Фала ти, ќе побарам и ќе пробам затоа што сабајле во 04h одкога пишав на форумов ми дојде нагон и пак повраќав... Многу бев жедна, се напив обична вода и одма се истурив во шолја.
Леле ајде ќе помине само и водата кога ја пиеш немој наеднаш...знам дека некогаш сакаш да се изнапиеш од жед и јас така некогаш, ама напиј се 2/3 голтки и после 10 минути пак...
Јас веќе немав крв во мене, ослабена и истоштена максимално и отидов кај матичната општи лекар, побарав и ми даде само 1недела ама напиша некоја друга шифра.
Аман веќе,што се трпиме.Барем некој да ми кажеше,а не да се смеат-ееее како сакаш ти мајка да станиш.ццц
7+5 сум.Докторот ме посоветува дека б6 може за мачнини но само редовно. Не по потреба. Пијам 3 пати на ден. Во 6та недела и дел од седма ми беше доста лошо (др ми искоментира дека така се познавало дека работи бременоста) ама краток период еден ден исповратив и неколку дена со лошење. Сега како да одминаа. Се јавуваат многу ретко и кратко дури и воопшто ги немам. Јадам повеке пати разновидна храна и внесувам се што можам и редовно б6 на 8 часа. Пред една недела слушнавме срцева акција. Се надевам дека ги снема мачнините а срценцето уште чука. Контрола имам за една недела. Имате ли вакво искуство?
Ако имаш мачнини, така се познавало дека работела бременоста. Глуп коментат од докторот, само шубе ти направил сега и кога се смириле да ти е паметот таму. Што им кажува тогаш на тие што немаат мачнини? Мачнини не мора да имаш цело време, може да доаѓаат и да си одат, а може и воопшто да ги немаш. Ниту мачнини имав ниту повраќав, па сè си е во ред со бременоста. Уживај во бременоста и радувај се што се смириле.
Majkii i idni majki pomos hahha 5 nedela sum gadenje kiselini losenje vetenje, naduenost(nez dali od bremenosta) I ponekogas bolka od desna starana dole. Znaci edvaj izdrzuvam cela sum omalaksana bademi,k.voda,mleko,jabolko mi pomagaat no kratkotrajno i pak isto.. denje noke... inache vtora bremenost so prvoto luge nisto od ova kako pesna mi bese i nosenje i poragjaj i bebus niti grcevi niti placenje ama za ova se plasham zarem ne e mn rano za kiselini gadenje itn...
Немам искуство, прва бременост ми е оваа сега ама и јас бев на почеток така, мнооогу лошење и повраќање. Се надевам дека ќе ти поминат за кратко. Колку можеш повеќе одмарај си, ќе помине времето и ќе ги снемува.
Да видев немаше да верувам дека може се да има одредена храна до мене а јас само ќе поминам и заминам . Ете и тоа бидна , повраќање ништо да се нема желба да се касне . Се надевам само во првото тромесечје ..
Dobre Добредојде во клубот, јас сум иста еве 14 недела, наместо да го снемува гадењето,сега уште повеќе.Предходно до 12 недела ,само наутро повраќав, и во текот на денот, само мачнини и гадење.Може да се случи да повратев попладне,ама нешто ако претерам пример, некои месени работи.А сега и од сабајле и навечер, баш вчера ми се случи, од јаболко да повратам, каде што го јадев, кога ми се гадеше, сега и него желудников не ми го поднесува.Али слатки маки, ќе поминат, само да си ги галиме мешињата
Така си е . Слатки маки. А ова со јаболкото ме потсети баш првото повраќање ми беше баш од јаболко и од тогаш наваму забавно ди продолжии
Јас имам многу киселини, особено после ручек, мислам веќе од се. Ми помага јогурт, потпечено црно лебче, бадеми, мастики..... Сѐ трудам да конзумирам разновидна храна ама после тоа е маки.