Лошење ужасно преку цел ден а најлошо е навечер после 18.00 часот. Антиметил не помага... Некој искуство? Буквално осеќам ко секој момент црева ќе истурам... Не повраќам ама лошењево е страшно
Вода со лимон, ѓумбир и нане од вечер прави за утредента да си имаш 2л на пример мене само тоа ме спаси. Јас и лошење и повраќање мислев крај нема, ама помина.
Не не, свеж ѓумбир, лимон и нане сецкам во вода ставам во бокал од вечер и во фрижидер и утредента си ја пијам цел ден
Мене почнува страв да ме фаќа . Ако ова е на почеток, како ли ќе ми биде наредниве недели? Многу ми е лошо по цел ден, а вечерва не можам ни да спијам . Се разбудив еднаш во 1, легнав и пак се разбудив во 2 повраќав и уште ми е лошо, воопшто не ми олесни. Пробав со б6, џабе.
Пробај нон стоп да грицкаш по нешто. Интегрални крекери, кубети, соленки итн било што и не се оставај гладна ни најмалце зошто после тоа ќе почне да ти се лоши па додека се оправиш уште 3 пати ќе повратиш. Еве и во оваа имам мачнини малце со кубети ги средувам или плавиот ребраст чипс од кам, не јадам количина ама јадам колку да не е празен желудник меѓу оброци.
Јадам деновиве многу често, но вечерва малку ме исплаши што не можам ни да спијам. Повраќав пак во 3, дури тогаш ми олесни малку, сега грицкам соленки, малку ми е подобро. Но, утре не знам како ќе го издржам денот без сон.
Здраво мамички да прашам нешто,јас сум 7 недела и од нексде 5 недела имам мачнини ,гадење ,повраќање ,но денес кога станав не осеќам ништо ,можам да кажам многумалку.Дали е нормално?
Нормално е , не плаши се . Јас имав зачестени мачнини и повраќање само 8 и 9 недела . Меѓутоа знае и ден денес да ми се случи од нигде негде да повратам, 17+4 сум .
Исто како првата бременост, си почнаа мачнините. 7недела сум, ама ова не се издржува. И дење и ноќе ми се гади ужасно, а не повраќам. Барем да можев да повратев, да ми олесни. И кога сум гладна и кога сум најадена , секако ми се гади. Пробав сабајле со лути бомбони, 20мин ми беше добро и сега пак исто. Чаре некое за овие мачнини? Како што гледам, ќе си потраат
Ќе треба да си најдеш некое чаре. Од нешто ти се лоши не се сите работи. Мене пример од вода ми се лоши, а ми иде литро да испијам наеднаш. Конзумирај повеќе работи што ти ги смируваат мачнините. Чај од ѓумбир пробај може ќе ти смири желудник малце.