Мила секоја бременост е различна, еве јас утре влагам во 9та. Од 5та до 8ма 24/7 имав гадење нит спиена нит јадена сум. Како влегов во 8ма се намалија не се 24/7 ама ги имам и пак одвај јадам и спијам… вчера ми беше прелошо цел ден, денес те ми е лошо те ништо не ми е. Би требало и да се намалуваат веќе како се ближиме накај 12 та, ама немора да значи дека кај секој ќе е така.
Здравоо 10+3 сум,денес цел ден повраќам пробувам да јадам и за кратко се повраќам,мислам дека ништо не му останува на бебето Кога завршуваат мачниниве или никогаш? Со првото цела бременост без мачнини
11+3 denes ,kako sega da mi pocnuvaat macninite gi imav I do sega no vcera I denes e nesto nepodnoslivo nisto bukvalno ne mozam da jadam edvaj i voda pijam
Мила ја вчера ужас бев. Заспав у 8 од што ми беше крш. Денес станав абе ништоо си викам што ли е, и еве како дојде 5 саат како на дугме. Гадење, гадење па и главоболка. Се напив б6. Ме потсмири да ти кажам. Пробај напиј се. Утре влагам во 10та.
Па околу 12та 13та ќе се намалат или оддеднаш прекинат скроз. И јас со второто ги немав, не повраќав...со третово се растурив од 7,8ма до кај 12та, па од тогаш наеднаш ми се смирија и супер терам (сега сум 24).
Ова наеднаш е стануваш и ништо не ти е? Значи коа ќе дојде моментив да не ме фаќа паника зашто ги нема наеднаш симптомиве. 10 та сум јас.
Па така бидна овој пат кај мене. До 12та само повраќав деноноќно.. и после накај 13та ми се смири повраќањето и за некој ден скроз и лошењето... почнав да си јадам нормално се, без гадење и повраќање А со првото до крај мачнини и повраќање имав Второто немав... Нема правило... три бремености, секоја различна
Што јадете кога имате мачнини? Ништо не ми се јаде, од самата помисла ми се повраќа само трчам до вц. Краставица марула јадам и овошје ама мора и нешто друго да внесам. Хелп. 6+1 сум
Јас до 12-13 недела преживеав со ѓеврек или леб и ајран. Понекогаш соленки и банани, ама не многу зрели. Антиметил пиев, електролити.
Ма, скоро ништо. Периодите кога бев "добро" живеев на салата од краставици, или зелено јаболко. Ретко лепче печено, па мачкав со путер. Ослабев јас од мачнините. Фала му на Господ, поминаа.
Кога ти поминаа? Еве јас краставица јадев прееска сега киселини имам.. ништо не можам да си каснам освен тесто, ми е страв да не се здебелам многу со тесто само јадење
До крај на 15-та недела редовно повраќав, а онака баш разведрување ко нов човек да се осеќам, после 17-та недела конечно.
Леле не ме плаши, 11+5 прв ден малку подобро, сабајле ми се гадеше. Се надевам на подобро, како иде накај втор триместар.