Јас го имам истиот проблем веќе два месеци, катастрофа сум со лошење и повраќање, и тоа ми придонесува некогаш уште повеќе нагони. Цело време како да ти стои нешто на грло, имам чувство како да сакам цело грло да го исплукам ако можам. Бев на оториноларинголог ама ништо страшно не виде и ми рече можи да ми е од самото повраќање... чекам да видам дали ке помини само од себе ( се надевам) btw имам плунка нон стоп и нема шанси да ја голтнам оти одма ќе повратам и само плукам ( нон стоп со чаша до мене)
Ista sum, non stop sum so casa i non stop plukam , i jas sum vaka mesec ipol, i toa me tera na kaslanje moram da go isplukam kako da mi stoi nes na grlo, kako ton slajmovi ili nezz sto e Ama se napregam moram da iskaslam Dali ti kashlash ?
Да кашлам исто, додека јадам немам гајле, не чувствувам ништо, но одпосле, веднаш ми се јавува тоа чувство и ми трае нон стоп :/ пред некој ден читав на статија за рефлукс, некои кажуваа дека и од тоа се јавувало такво чувство, то е поврзано со киселините и желудникот. Јас се надевам дека е од повраќањето и дека ќе помини што поскоро
Ista sum, dodeka jadam e ok, kako prestanuvqm i pocnuva, nema ofmor osven koga spiam Koja nedela si ?
16+3 се надевав дека ке се намали и лошењето а заедно со него и тоа чувство и плунката најмн до 16 та нед ама некако почнав да губам надеж, до душа повраќането ми е намелено, сега повраќам некогаш по еднаш или два пати најмн, некогаш не. Едноставно чекам само по себе да помини...
Јас не знам што да правам. Не сум ни шеста недела бремена, а имам страшни мачнини. Ништо не ми се става во уста. Не ми се збори ниту друго ми се прави нешто. Сакам да лежам само, а дете имам за гледање. Сами сме дома. Претешко ми е.
Женски дали прочитав тука некаде, дали некој ми кажа не знам,јас не повраќам ама затоа мачнини имам да неможам од кревет да станам па денес ја купив водата со ѓумбир на добра вода. Сабајлево ми беше страшно лошо и почнав да ја пијам помалце, нон стоп сум со чашата до мене и од време на време ќе пивнам 1 голтка. Да не се подречам, ама ми ги стабилизира мачнините и се осеќам одлично. Вреди да се проба, се надевам ќе ви биде од помош и на вас
Јас пак во мојата "омилена" тема. Дали ви се случило, онака да сте ептен гладни а уста не може да отворите
До кога со мачниниве. Не можам ништо да јадам. Јас голтам надоле тоа се враќа нагоре. Ни антиметил не ми помага. Навистина сум гладна ама ништо не можам да јадам. Нешто што би помогнало?
Јас јадев само суви работи и не ми правеа до толку проблем бар душа вртев во мене. На пример чипс, крекери, соленки, леблебија. И цело време по едно парче во уста го мотав бидејќи гладот уште полошо правеше. Мене ми траеја до касно, до пола 4 месец цело време со инфузии бидејќи и водата ми мирисаше.
Мене од се ми се гади. Посебно од водата. Па пијам голтка по голтка. Инаку готвенава храна не можам да ја јадам. Само мачкам нешто на корка леб.. крем, мармалад... Мора да има нешто што помага, некој лек. Вака не се живее секој ден, само во кревет сум.
Мене ми дадоа некакви лекови, ама полошо ми е од нив. Не повраќам кога ги пијам ама жедна сум и изморена и никаква, па ги откажав . Порано само од овошје повраќав сега од се. Вчера бев на лекар ми вика ајде до 4ти месец па ќе намалат. Останува да чекам.
Јас не повраќам ама во себе во желудник го имам тоа чувството дека секој момент ќе изповратам. И цел ден ми е така дури и во спиење. А никако да помине ова грдо чувство.