Мачнини во текот на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Bela-30, 3 октомври 2014.

  1. AniSk

    AniSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Исто сум 6+ и истово со гадење ужас. И првс бременост исто и сега исто, барем да повратев можеби ке биде полесно . Баш безврска период.
     
  2. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    903
    Пол:
    Женски
    Мене малку ми помагаат АНТИ МЕТИЛ на природна база на ѓумбир се, пијат се два пати дневно, плус јади по малку бадеми и крекери, и во едно шише 1.5 l вода исцеди еден лимон и пиј.
     
    На Yuki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yuki

    Yuki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Фала многу Мила, ќе се обидам со се'. Инаку, јас имам некои капки на природна база на ѓумбир Наусолвит.
     
  4. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    903
    Пол:
    Женски
    Еве овие ги користам, мене ми ги смирува, дај боже да ти помогнат :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Yuki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yuki

    Yuki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Еве јас ги купив и апчињата што ми ги препорачаа и лимон и вода и немам ни 1% подобрување. Околу 15-16 часот мислам го достигнува врвот (не знам зошто) и се држам буквално на конец. А бев буквално многу активен човек, ова мене ми е шок. И навистина овој форум ми нуди олеснување кога читам реални луѓе, на Инстаграм и секаде се' е сјајно и бајно и човек често се прашував дали е можно само јас да се чувствувам вака. Фала за одговорот. Јас освен издржување не гледам друго решение. А, еве, ти плус си втора бременост и имаш искуство и од прва дека не поминува туку-така.
     
    На Tammm и AniSk им се допаѓа ова.
  6. AniSk

    AniSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Da taka e, ista sum i jas macnini, bez energija, uzas. Ke pomine za nekoja nedela valjda ❤️
     
    На Yuki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    610
    Енергијата ќе ти се врати, во првата бременост првиот триместар мислам дека буквално го преспав, ама од втор веќе не застанав се до крај. А сега пак сум бремена (6та недела), и бременост и тодлер е неопислива комбинација :whew: мачнини немав во првата, сега имам, енергија 0, па се надевам се ќе се подобри во втор.
     
    На Yuki и AniSk им се допаѓа ова.
  8. Yuki

    Yuki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Овие мачнини и плус дете, (можам да замислам колку е потешко) значи жените се битија од друг свет дефинитивно. Фала многу за охрабрувањето, многу ми значи. Мене дека ми е прва бременост, на почетокот ме нервираше дури и самата помисла дека од вртоглавици ни правосмукалка во раце не можам да фатам, ама сега си викам само нека расте и нека е живо и здраво, па сопругот е тука за се' друго.
     
    На Tammm, AniSk и Larea им се допаѓа ова.
  9. Simona1996@

    Simona1996@ Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки ве молам за помош. Од средата па наваму повраќам постојано после секој оброк и од десната страна на грлото и градите чуствувам како болка како цела храна да ми е застаната тука. Здивот ми се зема на моменти од ништо не стивнува само кога ќе повратам малку ми се олеснува. Инаку сум 16 недела од денеска и имав добри 3 недели кога ми беше супер и не повраќав, па сега се чудам што е ова. Среда сум на гинеколог па ќе ја прашам обавезно што е ова зоштп стварно ме плаши. Ве молам ако некој имал вакво искуство нека сподели. Поздрав.
     
  10. TweetyBird

    TweetyBird Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ве молам за совет. Со повраќање сум од 5та недела и ништо не јадам, а сега сум 10. Дали кога повраќате од напон ви се случува да пуштите урина во гаќи и да имате блага болка во долен дел на стомак? Претпоставувам дека е од притисокот и нема простор за паника...
    Воедно, предложете ве молам што јадите полесно поприфатливо, оти не ми се јаде ништо..Фалаа ви
     
  11. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е нормално. И мене ми се случуваше еднаш, два пати од напон да ми се испушти малку... ако можеш да исконтролираш, прво оди во вц набрзина, пред да почне повраќањето. Макар што ништо страшно, ќе се истушираш и преслечеш и да се деси тоа. Не се секирај.
    А за болките во стомак исто ги осеќав и јас, особено кога повеќе ќе напнував. После тоа легни, одмори, би требало да се смири. Мене ми поминуваше со одмор.

