Jas gotvena hrana nemam probano povekje od eden mesec , nemozam da ja pomirisam , odma mi se gadi Ponedelnik sum na pregled pa ke vidam sto ke mi kazi dok so ova moe nejadenje
Денес сум 5+3 сабајлево во 4 ме разбудија мачнини, прв пат толку силни. Обично имам само гадење. Убаво е да ги нема, но кога се веќе тука не се замарам, пијам витамини и тоа е.
Јас сеуште немам и се надевам дека ќе немам мачнини. 7+6 сум. Само некогаш ми станува тешко кога се прејадам Многу ми се ручка мене и некогаш не знам за доста ако е нешто многу вкусно.
Винсент те читам и сфаќам дека ги имаш истите проблеми како мене. Јас сум 10 нед и ништо не можам да јадам освен банана, круша. Пиши ми која храна ја јадеш, дај идеи.. јас скоро се пробав ама не можам, се ми мириса на земја, на мувла и веднаш добивам рефлекс за повраќање...
Оф, јас се изнамачив до 16та недела бааги со мачнините. Секој ден по цел ден. Гледај да внесуваш многу течности, да не дехидрираш. Ама многу Јади овошје и лесна храна по помалку ама почесто Јас живеев на ѓеврек и јогурт Немој зачинето да јадеш, избегнувај го некое време Со лесно. Се надевам дека брзо ќе ти помине
Isto i jas , od sam pocetok Za nekoj den vleguvam vo 13 ned i osekjam malo podobrovuvanje, megutoa gotvena hrana seuste nemozqm da jadam
Мене антиметил ми помагаа, плус си правев и чај од ѓумбир, не е дека ги снема скроз мачнините ама не повраќав по 10 пати како пред да ги земам. Се издржува се за сонцата мали, ама пробај со антиметил и да јадеш повеќе пати помала количина.
Не и не мора да ти се јават мачнини воопшто. Не се води по други. Јас не знаев до 6ти што се мачнини, ама затоа после ме удавија. Секој организам различно.
Јас се плашам бидејќи и онака имам осетлив желудник. И со мигренава доста патев од повраќање мачнини. Барем сега да ме промаршат.
Мачни се богами. Се чудам кога ги читам жените како се засекирани дека немаат мачнини. Благослов е тоа, не е за секирање.
Ај да прашам нешто,дали некоја од вас има пиено еаомепразол или нолпаза во бременост?конкретно јас сум 20недела.пред бременост се мачев со хроничен гастритис и бев долги месеци на есомепразол,арно терав до сега без него ама два дена сум со болки во жрлудников,гадење,киселини,горење.нршто пак ми е изиритиран.пробав анти метил,гастро гард не помага а гинекологов не ми работи и не знам што да правам,дали смеам да се напијам