Mene za macninite mnogu mi pomagaa nepeceni bademi I vitamin b6 piev koga veke ne se izdrzuvase a gi imav dokaj 14 nedela posle gi snema
Веќе 13-та недела мачнини, повраќање по цел ден. Мислам дека пробав сѐ што можеше да се проба: антиметил, Сан Марино капки, чај од ѓумбир, Б6... Ништо не помага. Внимавам и на храната многу, но... Сите постови ги исчитав и многу од мајките велат дека им поминува по 14-та недела, но во мојов случај не верувам дека маките ќе исчезнат преку ноќ. Желудникот ме боли од толку често повраќање и напнување... Дали има нешто друго што може да се проба, а е безбедно за плодот?
Не можаж со совет да ти помогнам чисто зс утеха Баш преку ноќ минуваат бар кај мене беше така денес повраќав утредента ништо нормално се повлекоа симптоми од 13та недела веќе другачие ми беше. Се надевам ќе ти се смират за брзо
Ќе поминат и јас мислев до 9ти ке повраќам па се среди. Во ремедика ми препорачаа некои апчиња zytron ги имало кај нив во аптека не ги имам конзумирано но Котларова рече биле далеку поефикасни од аниметилот и сл. Се пиеле по потреба на неколку дена по едно ако сакаш прашај таму
Кај мене престанаа околу 16та,17та и баш така преку ноќ. Пробај со спрајт,ервејс мастики, не печени бадеми, зелено јаболко, семка од маслинка, ладно млеко, препорачуваа мајките на форумов. Мене ме освежуваше кока кола и к.вода. Можеш и гастрогард и рупурут да земеш.
Умрев вчера и денес, не ми престануваат ни мачнини, ни гадење, цело време, по цел ден сум катастрофа, едвај стојам на нозе, само лежам и така ми е подобро, се и сфашта пробав, бадем, лимон, вода ладна, банана, не знам што веќе, нема спас.
Пред две недели кога пишав за мојата состојба немав никаква надеж дека ќе ми биде подобро. Немаше што не пробав... Утре влегувам во 15-та недела и во претходните 5 дена повратив еднаш само. Буквално како што ми кажаа погоре, престана преку ноќ. Имам киселини и ми се гади одвреме-навреме, но далеку од тоа што беше до пред неколку дена.
Јас не ги имам козумирано така и пишав не ни гуглав да проверам бидејќи веќе ми се имаа намалено, но искрено мислам дека ако се штетни доктор не би ги препорачал плус и Котларова ја сметаат меѓу подобрите доктори не би помислила дека би ми препишала нешто што може да наштети на бебето, но сепак секој одлучува за себе што ќе пие и колку може да трпи само да помине се ко што треба не кажав ништо со лоша намера
Нема врска и така го избришав мислењето за да не те плашам Но сепак прочитај си на гугл за нив или барем јас читам за секој лек пред да го употребам
Така си е, бидејќи не планирав да пијам не ни проверив за што се инаку во право си. Може ги даваат во одредени ситуации бидејќи јас повраќав до 4 месеци по неколку пати дневно а ни аниметил ни имбифем ни б6 не ми смируваше 4 месеци бев во кревет од истоштеност, но сосема во право си ако може без нешто појако нема зашто да се пијат
Ако гледаме така 90% од апчињата не се за трудници ни аспиринот не е па скоро секоја го пие, затоа се тие ситуации кога повеќе штета би имале ако не би ги конзумирале одколку да не ги пиеме сепак докторите гледаат да пробаат прво све што е на природна база па ако не успева тогаш мора нешто појако
Јас се консултирав со тројца гинеколози (од различни болници) и сите ми рекоа да се напијам реглан во периодот кога повраќав по десет пати дневно (не преувеличувам). Освен реглан ми рекоа дека може два дена по ред навечер да пијам диазепам, бидејќи толку напнување при повраќање во мојот случај бидејќи имам и хематом во матката, може да доведе до нешто друго... Реглан се напив двапати, а диазепам не пиев бидејќи ми беше страв иако ме уверуваа дека нема ништо да се случи од неколку апчиња. Преживеав некако со инфузии. Се согласувам со мислењето дека во некои ситуации повеќе штета може да се направи ако не се конзумира нешто отколку да се конзумира. Убаво е да се слушне совет од некој што поминува низ истото, но никој не треба да земе лекарства на своја рака без претходна консултација со гинеколог.
Zdravo na site sakam da prasam okolu macninite konstantno sekoj den vi se javuvaa ili nekoj den ne pa pak pocnat? Jas sum 5-6 nedela i donekni imav dosta macnini a sega 2 dena skoro ic i zagrizena sum..
Кај сите е разчично некој има секој ден некој на неколку дена некој па нема ич.Јас има секој ден овие две недели сега претходно немав толку
Секој ден до 14-та недела кај мене, но како што читам различно е кај сите. Можеби ќе имаш среќа и нема повеќе да имаш.
Дали има некоја труница која има утрински нагони за повраќање после 20 та недела. Значи јас сум 21 + 3 и сеуште после 10-20 мин откако ќе станам имам нагони за повраќање и повраќам желудочна киселина, не секој ден ама секој втор , трет ден. Дали сум чудо на природава или има слични искуства некоја? А инаку преку ден е се супер, немам никаква мака, па немам ни дури горушица.
Некои трудници повраќаат до крајот на бременоста некои не секоја е различна тебе така ти се има погодено изгледа малце осетлив желудник имаш, види дали ќе ти помогнат крекери кога ќе станеш од сабајле да не си прегладнета и тогаш знаат да фатат мачнини
Јас сум 19та недела и сеуште сум со мачнини по цел ден, пред јадење после јадење постојано а на неколку дена и повраќање