Последните утра или во текот на денот имам нагони за поврќање. Не знам ни самата како да објаснам. А вчера срцева рекација уште немаше. Според ехо сум некаде 6+3
Три родив и уште терминиве со неделите дали било петта или шеста не ми е јасно Тековна шеста би било тоа. @kukla21 А @duffi честитки и до тебе не сум знаела дека си во клубот на блажените со лесно мила! Чекај за срценцето, после осма ги слушав и јас
Јас кога кажам 6 недела мислам на 6 полни. Еве сега кажувам дека сум 15 недела, а уствари имам 15 полни, 16 терам. Секој различно си го тумаче тоа.
Од 6 плус доаѓа гадење но индивидуално е некаде и 5 плус. И да немаш гадење нормално е. Јас и дани воопшто немавме такви симптоми.
Се сеќавам дека споредувавме симптоми односно недостаток на истите цело време . Инаку точно било дека секоја бременост е посебна, дури и кај иста родилка. Со првото почнаа некаде од 6-7, и водата ја повраќав. Втората мака немав, дури во мисла бев и паника оти немам лошење. Сите ми викаа радувај се, јас не бре, никако да опуштев, ќе се радував да ми се слошеше . Си барав симптоми со сила .
Дека рече прашуваш за да знаеш шо да очекуваш...е па тука тешко дека ќе знаеш... и јас најмногу мразам кога немам контрола врз нешто, ама со бременоста е баш така. И сега си очекував да бидам супер во второ тромесечие, па ете баш сега во второто прв пат повраќав во цела бременост.
Со тек на време ќе расте нивото на хормоните и самиот организам ќе реагира на таа промена. Јас со сите три различно гадење имав, но од 8-9 недела имав, првиот пат од мириси на кафе и парфеми, втората бременост пак ми беше цело време со повраќање и низок притисок па на кафе и кока кола живеев а за третово чак и сум заборавила што како
Не барај симптоми како што кажа дани. Може да имаш тешки нус појави а можно е и да немаш никакви. Не се преоптеретувај со тоа.
Срцка јас немав мачнини ни еднаш и ниту еднаш не повратив, а еве ја ситнам 18. Се навдевам ќе имаш како мојава бременост во смисла на мачнини, гадење и блоки во гради - односно никакви . имав една недела кога имав помалку апетит, ама едноставно не ми се јадеше.
Јас после 4-5 дена пауза, еве пак 3 дена со повраќање. Мачнини имам секој ден, ама веќе не е исто како предходно. Најстрашното го поминав мислам, сега ова ми е песна, бар функционирам нормално. Ајде кај сите ќе помине, едноставно така треба.
Јас од позитивен тест до 15 недела некаде неможев да пијам кафе, душава не ми сакаше, дури и миризбата ми сметаше, но после 15 недела еве до сега си пијам по едно на сабајле на гладно најубаво ми е.
Индивидуално е кукле Може денес нема да сакаш а утре ќе сакаш и обратно. Ќе си видиш самата Јас на пример се гадев од паста и четка за заби а ставам насабајле едвај се измивам и трчам на прозор едно 10 минути или повраќам или само нагони Тоа беше ужасно Единствено од тоа ижав мака се до 5 месец мислам.
И мене ми сметаше на почетокот, не можев да го помирисам, веќе таму околу 14-15 недела почнав да пијам. Сега дури и душата ми сака кафе.