E jas meso od sam start ne jadam , nemozam da go podnesam mirisot , kako i na golem broj gotveni jadenja A maticnata sto ti kaza, dali e normalno ova cesanje ?
Женски јас сум целата збунета. До пред 3 дена бев хаос, пишував и тука, страшни мачнини што буквално ме будеа од спиење, не повратив ниту еднаш, ама многу јаки мачнини со омалаксаност. Вчера и денес скоро и да ги нема. Постојано ја пијам водата со вкус на ѓумбир што ми помага околу мачнините, ама некако многу нагло ми ги намали/снема а инаку сум 9+2. Дали некоја можеби има слично искуство? Пред неполна година имав спонтан баш во овој период од бременоста и сега ми е ептен паника
А јас пак имав само мачнини. А еве два дена сега почнав само да повраќам. Нели викаат како поминуваат неделите ќе биде подобро, мене полошо ми станува.
Значи неможеме ред да најдеме на ништо Очигледно само добра мисла во глава ни останува, се друго како ни е речено така
Јас искрено едвај чекам да ми поминат овие мачнини, буквално по цел ден ги имам. Ни гладна, ни најадена.
Можно е џвакањето мастика да помогне околу мачниниве? Сега џвакав мастика и некако подобро ми дојде во стомаков.
Имав јас накај 8ма недела таква пауза од 2-3 дена кај што ми беше подобро и исто како тебе се извадив од памет. Па се вратија дупло полоши пропратени со повраќање. Не го мисли многу, уживај ако ти е добро
Аууу е сега ме опраи ептен Незнам дали да плачам или да се радувам на моментов Фала ти на одговорот, ако ништо друго сега малце ме утеши.
100 % исто. А те пратам и ако не се лажам и тука негде сме со бременоста. Имав мачнини + понекогаш повраќање до кај 9та недела, после малку ги снема еве сега 12 недела мачнини нема, ама повраќам и од вода. Ми дадоа лекови што не ги пијам, помагаат ама ми ствараат други проблеми (умор и жед). Килажа прво почнав да качувам, дека не ми беше мачно само кога јадам. Сега почнав да симнувам, повраќам од се. А жвакање мастики ми помагаше многу до завчера, сега ни тоа нејќе.
Ти си малку пред мене. Јас сум 10 недела. Јас до 7 недела бев супер имав краткотрајни мачнини што брзо поминуваа и после цел ден супер. Од 7 недела многу ми се зголемија мачнините по цел ден ги имав само кога лежев бев ок. Од 9 недела мислам почнав со повраќање не ни памтам точно кога беше веќе. Сега сум така мешано некогаш цел ден повраќање некогаш еднаш некогаш ич. Ама мачнините, киселините и тој гаден вкус во уста постојано ги имам (што и да јадам што и да пијам постојано истиот вкус). И постојано лежам.
Ова не се издржува навистина. Ослабев, ништо не ми се става во уста, буквално ништо. Не знам како ќе се тера понатаму, ама јас не можам. Не ми се слатки маки мене овие. Ова се тешки маки. Легнувам со мачнини, станувам со мачнини.
А јас па кај имам вишок, не ми е мачно само кога јадам нешто солено, било што, па страв ми е да се качам на вага Пишав и претходно пробај со водата со вкус на ѓумбир, голтка по голтка, кога ќе почуствуваш гадење се надевам дека ќе ти олесни
Страшно е, само од чипс и смоки помалку повраќам. Бев на лекар ми вика тогаш јади чипс и смоки и земај витамини. Ми даде и нови лекови. Да не ми падне шеќерот правам вода или лимонада со мед и тоа малку ми помага. Во втор месец качив 4кила, сега во трет намалувам.
Помош девојки, 12+1 сум и почна гадењето од денес, а до денес ниту мачнини ниту гадењњ... не се издржува уморна од кревет не може да се дигнам, вода пијам ја повраќам... што да правам
@kikikikirika @V.N. @Black girl Верувајте не сте сами. И јас исто се чувствувам и цел ден лежам само тогаш сум ок. Инаку имам нагони и повраќање. Киселини постојано. Не знам што може веќе да помогне, побрзо да заврши ова. Јас ослабев 3кг, сега можеби и повеќе не сум се мерела од претходна недела.