Здраво девојки, дали можетр да ми кажете искуства отприлика кога ви престанаа мачнините? Јас сум 12+1, имав минатата недела неколку добри денови и мислев готово престана, но последниве два дена пак по цел ден ми се гади и ми е мачно. Не повратив до сега воопшто но цело време сум како на работ на повраќање и ми е мачно. Има ли крај за брзо време?
Zavisi ,se e individualno,Jas licno so prvata I vtorata bremenost povrakav cela bremenost,poseldnoto tromesecie po ednas vo denot ,a private dve tromesecija od malku povrakav.E sega so tretava bremenost e malku podrugo,na pocetokot imav macnini I povrakav ama retko,sega sum 32 nedela I od 27 nedela nemozam da se smiram ,povrakam sabajle,vecer,vo son SE budam I povrakam , imam mnogu kiselini,pazam sto jadam I mislam deka od SE me faka kiselina,i kako poseldica na toa,povrakam. Zatoa pisav deka e individualno do koga I dali ke se povlecat macninite I povrakanjeto.
Кај сите е различно, нема правила. Мене во првата бременост ми траеа до 17 недела, а во втората до 22-ра не повраќав, ама по цел ден ми се лошеше
После пеколни 3 и кусур месеци конечно престанаа мачнините и повраќањата и бев некои 3 недели раат и еве ме сега влегувам во 20та недела и цел ден гадење, како во грло да ми стои, грутка, ко тесто некое да имам! Повратив два пати (присилно) и беа жолтила, значи се осеќам ко грлово да ми е полно со шлајмови што ми доаѓа да ги исповратам. И секако, навечер ми е полошо. Што е сега ова, зошто пак?
Што јадеше? Мене ми се деси вака, исто во 18та после 3 медеци цедење од повеаќање, и тоа ненормално повраќав. И ден денес не знам што ми се деси тогаш. И толку од утрето пак ништо немав.
Nema pravilo koga i kako se javuvaat macnite i povrakanjeto. Jas na pocetokot samo gadenje imav i retko povrakav,posle 26 nedela povrakam mnogu,I nema red,nautro,napladne,ama naj loso mi e od 23h pa do 3h posle polnok,mnogu povrakam,kiselini ,pijam antimetil,ama gabe.Toa e ,ke pomine,se ke zaboravime koga ke SE izlesnime.
Ништо посебно што би ми сметало мислам, од вчера вечерта почна полека, постепено, па се будев ноќта 3-4 пати со огромни болки во грло, пресушено и болно мислев дека се разболувам и затоа викам се осеќам ко да имам заглавено топки шлајмови во грло што ми прават да ми се повраќа и утрово повратив жолтила не можев да трпам веќе, и денес цел ден така така, а сега како се стемнува пак почнува да се зајачува. Грло веќе не ме боли така да појма немам дали настинувам или ме болеше од сув воздух. Не знам, ништо посебно што би ме иритирало не јадев, помфрит домашен, врап со зеленчук, банана, јаболка, чај, супа… не сум приметила сега периодов кога ми е подобро да ми смета некоја храна конкретно. Затоа сум баш зачудена и исплашена ама ајде се надевам нема да трае. Со лесно им се чудам и восхитувам на некои другарки што буквално ни еден симптом немаат
Здраво женски. Ме интересира вие што имавте мачнини во текот на бременоста или деноноќно во првите три месеци, одевте ли на работа, и ако да - како преживувавте? Јас сум 5+ 3 недела и немам симптоми за повраќање само може малку да му се гади некој период од денов но се си јадам сега за сега- дај боже да не стане полошо. Друго би сакала некоја да одговори што родила- дали има вистина во тоа ако немаш гадење, повраќање носиш машко и обратно ако имаш носиш женско? Има ли некаква вистина во ова? Се некои такви видеа на интернет ми искачаат па почнав да верувам. Поздрав
Odev na rabota do 5-ti mesec,imav gadenje ama povrakav retko I toa navecer,odev samo prva smena ,vtora I treta ne,imav Podrska od kolegite,ispagav koga morav ,Bez problem. A sto SE odnesuva do drugoto prasanje,eve ova mi e treta bremenost so devojce,a vo prvata I vtorata bremenost od pocetok do kraj povrakav,znaci na samiot cin na raganje,povrakav,prvoto e devojce,vtoroto e masko,taka da ,za mene toa se babini devetini,sega tvoe e vo sto ke veruvas,bitno e da e se vo red
Јас бев на патолошка три ипол месеци бидејќи повраќав по 10 пати на ден. Немаше никаква шанса да работам, не можев да станам од кревет ниту заби да измијам. Да ти одговорам на второто прашање - носам машко така да не држи вода теоријата