Земи витамин Б6, по потреба може и две да земеш, јади бисквитки, јогурт, чајчиња...ако ти е многу лошо, консултирај се со доктор...исцеди си лимон, напиј се...
Јади јаболко зелено, непечени бадеми, мене највеќе ми поминуваше од кока-кола ( која и не е баш пожелна) ама мене ми поминуваше од тоа бисквит или солени крекери и ми помагаа гумени бонбони од посебно зеленките внатре во кесичката доколку ми текне уште нешто ќе ти пишам...Позз
Јас со повраќање и киселини маки мачев првите 4месеци, а од тогаш до сега ( 29та недела ) да не се урочам супер ми е се надевам дека и до крај ќе ми биде вака затоа што ќе побудалев тие 4 месеци...Повраќав и по неколку пати во денот и после 18h морав дома да лежам затоа што во текот на ноќта имав најмногу киселини и мачнини
Исто и јас а тек сега сум 6 недела +4, ама нема ден да не повратам барем 2 пати. Главоболки имам периодично, а лошење и вртоглавици често. Уф се надевам ке помине поскоро.
Јас главоболки тогаш немав, а сега секој ден имам па се си викам ај може и од времево е...Но не се секирај ќе помине перодот со повраќање а и немора да значи дека ќе те држи до 4ти месец, кај сите е различно...Пробај со лути бонбони и несолени крекери мене ми помагаа понекогаш
Јас последниве недели имам ужасни главоболки со повраќање, но не секој ден. Заприметив дека кога е сончево и притушно ако излезам после цел ден имам мака, а баш тоа време одам на работа па и немам избор. А еве денес и вчера на вакво облачно време ми е супер, да не се почудам. Се плашам летово како ќе се врви.
Сега баш читав во темата главоболки во бременост и пишува да се проба со кафе и неколку капки лимон во него па еве одам да пробам иако кафе слабо пијам откако останав бремена Ако не помине ќе одам да прошетам обично тоа ми годи
@eatpraylove90 не знаев дека има таква тема, еве читам сега и гледам дека е чест проблем ова. Инаку јас па воопшто не пијам кафе, и од порано, имам мака со желудникот. Ќе издржиме некако, мораме
Јас греота е да се жалам, никакви мачнини немам, ниту повраќам, ништо...единствена промена ми е тоа што ми расте стомакот, градите исто малку ми се подуваа и неможам да поднесам мирис на кафе и топло млеко. Кога ве читам вака како се мачеле некои цела бременост жал ме фаќа...на секој му посакувам лесна бременост како мојава
23+6 само 1 нагон за повраќање таман стигнав до вц ми помина ама измешав благо солено кисело и така и така ќе ми се слошеше. Упс си додадов 1 недела 22+6 мислев.
Dobro, dali e normalno sega da mi se pojavuvaat macnini vo 14 nedela za prvpat? Do sega ni ednas ne mi se slosi nitu zgadi vo prvo tromesecie, a sega koga vlegov vo vtoro pocna da mi se zgaduva, me tera na povrakanje.
Да нормално е. кумата имаше од 5ти до 7ми месец мачнини, вртоглавици и киселини. А јас од почеток па се до сега, а веке сум 23 недела.
Zdravo devojki vlegov vo 7-ma nedela i postojano mi se gadi a povrakam povremeno.Ve molam za sovet dali moze da se namali gadenjeto?
Девојки ви се приклучувам и јас во оваа тема, денес влегувам во шеста недела од бременоста. Како се справувате со гадењето и со одбивноста кон храна?
Nikako srcka.jas ne povrakam samo ponekogas mi se gadi.izbegavaj teski jadenja jas samo lebce jadev.ke si pomine samo.
Девојки мене oвa гaдењетo не ми престaнувa,сaмo тешкo ми е и ми се гaде,зa пoврaкaње сум тешкa пa реткo.Вaс кaкo ви е еее мaмички дa не заспавте вo длaбoк зимски сoн aaa и мaлку ми се врте