Јас ќe пишував... Ми се гади дури когс се мијам заби наутро.. Од четката.. Не знам што ќе беше... Немав мака со вакви нагони.. А сум 33+3...киселини имам од месеници, од млсд кромид... Ама до вакво гадење не знам.. Утрово само бисквити неколку каснав и ништо друго...
pomos majki,8 nedela mi se gadi mi se losi nisto ne jadam .Edvaj jabolko ili nekoe zalce odvratno mi e se
Јас повраќав од 6 недела. Абе се исцедив. Ни вода, ни бутур. Храна никаква со очи не можев да видам. Еве сега од утре влегувам во 4 месец, последниве 3 дена не повракам само. Не дека не ми е лошо и мачно, ама многу сум подобро. Гледам да не се прејадувам, или тешка храна да јадам. Насабајле леб со ајран. На ручек супа...и после некој помфрит нешо така чисто без мешање вкусови. И искрено се надевам дека веќе помина најстрашното. Иначе крвната слика ми е супер.
Јас имав страшно гадење од четка и паста цела бременост. Не повраќав и не ми се гадеше се до моментот кога требаше да се мијам заби е тоа ми беше измачување огоромно. После миењето 10 минути на прозор бев со повраќање и нагони. Бррр..
Не се миј ако ти е лошо т.е избегавај. Не мора за едно миење да се напињаш секогаш. Јас знам како е. Потоа се ке се среди во поголемите месеци
Ќе прашаш лекар. Има апчиња што смееш да пиеш при ваква екстремна состојба. И не се плаши. Се ќе помине ога ќе влезеш во 5 ти месец како преку ноќ. Тешко е знам навистина е тешко но тоа е само минијатурен дел од целиот свет наречен мајчинство. Очигледно тешко ти го прифаќа организмот страното тело. Ама ќе помине..
Јас сега кога влегов во 5ти месец, почнав и да повраќам и откако ќе повратам губам апетит и една недела ништо не можам да јадам, цело време сум со гадење и нагони за повраќање. А таман мислев поминаа мачнините од првото тромесечие, ама ете не морало да значи
Првата бременост бев таква, до крај за жал... се цедев насабајле прво жолтила и после во текот на денот се што јадев повраќав, само имав апетит јас.. па си јадев и си повраќав а еве ме сега 9+5 сосема различна бременост... баш како што ми рече некоја од тука веќе организмот поминал низ една ваква фаза и сега полесно ја поднесува пак. Е приметив само краставица во секоја форма (кисела, свежа) не ми ја поднесува организмот и се истурив од повраќање тие три пати кога јадев. Еве завчера скроз заборавив и кај мајка ми салата со павлака краставички јадев.. абе дома се изгушкав со шољата...
Јас само шо влегов во 6та недела, прво ми беше мноуг лошо гладна кога бев, после ми стана лошо и од јадење, па јадев со сила со нагони за повраќање...следно ми се врати апетитот па ми се гадеше во движење и така. Последно бев супер 2 недели како нова и наеднаш ми се слоши повраќав па пак изгубив апетит и се така во кург...
Со првото 6+ од сам старт. А со второво еве уште ги нема тие страшни мачнини 9+5 сум... тешко ми е чат пат, ама не е тоа тоа како со првото, не ги рачунам за мачнини
мене ме фаќа некоја блага нелагодност околу 12-14ч. Вода кога ќе се напијам сабајле и толку. Знам рано ми е, ама да знам што да очекувам и кога. Може па ксметлија ќе сум и ќе минам без нив.
5-6 недела. Мене ми каснеше 2 недели кога за прв пат почувствував мачнини и нагон за повраќање и веднаш направив тест за бременост, многу нередовна менст. имав и затоа не се замарав. Првиот пат мислев дека ми е од храна, ама веќе наредното утро пак ми се слоши и си викам не ќе да е од храна.
Дај боже! Е и мене тешко ми беше сабајле еутирокс кога ке се напиев (од водата) ми доаѓаа нагони и најдов решение.. го пијам рано 5,6 и пак спијам до кај 7,8 некако вода на празен желудник не ми прија... ама вака чаша вода од вечерта до мене, голтам апчето и одма на спиење пак хаха
Прашав, тоа ти е ми вика, б6 витамин, и ќе повраќаш јадела не јадела, крвна слика е супер така да нема место за грижи.
Ете за жал прав совет не можеш да имаш. Секаде е различно. Јас немав повраќања и гадења. Гадења скоро па воопшто повраќања немав. Но бев пак многу уморна и ми се спиеше постојано. Кукле обично почнуваат после 6 та недела. @kukla21 да не се реадиктирам може нема да прочиташ. Не мора да значи дека ќе ти се лоши и ќе повраќаш. Немој да си ставиш во глава дека треба. Бидејки јас немав ништо од тоа да знаеш.
Јас толку имам фобија од гадење и поврaќање, толку лошо го поднесвам ова, со стерс, со тресење, шо мислам дека ќе размислам за второ. Само да ми е ова живо и здраво. А тебе браво за храброста, јас ич ја немам