Јас имав буквално од почеток на 5-та недела, сѐ до 15-та. Буквално до 14+6 повраќав. Кај мене беше ептен тешко и мачно, нон-стоп лошење, енергија 0, гадење од сѐ и сешто, не можев ништо да јадам, ниту подобро се осеќав откако ќе повратев. Ослабев 3 кг. Само лежев и се молев да престане, броев недели.
Кај мене кон 7-8 недела почнаа и повраќав до 15та недела. Ништо не ми помагаше, повраќав и ден и ноќ и од секаква храна па дури и од вода и само лежев бидејќи за ништо не бев способна. Повраќав дури и ако видев дека некој друг јаде нешто, толку лошо ми беше. 5кг ослабев во прво тромесечие. Сега имам прекрасно синче и сите тие маки би ги поминала одново за него Тешко е и мачно е ама ќе помине… и ќе вреди
Мачнините во бременост се кај сите индивидуално, мене ми започнаа некаде 7 недела не повраќав многу ама имав нагони за повраќање и скоро од се ми се гадеше особено од месо, така ми беше до средина на четврт потоа поминаа и сега нормално си јадам се и немам гајле воопшто за разлика од други што ги познавам имале гадење до крај. Се надевам дека ќе ти исчезнат во второто тромесечие. Инаку можеш антиметил да си земеш и да пробаш со нив
Јас почнав од 9та недела па се до 17та недела повраќав. Јас одма повраќав кога ми беше лошо, немав проблем со тоа. Јас повраќав само навечер, преку ден многу ретко. Стрпи се, ќе помине.
Јас мислев дека ке немам проблем готово реков ќе помине првото тримесечие без проблем потоа е подобро ама оно само ми се гади и никако да повратам а јадам цело време се и сешто Јас се поправив уште првите 2 месеци јадам се што ќе видам и имам апетит уште кога ќе станам цревата бараат храна што претходно беше првин кафе цигара па дури напладне ќе јадев. колку се имавте поправено се вкупно?
Jas do 16 ta nedela povrakjav.. Do 14 ta voda ne možev da se napijam, odma povrakjav Jadev samo dvopek so puter i med, banana, mandarina, tolku...
Јас немав воопшто апетит. Јадев само сабајле нормален оброк и за ручек нешто малку колку да ми се рачуна дека сум седнала да јадам и одма после ручекот почнуваа мачнините и повраќањето. Јас ослабев 3 кила, а сега сум горе доле колку што бев и пред бременоста. За некој ден ќе го почнам 6ти месец. Јас и сега немам нормален апетит како пред бременоста.
Само да споделам искуство. 9та недела сум, имав гадење во текот на целиот ден и нагони за повраќање. Пред една недела почнав да пијам антиметил насабајле и навечер. Доста ми е подобро. Понекогаш осеќам гадење коа ќе помислам на некоја храна али не е толку страшно како што беше.
7+2 sum denes no za prv pat mnogu jaki macnini I nagoni za povrakanje, pijam dobroston 2 pati na den dali mi e od toa ili nesto drugo vaka prvata bremenost koga imav mised mi se losese pa pametot tamu mi ide da ne e nesto loso
Нормално е да имаш мачнини, 75% од трудниците имаат. Јас првите 4 месеци од кревет не можев да станам, повраќање нон-стоп, 3,5 кг ослабев, па еве ме, 20-та недела терам.
Јас си имам голема мака 11та недела сум и не знам како да се справам, значи наутро сум супер ќе си јадам и е ок потоа за ручек и вечера што и да ставам во уста макар и вода одма ме тера на повраќање а не можам да повратам и ми е мака и плус тогаш и притисокот ми се качува од што ми е тешко. Не знам како да се справам со мачнинава барем да повратам може полесно ќе ми е. Пијам и дијазепам и терапија за притисок магнезиум директ витамини се што ми дадоа. Пробувам со маслинки и рупурут ама тоа е само на момент и после пак одново, како може да се ублажат мачнините затоа што не можам да функционирам ич?
I jas sum 11 i nekolku dena i pred nekoja vecer imav golema maka i otidof sistem mi dado i polesno mi se stori posle bev edno tri dena dobra fcera imaf pak maka ama doktorkata mi rece cim imam taka maka i mnogo povrajkane vo tekot na deon da odam ke mi dadat sistem i stavrno polesno mi bese so pomin neka ti e
скоро 3-4 дена маки мачам со киселини. Сега земав една гастал за лижење, прочитав тука дека смеело, барем да ми го смири малку желудникот. Од утре нема јадење пецива, деновиве се на тесто бев.
Јас до вчера.. две недели ме утепаа мачнини, гадење а не можев да повратам, па од понеделникот почнав и со повраќање. И еве денес многу подобро ми е, само доле ме боли така како тупави болки и боцкања, утре влагам во 8ма. Нормално ли се тупавиве болки? Буквално мислам ко да ми се шири маткава осеќам.
Кога ви се намалија мачнините.. јас сум 10 недела , влезена во 11та и почнаа да ми се намалуваат. Кај некого да било така?