Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мачнини во текот на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Bela-30, 3 октомври 2014.

  1. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Јас имам ново откритие. Не знам каде го прочитав, ама секое сабајле кога ќе станам јадам соленка, солена бисквита, крекер. После тоа може да почне денот. Ми ги намалува утринските мачнини - кои траат цел ден :puke:
    Сеуште ги имам ама се трпат. Не знам до кога ќе функционира ова ама нека потрае!
     
    На majavel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    769
    Отприлика после 13та,14та недела се поднамалуваат.
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sunshine*baby

    Sunshine*baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Имав цревен вирус, кој сеуште не можам да го надминам целосно. Пред вирусот немав мачнини и не повраќа. Сега секојдневно повраќам и ми е страв да јадам. Кога ќе се напијам вода, осеќам поголеми мачнини и по некое време повраќам. Дали и се има случено ова и на друга да повраќа од обична вода и што пиете во тој случај?
     
    На Ljubova и strelkata им се допаѓа ова.
  4. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    769
    Мила ако е вирус ќе помине но верувај сите ние што имаме мачнини во бременоста повраќаме буквално од се. Сум повраќала од капка вода, сум повраќала дури и кога не сум јадела ништо. Среќа што ми е намалено тоа. Прашај гинекологот што да се напиеш, дали антиметил, дали Б6
     
  5. Sunshine*baby

    Sunshine*baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот, сега не можам да разликувам дали сеуште повраќам од вирус или од самата бременост. Инаку многу било мачно вака. Б6 пијам од почеток на бременост.
     
    На strelkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    14.016
    Пол:
    Женски
    И јас повраќам скоро секој ден ретко некој ден да не повратам ич, од 5та недела па наваму ми е така пробав и антиметил и реглан и Б6 џабе ништо не помага и решив тоа да го поминам без апчиња и веќе ми е рутина а ниту се жалам само ми е битно бебето да ми расне дури сум смирена кога повраќам знам дека расне.
     
    На Matea94 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Matea94

    Matea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    452
    Дали болките во желудникот се нормални ? Не се мачнини, баш болки. Апетит воопшто немам едвај каснувам по нешто, повеќе течности, па дали и од што повраќам може да ми е така?
     
  8. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    14.016
    Пол:
    Женски
    Да и од тоа што малку јадеш. Гледај овошје јади повеќе јас само тоа можам..:/
     
    На Matea94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    8.475
    Пол:
    Женски
    Мене ми се повраќаше најмногу кога ми беше празен желудникот во првото тромесечје. Затоа стално гледав прво нешто да каснам наутро и имав при рака низ денот, некои грицки кои ми смируваа киселини, дур да јадам нормален оброк. Гледајте да не ви е празен желудникот долго и киселини да го јадат на празно само. Заради изразеното чуство за мирис на почетокот од бременоста, ми се гадеше и од некои мириси и ги избегнував колку можам, ама после ова се намали таму кон второ тромесечје.
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    8.475
    Пол:
    Женски
    И јас само овошје бутав, од тоа не ми се гадеше и ме освежуваше некако. Јагоди бутав, сезона беше. Ми рекоа отпосле дека витаминот ц од овошјето/јагодите ми правел таков ефект.
     
    На stsmua05 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Matea94

    Matea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    452
    Море сите мириси ми сметат, ништо не можам да поднесам, буквално :puke: само ме загришува болката во желудникот, до вчера стомакот како грчеви имав и болки во бубрезите, денеска друго
     
  12. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    769
    Јас приметив дека имам болки во желудник кога ги пијам витамините навечер
     
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.165
    Допаѓања:
    8.475
    Пол:
    Женски
    Земај ги со храната зедно тогаш. Витамините уствари и треба да се земаат со оброкот, така ми кажа една докторка.
     
  14. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    769
    Јас и од овошје црева истурав. Јаболка, круша, ништо ништо неможев. Сега сум трето тромесечје немам толку многу проблем, поретко е.
     
  15. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    769
    Која недела си?
     
  16. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    14.016
    Пол:
    Женски
    Мојата ми кажа кога можам јас да ги пијам и секогаш ги пијам навечер касно ептен ама кај секој е индивидуално нормално.
     
  17. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Оф душа мила. Ке биде мачно ама ке помине. И мене ми се лошеше.од.вода па пробував некако по малку да пијам газиран сок или газирана вода, ме тераше да ждригнам и ми олеснуваше малку . Знам дека не е најздрава опција ама барем на тој начин внесував по малку течности. Јас неможев ни зеленчук, ни овошје да јадам. Мислам дека до 18 недела јадев само леб, ѓеврек и јогурт, и тоа помала количина, а почесто. Не го оставај никако празен желудникот, тогаш најчесто знаат да се јават нагони за повраќање. Со лесно и ти посакувам брзо да ти поминат мачнините.
     
    На Matea94 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sunshine*baby

    Sunshine*baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    15 недела
    И јас само геврек и јогурт јадам, од се друго ми се лоши..
     
  19. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    769
    Тешко е но секој ден ќе ти биде се полесно, нема да траат уште многу.
     
  20. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Јас имам ист проблем и водата ја повраќам. Единствено што ми помага е кога ќе станам одма да лапнам крекер солен па после почнува денот. Исто така зборев со доктор кој ми кажа дека кога многу ми се лоши најубаво е водата какп инфузија со лажиче да ја конзумирам на некое време по едно лажиче за да не же дразни. Исто така, и компот од јаболче без шеќер без ништо и така со лажиче по цел ден. Инаку мачниниве се пеин ин д ес цел ден гладна жедна веќе нема што да се повраќа се грчи стомакот... се надевам нешто од ова ќе ти помогне...
     
    На strelkata му/ѝ се допаѓа ова.