислила да побарам боледување за ова, искрено. Мада мислам дека не постои таква дијагноза за мачнини врз основа на која би се издало боледување за истото. Едино ако ти се смилува гинекологот, па да пише др. дијагноза.
Мајка не си болна за боледување само си трудна никој не ти дава за тоа боледување. Недајбоже да ти треба боледување. УЖивај во бременостаке поминат мачнините ке почнат болки во кичма итн...
Здраво мешиња Еве сум 7ма недела со редовни контроли,сега за сега се е во ред и прекрасно се чувствувам,само ова лошењево значи многу е тешко,и времево уште толку одмогнува Докторката ме теши дека убаво е што ни се лоши зошто тоа е знак дека бебето се развива и си реков вака да ве расположам малку. Ние ке си повраќаме само бебчето нека си се развива добро,па ке помине и тоа
Ако е повраќањето обилно зошто да не може да се даде боледување? Треба на секои 5 минути да трча во вц да повраќа? Јас работам сама во канцеларија, кога ќе влезе странка и почнувам да и објаснувам, непријатно е да речам ај почекај, па да одам да повратам и да се вратам како ништо да не било. Еве јас имам добиено 15 дена поради обилно повраќање и вртоглавица. Мада мислам трудна жена барем први 3 месеци треба да добие боледување ако од било која причина не може да оди на работа, замор, лошење, слаба концентрација и сл.
Затоа што за таа дијагноза не следи боледување. Не дека не сакаат да дадат докторите, едноставно, нема шифра А треба да има. Кој немал таква бременост, не знае колку е исцрпувачки. Башка, некогаш може да биде по опасност и за мајката, и за плодот.
Во бременоста најважно е да имаш добра комуникација со матичниот гинеколог за да земеш боледување. Сите користиме боледување под дијагноза заканувачки абортус така да која и да е причината за боледување гинекологот треба да ти отвори.
Треба да има. Како што пиша @BirMelek има жени кои стигнуваат до дехидрација од повраќање и кои мораат да бидат хоспитализирани до инфузии. И како таа жена е работоспособна нека ми објасни некој...
До 4ти месец по болници ми поминаа бременостите, со константно повраќање, слабеење, гадење од се живо. Има разлика од мачнина до мачнина, во одредени случаи не се работи за вообичаеното утринско гадење и мора да се примаат инфузии+по некое лекче за смирување. Во таков случај е научна фантастика да се оди на работа.
Муабетот ми беше ако нема шифра за боледувањето која е поврзана со мачнини. Што ќе пишат. Ризична бременост? А не е ризична.
Што ве читам, бетер имам нагони на повраќање и гадење. 6+4 сум и пред некој ден почна гадење, вртоглавица, мачнини и нагони на повраќање. Барем да можам да повратам, супер би било, вака само се мачам. Ем хематом, морам да лежам, ем страшна мачнина, абе ќе полудам!
Jas ovie gi zemam.Postojano imav nagoni za povrajkanje,a ne povrakav mnogu .Zemam edno na utro edno navecer i mi se namalija macninite
Леле ова е исцрпувачки, секој ден повраќам по еднаш, ослабев не ми е што ослабев, се секирам вака да не ми ослаби и крвта и организмот. Приметив после јадење овошје, обавезно го повраќам
Женски и јас сум секој ден со гадење и нагони за повраќање 8ма недела сум и незнам како да си помогнам. Утре сум на контрола.
Не е хумано што не даваат такво боледување. Затоа што не сме функционални како нормално и многу лошо е чувството кога имаме гадење и нагони на работа. Еве на пример на моето раб.место мириса многу лошо периодов, плус од јак мирис и од средства црева истурив.
Да си се пожалам и јас со моите мачнини, кои мислам дека крај немаат.. еве денес полни 16 недели и уште си повраќам, само што ќе отворам очи ми се гади како нешто во грло да ми стои.. што ли не пробав, ништо не помага, денес докторот ми рече реглан да земам по едно насабајле и навечер па ќе пробам немам друго решение.
Пробај да пиеш многу вода и нон стоп кога ке те нападнат мачнини да ставаш по нешто во уста,да работи желудникот.Мене ми траеа само 7-8 недела,после наеднаш престанаа.
Јас до кај 18-19 недела имав гадење и повраќање. После преку ноќ добив и апетит и не ми пречеа мирисите од претходно. Во тој период ослабев 5кг (после си ги вратив)