здраво девојки , јас веке сум 7нд трудна до сега не сум повракала ама имав ко мачнини ама веке од вчера ете и денес го немам тој симптом дали е нормално или не ? 2 дена пијам б6 дали е можно и од тоа да е ?
18та недела, еве сега повратив и течна столица денес. Изминативе денови повраќам, дали е нормално? прв триместар неколку пати само повратив и толку, а ова сега ме загрижува
И мене ми е исто 18та сум… само еднаш повратив… ама ми се повраќа цело време.. еве моментално се борам да не повратам на работа… не знам што се дешава, наеднаш почна неделава и јас почнувам да се загрижувам…
Можно е и од времето. Вчера до касно повраќав и течна столица, болки во стомак, треска, баш како вирус
Ее 100пати, ништо страшно. Не се секирај ќе си дојдат пак… после ќе викаш леле зашто имам мачнини. Најнормално е, варираат хормоните.
Лелее кога ќе ми текне...првите 4 месеци буквално спиев до шолјата...Вода да се напиев одма нагони за повраќање, ненормални мачнини,значи си ја замразив бременоста до толку ми беше лошо. Не можев да стојам...пиев електролити, двопек и кисело млеко или јогурт...ништо не ме смируваше ама самото си помина.
Јас денес повратив 8 пати, едвај издржав да не го повратам зитрон апчето па конечно престанав… сакав да ве прашам дали знаете колку смеам да пијам електролити во текот на денот, дали може повеќе или има некое ограничување во бременост?
Јас пиев по две растворени жолто пакување шишенце во чаша вода. Пиј флаширана вода, б6, мене ми помогна и спрајт сок.
Во почетокот првите 3 месеци многу повраќав и неможев да јадам ништо, но потоа со тек на времето бев подобро ,почнав да јадам скоро се и не повраќав… сега сум 35та недела и некако го изгубив апетитот не ми се јаде ништо понекогаш имам мачнини и ми се повраќа …:/
Две деца имам, немав воопшто мачинини со ниедно. Не мора да имате мачинини, индивидуално е кај секого.
10 недела сум и мислам дека се повеќе и повеќе повраќам. Гледам да пијам течности особено вода, но некогаш и вода штом се напијам повраќам. Од 5 недела до сега скоро секој ден по 1-2 пати повраќам, 1 кг имам до сега изгубено, гледам по малку да јадам за да остане нешто Е сега прашањето ми е дали треба да примам инфузија, многу сум малаксана цело време. Матичната рече само во консултација со гинеколог, али гинекологот ми даде само апчиња за повраќање. Не знам дали сум или не за инфузија, али премногу се осеќам малаксано и лошо цело време
Мене исто ми беше, буквално исто од 5та недела. 24/7 гадење и повраќање. Живеев на кифличе со кашкавалче, одвај и тоа го повраќав, исто и од вода ми се повраќаше. Ми дадоа секакви апчиња за гадење и повраќање ништо не ми помогна. За на крај во 11та недела на инфузии завршив зашто веќе повраќав без престан и вода и може едно 20 пати повратив дента. Ме однесе маж ми во Систина и Бојаџиев ми препиша инфузија. 2 саати примав инфузија 2 цели шишиња и плус некои огромни шприцеви 5 беа со витамини. И искрено малку воскреснав, зашто бев жив мртовец. И веќе од 12та недела 80% подобро ми стана, и од 13та наеднаш прекина се, ко со ножички буквално. Можам само да ти кажам да издржиш, за брзо ќе пројде. После втор триместар е уживанција.
Отиди кај гинекологот и замоли да ти пушти инфузија, зашо мислам нема ништо штетно само ќе те освежи ако си дехидрирана