1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машина за шиење облека

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Pala4inka, 25 март 2012.

  1. Pala4inka

    Pala4inka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    9
    Веќе подолго време сакам да си купам машина за шиење облека за дома, затоа што уживам да шијам, но до сега тоа го правев рачно... Кога почнав да разгледувам на огласите на Пазар 3 и Реклама 5 се сретнав со многу марки и различни цени. :?: :sweat:
    Според вас која е најквалитетна и најдобра марка на машина за шиење... Багат (Вишна, Јадранка 1, Даница,Ружа степ), Шингер, Супер славица, Унион, Олимпиа... и др.?

    Ве молам за мислење! :)
     
  2. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Јас не се разбирам ни од машини ни од марки на машини за шиење.Ама,ние имаме една дома од постарите модели,уште од младоста на мјка ми (некаде пред 20 години најверојатно е купена) па малку не зафркава треба да се подмачкува,и зарѓана е ,се скина кабелот кај што врти кругот,па дека,гледам си пишала дека си гледала по пазар3 и реклам5 кога веќе планираш да купиш на старо нека не бидат оние старите модели,купи си некоја понова од овие помодерниве да не си кинеш живци па да ти се одмили шиењето.Или барем да е добро зачувана! :)
     
    На smilleyy и Pala4inka им се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    И јас сакам машина за шиење. Ме интересира дали некој имал од Топ Шоп, онаа што се става на маса. Вака изгледа лесна и практична за користење. :)
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    34.163
    Пол:
    Женски
    Јас имам Brother машина за шиење и сум презадоволна. Ја купив пред неколку години. :)
     
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Имам Сингер и Багат.
    Презадоволна сум од двете. Со оглед на то и дека ми се оставени во наследство xD.
    Сингерицата е од прабаба ми, и ги има 70 и кусур години и сеуште шие супер.
    Багатот ми е врсник ако не и постар од мене и и тој е супер...Башкатоа секаде по мене го влечам.
    Сега сакам да земам и Сингер оверлок, ама ќе видиме :)
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ние имаме Багат - ружа степ и после 30-тина години одлично служи.
    Нормално, бара одржување, подмачукување на неколку години, зацврстување евентуално,ама до сега друг проблем не сме имале. Машината е одлична, воопшто не е комплицирана за работа.
    Овие модетните,што ги рекламираат, дигитални, лесни, пластични, не ги препорачувам. Пропала инвестиција се, се расипуваат за 3-4 години, а и самата површина и нивниот размер го ограничува работењето.

    Да ги прашаш било кој од постарите генрации, без двоумење ќе ти кажат дека на Багат машините се најдобри, а и нешто да и се случи имаат овластен сервис во Скопје, со оригинал делови. Затоа и највисока цена држат овие машини.
     
    На Pala4inka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    А знаете каде може да се поправи Сингер машина за шиење облека? Имам една од пред 20 години, али не работи. А каква е таа машина од Топшоп? Може некој да ми објасни или линк да ми дадете???
     
  8. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Јас не се разбирам ни од машини ни од марки на машини за шиење.
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    [​IMG]

    Јас имам ваква, веќе 10 години и многу сум задоволна. Неодамна ми се појави еден мал проблем, а тоа беше само еден штраф кој :!: од фабрика не бил среден како што треба и се скрши. Друго немам чепнато воопшто ништо, освен менување на игли и подмачкување :D .
    Искрено е многу квалитетна, зашто се во неа е метал. Мајсторот кога ја виде, се изненади во каква состојба е и по толку години.
    Машината си има куферче и можеш да си ја шеташ каде што сакаш, си има ситни вообичаени стопици за работа (фабрички) што не мора да ги купуваш, потоа си има опција за везење... што е најнеопходно за домашна употреба. Се на се, Багат Вишна ти е една убава опција на машина.

    За другите, најновите видови, не би те поддржала многу -многу, иако ти најдобро си знаеш. Сигурно не сите, но повеќето делови им се пластични, кои или ќе ги најдеш или не, а машината потоа ќе ја фрлиш. Сепак размисли си :) .
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    А, колку се движат цените на ваквите машини кои се подвижни?
     
  11. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    и јас имам машина на (багат вишна) се вика ,и сум пре пре задоволна како што кажавте погоре само игли сменвам и подмачкување ,многу сум задоволна а стара е многу кај мене е само 10 години,а моите ми ја купија на старо ,и е пренослива шијам од мои 15 ,16 години,машината има и за везење ,кога ке ја сликам ке ставам слика да ја видите ,препорачувам сите што се за купување да си купат на багат оти за нив се уште постојат сервисери доколку нешто се расипи иако тоа се случува многу ретко ;)
     
  12. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    194
    Татко ми е мајстор за шивачки машини и воопшто не ги препорачува тие машини од Топ Шоп зошто нема делови за нив,додека сите други Багат,сингер... се наогаат делови за нив и многу лесно се поправат а и тие се ставаат на маса не мора да имаат сандак,туку имаат капак само и каде сакаш таму ја носеш
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    ај некоја ако продава машина ѕа шиење нека каже откупувам обожавам многу да шијам
     
  14. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    имам дома машина ама незнам да работа со неа.. кога и да ми треба нешто мајками е тука :D
     
  15. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    и јас имам дома машина порано нонстоп си шиев и за мене и за други многу лесно си научив за купувањето немав проблем и да ми беше големо ќе го прешиев,ама ми се расипа тоа кај што се става конецот како кругче е железно и се умотува конецот таму ми фали делче без тоа делче неможе конецот убаво да шие ми ја расцепува малку облеката и така ја оставив не го купив тоа делче незнам ни каде треба да купам
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    И јас имам, ама се мама си работи на неа лат пат нешто ситно.
    А пак мајката на дечко ми ми шие кога ми треба нешто.
    Јас не сум си којзнае колку експертна во таа област,ама мн. ме влече да научам, барем поедноставни работи да знам.
     
    На Macushkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
  18. Champs.Elysees

    Champs.Elysees Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    117
    Јас продавам машина за шиење, доколку е некој заинтересиран нека ми пише ЛП. :)
     
  19. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    7.266
    Пол:
    Женски
    Па кажи каква е :)
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    ^ Супер е! Функционира најнормално. Мала е, практична а екстра корисна! :)
    Мало проблемче имавме со конците додека се научиме како се ставаат/вадат ама добро..
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.