    А за храна... уф, искрено тешко прашање. Зависи мислам од човек до човек, ама генерално мислам поприфатливи се полебести работи, бар мене така ми беше. Леб со јогурт јадев често, ѓеврек, празна лисната кифла, леб со кашкавал, леблебии, крекери, гризини. И мислам добро е покрај кревет да си оставиш нешто - крекери, гризини, дури и кифла - јас наутро се будев прегладнета и ако не каснев пред да станам од кревет, ме тераше на повраќање. И после почнав уште во кревет да каснувам неколку залачиња, поокеј ми беше. Јас исто можев да јадам варени јајца, па често варев и тоа. Овошје да не речам ич не можев, особено банана - одма ме тераше на повраќање. Мислам единствено кисели јаболка можев да јадам. Види ако можеш да процениш што ти смета, што ти е поприфатливо. Не функционира секогаш. Некогаш ми се случуваше нешто што сум го јадела вчера, денес да не можам да го јадам. Имаше и денови кога ништо не можев да јадам, ќе каснев залче две, па повраќав... Нема баш правила |-)
    Шмукање лимон исто ми помагаше некогаш кога ќе почнев да осеќам гадење. Ако повратев, после повраќање шмукањето лимон ме накреваше :D
    Исто не знам дали си пробала со ментол бонбони, некогаш ми го смируваа лошењето и дури ми отвараа апетит (не знам дали вистина беше така или во главата си го измислив ова :D) Имав земено од ДМ јас, без шеќер. Еднаш зедов со шеќер, исто од ДМ, ама сè си мислам ради шеќерот, ми правеа неубаво да се осеќам, дури и полошо. Општо благи работи не ми поднесуваше организмот воопшто.
    Не е пријатно, знам, ама најбитно е со бебенцата да е сè во ред, па мачниниве и повраќањето ќе ги издржиме :hug:
     
    На TweetyBird и Lady Leona им се допаѓа ова.
  12. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    884
    имав и јас гадење и повраќање првите месеци, волја за живот немав :D а бев на цеден сок од портокал и зелени јаболка и на бели пецива (геврече,кифла и сл) чат пат по некоја макарона,шпагети.. пробувај што можеш да јадеш ќе ти помине за уште некоја недела период е.
     
    На TweetyBird му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Evidence10

    Evidence10 Нов член

    Се зачлени на:
    29 март 2025
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Офф знам како ти е... Ми се случуваше да испуштам и тоа не по малку. Па додека смениш долен веш, пиџами, додека се истуширав ќе се расонев. Јас имав вечерни мачнини, од сон станував да повраќам. Сето тоа траеше до полна 14 недела.
    Јас јадев само пецива, празни. Ѓеврек, кроасан празен, двопек и јаболка. Бидејки и водата обична ми беше блага и ми се гадеше, и сега не можам да ја пијам, 17 недела сум, пијам газирана и многу ми помагаше со мачнините. Кока-кола, знам дека не е опција но многу ми помагаше. Двопек, крекери, соленки насабајле уште кога си во кревет, пробај да не остануваш гладна многу време, тоа ги влошува мачнините. Многу препораки има да се јадат банани и да се пие ладно млеко, мене лично бананата ми ствараше таква киселина и тешко на желудникот, одма по јадењето повраќав. И од млекото повраќав.
    Само позитивно, уште некоја недела и ќе поминат. Наеднаш ги снемува, и ти се враќа енергијата.
    Јас само приметив дека мене жешкото ми смета, денеска беше многу жешко, бев излезена и кога се вратив дома имав мачнина.
     
    На TweetyBird му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    5.517
    искрено не помага нишо, мора да издржиш, поминува после некое време кај мене двете бремености траеше до 15-16та недела негде. за јадење јас јадев само ѓеврек и пиев швепс тоа ми помагаше ништо друго
     
    На TweetyBird му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Дали му се има на некој случено во 6 7 месец сум веќе да остане без апетит да му се гади од се и да биде пак како во првите месеци да му се повраќа .Бев на доктор не сум во мк
     
  16. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    1.167
    Пол:
    Женски
    Da cela bremenost imav macnini site meseci ne samo prvite
     
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    19.330
    Пол:
    Женски
    Случајно ми се отвори темава, да не ве цитирам сите со мачнини пијте насабајле по едно б6 апче да ви го смири желудникот. Јас на инфузии завршував до 4ти месец од што водата ја повраќав, дехидрирана бев цела.
    Ми помагаше многу вода со лимон, нане и ѓумбир од вечер во фрижидер и утредента да ја пијам.
    Бирајте полесна храна.