Јас воопшто немам апетит, скоро од се ми се гади ретко што можам да јадам, не можам ниту да готвам ниту да седам во просторија каде што се готви, многу сум чувствителна на мирис се ми смета ниту парфем не можам да ставам, ама се ќе се издржи за бебчето...
Јас баш се пожалив неколку дена многу малку јадев и при крај на јадењето ми стануваше тешко, мачно, го оставав на пола. Денеска друга приказна, не ми е ништо Мене и порано знаело да ми се јави гадење па така да мало гадење не го сметам ко некој симптом. За спиење е чудно што се будам ептен рано и не заспивам пак, на пладне ретко да дремнам.
Истa сум,нo ете и кoгa не мирисa тешкo ми е кo нa пoврaкaње пoгoтoвo нaвечер ,незнам зoштo тaкa бaш навечер
Јас со спиење немам проблем, спијам и повеќе од доволно, со мачнините ми е проблем. Исто и јас навечер имам повеќе гадење,, некогаш о од сабајле на гладно осеќам мачнини. Јадам по малку ама многу брзо огладнувам, сабајле ми се случи да станам од спиење во 6:30 за да каснам нешто зошто осеќав мачнини во желудникот ми беше празен па си се вратив на спиење.
ааа насабајле често повракам не дека има шо но некоја киселина од желудникот ,после миењена заби ми се згадува по искрено полесно ми е кога се олеснам
Леле незнам штo е пoлoшo и јaс нели имaв киселини и тoa не е бaш леснo,јaс сега избегaвaм пoтпршки мaнџи.или билo.шo гoтвенo сo пaтлиџaн ,пример шпaгети сo бoлoњезе сoс ,грaв никaкo лутеницa,мaлиџaнo нитo
Vece 13 nedela sum i uste mi e kako prviot mesec mi se gadi,mi se povraca ne mozam da podnesam nikakvi mangjshta,zacini i meso mn mi e loshoo. Osobeno navecer imam golema macnina od gadenje duri nekogas i mi se place Do koga ce mi trae ?
Јас сум 8+5 и цело време ми се гади не ми се јаде, па ми се јаде ама пак ми се гади, аникако да повратам. Немам нагони за повраќање и некогаш си викам поарно да повратам да ми олесни, сеќавам дека ми е тешко како да ми стои во грло а не ме тера на повраќање. До сега 2 пати и со сила повраќав зашто стварно не можев да издржам и полесно ми дојде. А омалаксаност и поспаност нон-стоп, цело време функционирам така, и јас не знам како издржувам на работа. Абе кога ќе видам весели хај-фај трудници кои освен што имаат голем стомак ништо друго не им е променето, дури љубоморна сум . Ама ај си викам после трети месец ќе помине.
Мене многу ми се лошеше до 6ти месец мислев никогаш нема да престане. Киселини немав ама мачнините ме уништија. Буквално по цел ден ми се лошеше а кога сум излезена ако осетам дека некој прави јадење готова бев. Ленорот го замразив уште од бременоста и уште не го поднесувам. Наутро јадев бисквити и краставица а и јогурт пиев.
Мене оваа бременост подоцна ми почнаа мачнините, за разлика од првата. Со син ми кога бев бремена ми се гадеше од кафе, дим од цигари, кромид и лук. Не ми се гадеше од домати и сирење, но чувсвував некоја одбивност и не ги јадев. Оваа бременост сум катастрофа во тој поглед. Еве 15 недела ја терам и уште имам мачнини. Мирисот на готвено не можам да го смислам. Од кромид и лук црева истурам, црвена пиперка, ајвар да не видам, од краставица ми е многу мачно, мирисот на целер го мразам, од салама ми се згади пред некој ден, па сега ни тоа не јадам. Кафе не пијам, дим од цигари не можам да поднесам.. Ужас!
Oд сaмиoт пoчетoк пa се дo сегa немaм никaкви мaчнини, гaдење oд ниеднa хрaнa, мирис, дури ми се чудеa. Немaм ни киселини ќе немa кoсичкa изгледa мaжевo
Се пронајдувам и јас тука и плус многу други јаденја но најголем проблем ми е што ми се гади и од вода сокови единствено пијам ладен чај но и пазам да не е многу и моите чоколада и слатки најмногу што јадев ми се гади оф до кога вака вода не кафе не благо не манџи дим од цигари не.....
Мене ме утепаа киселини во бременоста,немав само додека беше карчично свртен.Кога се мамести пак убаво надоле пак почнаа киселини до сам пораѓај,си мислев ќе родам некој Канго бр.2 ама кога се роди кога го видов дури да се чудиш ЗЕЛКАА без ниедно влакно на него ни коса,ни клепки,ни веѓи.Со тек на време малку по малку ни пораснаа.
@Lemi, зависи кога-како. Има денови кога константно цел ден имам гадење и нагон на повракање. 10та недела ми беше најлоша. Има денови кога периодично ми се гади. Ја повракав најмногу 2 пати дневно до сега. 11 недели сум, и можам да кажам дека последниве 2-3 дена нешто подобро ми е, не ми се гади толку.
Ja sum 12 nedela i ovie 2-3 dena obavezno povrakanje. I prethodno imav ama ne tolku cesto kako sega. Sinoka duri 6 pati za 2 casa. Neznam kolku e normalno toa