И мене ми е многу чудно и јас сум само со позитивен тест 4 недела а веќе имам мачнини. Во првата бременост во овој период не ни знаев дека сум бремена ништо не чуствував а сега од се ми е мака и затоа и порано го направив тестот. Што и да изедам после ми е мака и денеска цел ден си легав немав сила испив кафе и од него ми бидна мака
не знам, да се надеваме ќе намалат. Викаат со девојче ако си трудна имаш повеќе мачнини Што ти е првото?
Нема врска тоа. За првата бременост ни мачнини ни повраќање и девојче беше, а сега сум турена со мачнини и здравје машко на пролет
Напротив сите што ги познавам со мачнини машко имаат. Нема врска тоа со полот. Секоја бременост е различна.
Јас што немам никакви мачнини какво ќе е? 10+5 сум и се осеќам како да не сум трудна се надевам дека до крај ќе немам мачнини.
Ама мешето сигурно ти се познава. Јас некогаш си помислувам немој да сонувам дека сум трудна. Порано и градите ме болеа сега не ме болат.
Буквално цели 9 месеци, киселини, тегоби и многу повраќав. Толку сода и спрајт колку што испив додека бев бремена никогаш во животот не сум испила.