здраво на сите идни мамички. јас влегов во 6та недела и имам многу мачнини. сакав да прашам дали ова ќе трае цела бременост или само некој период?
Честито прво и со лесно да си истераш. може да престанат по 14 та недела а може и не кај секој е различно
I mene non stop mi se gadi,gladna sum a ne mozam da jadam,limon i mandarini toa me osvezuva.I jas sum vo 6 nedela,a ne povrakam.
Фала ти. Ќе се надевам дека ќе завршат инаку незнам вака како ќе се издржи И јас неповраќам само ми се гади. Али мене ништо сега засега не ми помага . Утре сум на контрола ќе зборувам со докторот да ми предложи нешто
Здраво мамички, еве ме и мене во 9та недела. За сега се оди како што треба фала му на Бога. Бебушот имаше срцева реакција уште во 7ма недела и ми закажаа следен преглед после нова година. Инаку, малку тешко ја поднесувам бременоста. Цело време повраќам, И вода да се напијам имам нагони. Вие како се справувате со мачнините?
Сега гледам како сум го зашлакала прашањево во погршна тема. Проштевајте збунета сум била Инаку за да не сум надвор од темата повторно, после 2 месеци.
Здраво феминки, еве ме и мене во трето тромесечие со 28+1 Сакав да прашам, дали на некоја од вас и се случило да има гадење во 7ми месец? Јас цела бременост немав никакво гадење, лесна бременост имам ама последниве недела дена ми се гади. Некоја да сподели искуство?
da jas. Povrakjav do 14 nedela i posle smiren period i od 6 mesec na kraj pocetok 7mi pocnac pak od odredena hrana eve posedno povrakjav pred 10 dena od salata jadev cveklo, morkov, martula i pcenka i na pola jadenje mi se slosi celo popladne povrakjav... prethodno isto od kebapcinja mi se sluci na sred rucek vo kafana stanav i brzo u wc.... i isto od kiselini mng imav vo 7 mesec okolu 8-10 dena sekoj den i mi se slucuvase da povratam od niv
Девојки ај мала помош. Некоја случајно да не имала искуство со мачниниве. Абре жени ништо не можам да јадам попладне, ништо, а мртва гладна сум. Нешто што ви помогнало. Јас се мислам дека желудников ми се расипа. Б6 не ме смирува веќе. Пробав ѓумбир, само полошо ми е. Што и да пробам исто е се. Шо знам нешо да помогне??? Страв ме фаќа веќе. Друго ништо не осеќам посебно, исто ко да не сум трудна, како се осеќате вие? Не можам да издржам до четврток, саативе ги бројам. Само се да е ок. Ова лошење мн ме плаши. И тоа што некако не се осеќам трудно. Може е рано хаха...ама прво бебе е па сум збунка.
Koja nedela si? I jas imam mnogu macnini samo na ovosje sum I to a edvaj a osekam glad a mi se gadi mnogu ke pomine uste malku ke izdrzime...slatki maki
12+3 збеснав више...салати овошје не бе немам шанси да помирисам. Збеснав више, дома напнуваат мораш да јадеш, а јадна ја мака имам. Не очекував дека до волку може на некој да му е лошо. Леле само да не се сите 9 месеци, јас само надоле идам со килажа. Стварно више страв ме фаќа. АЈ нека дојде четврток.
Мене ништо не ми помагаше, само знам дека кога малку се смирија, се плашев дали се е во ред, па си ги барав назад. Ќе си потрпиш и ќе помини. Јас дури после 16та недела станав како нов човек и одлично се осеќам.
Period ti e, ke pomine. Gledaj bidi na lesna hrana, tecnosti, bistri sokcinja.. Mora da izdrzis, toa e, site pominuvaat niz istoto Odmaraj, gledaj nesto sto te relaksira, komedii.. i nema pricina za strav. Toa malecko dusice sega e samo 50mm vo prosek, sto moze da pocustvuvas..rano ti e za kloci i mrdanje, strpi se, sega se custvuvaat samo macninite Eve ti edno linkce za sekoja nedela da citkas sto se slucuva i sto ke custvuvas, mene mnogu ubavo mi dojde. Duri i zaedno so soprugot kako poseben nastan ni e, taman ke vlezam vo nova nedela, sveceno togas za prv pat otvaarame da vidime kolku e porasnoto, kako izgleda, sto da ocekuvame.. http://acibademsistinababy.mk/bremenost-po-nedeli/16-bremenost/bremenost-po-nedeli/138-12-nedela
Многу ти е лошо, а не се осеќаш трудно?, па лошењето е најголем симптом за бременост... како инаку би се осеќала трудно? Ај да речеше немам никаков симптом, нит ми се лоши, не се осеќам трудно ке те разбревме Инаку нема спас од тие мачнини, јас првата бременост ептен лошо си поминав до крај со мачнини... може само после 12та недела да се намалат и да ги снема, која недела си ти?
Уффф, дај боже женски. Бебчо пред се...само за тоа живеам сега. @mariz 12+3 па да смешно звучи, али коа си лаик и не знаеш дали вака треба...све си мислам ете го расипав желудников.
@Цвет88 Исто и јас бев таква, желудникот ме болеше за јадење, а мене ми се лоше кога ќе помислев на храна, ослабев 2-3 кг. Јадев повеќе грицки, солени работи, двопек, демек од нив нема да имам мачнини, ама пак имаше. Патронажните па ми кажаа повеќе течности да пијам против мачнини. Период е, ќе мине. Јас утре во 15 нед. влегувам и почна да ми се враќа апетитот, дури и многу јадам на моменти, се плашам да не се поправам многу.