Се надевам дека ќе ги снема, мислам дека нема да можам уште долго така. Не сум ослабена ама немам ни качено, може 1кг повеќе да сум. Јадам ама и повраќам така да одржувам килажа некако
И јас со првото дете немав никакви маки трчав на работа до 9 месец а сега мислам само на шоља сум и само повраќам. Дали тогаш бев помлада 27 хо родив а сега сум 31 за второво
Стисни и лимон малце,или парчиња краставица и свежо нане,многу е вкусно,ем ке ти намали мачнини.Голтка по голтка,многу е важна хидратацијата
Колку убаво вака што ме тешиш навистина ценам. Фала ти многу. Пред некој ден ставив парче лимон и неколлу капки капнав ама пак исто. Вчера успеав да испијам чашка овошје што си го изблендирав и толку. Прееска неколку голтки испив и одма у вц се истурив
Ама морало да се пие вода па ете ке пијам по една голтка на неколку минути кога ќе помине лошењево раат ке си тераме хахах
Дали е можно постојано да ми се гади и тоа од се и сештоо?? Првата бременост ми помина ептен добро, а сега сум 6та недела и воопшто не ми е добро. Ништо не јадам само ми се гади, осеќам голема празнина во желудников уффф и тотално сум исцрпена и нерасположена. Никаде не можам да мрднам во ваква ситуација
Дали некоја од вас пиелс сируп или било што што помага за лошење и ппвраќање? Од една страна сакам веќе да ми олесни пошо цело време повраќам ама од друга страна слушам дека ако се пие нешто може да му наштети на плодот.
Дали најде некое решение или уште ти е исто? И јас сум така.. Се трудам де со бадеми де со чаеви ама изгледа ке морам да си истрпам.
Не најдов, исто пробав се и антиметил пиев демек против повраќање ама ништо. Баш вчера бев на лекар и докторот ми рече џабе што и да пијам, дека мах до 16 недела можело вака да трае. Мора да истрпиме ама стварно е тешко.
А вода можеш да пиеш? Јас едвај. Некогаш си цедам пола лимон ама едвај го пијам. И кока кола само моментално ми дава олеснително чувство. Пробувам и овошје да јадам, цеден портокал, го повраќам.
И јас сум со мачнини. Сеуште пробувам што можам да јадам, а што не. Пред да останам бремена јадев само месо, јајца и зеленчук ради интолеранција на инсулин, а сеа не можам да седам во просторија кај што се готви месо. Сеа ми олеснува само кока кола, круша и диња. Толку. За ручек само јаглехидрати едвај и одма качив килажа. До кога вака не знам.
Оф леле.... Јас круша јадев повраќав. Диња пробав една убава, блага, преубаво мирисаше абе за секунда ми се јави тој кисел вкус во устата. Повеќето викаат дека ќе биде подобро во 3ти или 4ти месец, па до тогаш ќе се помачиме. Јас веќе повраќам само попладне, а предходно преку цел ден.
Идни мами како сте. Да прашам дали некоја си олеснувала со витамин б6? Јас од сабајле се напив 4-5 голтки вода на екс пошто сум прежедна, па после саат ипол јадев тост со малку сирење и патлиџан. Кога осетив нагони си сварив чај од ѓумбир и ментол, додека го пиев ми ги снема мачнините.... Обично попладне не ме оставаат и си ја гушкам шолјата, но ајде ќе видам дали ќе ми се подобри ситуацијата на овој начин, лесна храна, б6, чај од ѓумбир...
Здраво Нели јас така си се пофалив дека има ствари што ми олеснуваат... Епа не. Таман си реков ајде 10та недела уште малку ќе поминат мачнините, јас почнав да повраќам. Така да, не ми се верува дека има некои правила во ова или пак храна што помага. Мислам дека едноставно ке си трпиме
Пробај непечени бадеми,малку од малку да ти олесни, инаку ќе почекаш само да помине додека се оформи плацентата.