Имам. Порано ја мачев мајками за све и свашта, но откако и прекипа ја земав работата во свои раце и почнав да експериментирам и да си шијам интересни фустанчиња, да си теснам фармерчиња, да преправам стари блузи иии ........................ Не е воопшто тешко кога имаш љубов и воља кон нешто!!
Гледам по туторијаливе има од оние малечките преносни во различни бои. Од каде можам да набавам некоја помала и која им е цената? Баба ми има стара, од оние што се поврзани со маса со се.
јас и моето ново хоби шиење Мм ме изненади , ми пораЧал машина Јас поЧетник ,појма немам конците како се местат нит ништо ама желбата е битна Чекав недела дена така додека да дојде некој да ми покаже како што се користи ! И сега за сеа имам неколку лигавЧиња за керками направено , не се којзнае колку убаво направени ама се вежбам Ке поставам слика кога ке имам нешто ново сошиено Ме интересира од каде наогате модели за шиење ? По веснициве има убави работи кои ми се допагаат , ама ми треба поубаво објаснување да знам како да сошијам ....
Ајде да ја активирам малку темава. Сакам машина за шиење да си купам, онака за ситни поправки и интервенции. Да не биде како старите цела маса, туку по малецка. Дали знаете дали ќе најдам до кај 3000 денари онака да биде ок, со основните функции, не мора да има којзнае што на неа. Да биде нова. Инаку појма немам од шиење, незнам ни раб, ама тоа е втор проблем, прво машина, па валда не сум толку антиталент..
До 3000 денари обично се оние најмалите машини, ама јас воопшто не сум задоволна. Имам една таква дома, ја купвме околу таа цена. За да порабиш некое крпче од тенок материјал навистина врши работа, ама раб на пример на панталони или било каков покрут, подебел материјал од оној кај кујнските крпи - нема шанси. Заглавува, се закочува, ми го собира материјалот, многу ми одеше на живци и ја пензионирав одамна. Многу е слатка на изглед, како играчка е и си ја чувам. Би сакала ако некогаш имам ќерка, да ја научам да шие на неа, ќе се најде. За 5000 денари се наоѓаат многу подобри машини за шиење, средни се, не се од оние најмалите кои се најчесто 3000 или нешто плус-минус. Можеш буквално да ја поставиш на маса, да си завршиш работа и пак да си ја спакуваш. Навистина кога би бирала пак, повторно би се одлучила за ваква машина. Никогаш не знаеш за што ќе ти притреба, а можеби и ќе ти се допадне па ќе се заинтересираш да поднаучиш нешто основно. Јас купив пред две години, не е некој којзнае каков познат бренд, но одлична е и многу ми се најде. Навистина научив солидно да шијам, барем баба ми како веќе докажана шивачка секогаш вели дека сум била одличен ученик.
Здраво. Сакам да побарам ваше мислење во врска со овие три машини. Разликата од една до друга е тоа што втората има електронско подесување на конецот а третата има опција за шиење со конец за растегливи материјали и е 1400ден поскапа од првите две. Друго се е исто како и кај првата која нема ни електронско подесување ни шиење со растеглив конец. Еве ги:http://set.com.mk/Small-domestic-appliances/Products-for-home-use/Sewing-machines?product_id=67258 втората: http://set.com.mk/Small-domestic-appliances/Products-for-home-use/Sewing-machines?product_id=67260 третата: http://set.com.mk/Small-domestic-appliances/Products-for-home-use/Sewing-machines?product_id=67257. Стварно би ми значело мислење од ваша страна бидејќи јас врска немам на таа тема а знам шијам и сакам да си купам една да ми се наоѓа.
Мила @peperutkaa, Според мое скромно искуство со машините, би те посоветувала за таа поскапата. Како полуискусен шивач би рекла дека баш тие нешта што ги има оваа машина се од многу голема важност. Јас имам стара машина и затоа знам од искуство што значи шиење на растегливи материјали. Без размислување да си ја земеш поскапата. Верувај ми нема да иzгубиш ништо, зашто овие нешта што ги имаат како предност другите две машии, не се ни најмалку со иста тежина, доколку зборуваме за еластични ткаенини. А човек како човек, доволно е само блузичка да се скине и да треба да се зашие, тогаш би сфатила што сакам да tи кажам. Затоа и разликата во парите и не е баш малечка само заради таа опција. Сепак е ова мое скромно гледиште, сама размсили си .
Епа баш тоа и јас мислев. А тоа со растегливото шиење не ми е ногу јасно. Треба друг конец специјално за таков начин шиење или истиот конец се користи а мачината си регулира како да го шие? Извини за глупавото прашање
За шиење на растегливи материјали се употребува обичен конец. Машината си има своја опција за регулирање на конецот при шиење на такви еластични материјали. Дали тоа е некој механизам што се наоѓа долу кај транспортерот (односно запците кои го влечат материјалот долу на плочката под стопицата со иглата) искрено не знам. Но само заради оваа опција вреди да се купи машинава, а и како што гледам не е баш ефтинко за само една опција. Тоа е доволен показател дека вреди за парите . Да си ја купиш мила без размислување .
@peperutkaa моја препорака ти е TOYOTA JFS18. Не зашто е поскапа од другите две, туку затоа што има најдобри перформанси. Соодветна е како за потенки, така и за подебели материјали (затоа и се води како Jeans серија). Ги има сите основни функции неопходни за домашна употреба и е изработена од солидна пластика. Ако, поради цената, не ти влегува во буџетот, следен избор нека ти биде E&R. Тоа што нема опција за електронско подесување на конецот не би требало да ти биде пресудно во изборот, затоа што веќе не си почетник (ако добро разбрав, спомена дека знаеш да шиеш). За работа со растегливи материјали важни се неколку моменти. Најважно е да се одбере соодветната игла. Постојат специјални игли, со соодветно заоблени врвови (едните се викаат strech и другите ballpoint - не им ги знам македонските називи), кои не ја оштетуваат (кинат) ткаенината. Следно е изборот на соодветен шев. Цик-цак шевот е посоодветен за растегливите материјали. Нормално, зависно од дебелината на ткаенината се подесува соодветната ширина и должина на шевот (за тенок материјал - најситно возможно, најчесто 0.5 мм за ширина и 2.5 мм должина. За подебелите, се зголемува должината). Ако преферираш прав шев, се мести должината на 2.5-3мм и многу нежно се растега материјалот од двете страни додека поминуваш со иглата. Важен е и конецот. Синтетичките (најлон) имаат предност во однос на памучните, кога зборуваме за шиење на растегливи материјали. За порабување, убави резултати дава т.н двојна игла. Овој шев одоздола е исто така цик-цак. Накратко е тоа. И секогаш првин, тестирање на пробно парченце.
Фала ви многу, најмногу. Јас побарав и од тетка ми мислење, бидејќи е шнајдерка веќе многу години и таа пак сосем трета ми предложи http://set.com.mk/Small-domestic-appliances/Products-for-home-use/Sewing-machines/TOYOTA-FSR2166315. Така да изборот се стесни на една од двете. Се јавив во Сетек денеска и онаа плавата џинс серијата ја имаат на лагер, а оваа сега што го ставив линкот од неа ја имало само уште во дуќанот во филип 2 стадионот(во другите ја немале) и таа била изложена, немале спакувана. Девојката рече дека е исправна и дека ке ја спакуват ако ја сакам.. Сега незнам има ли врска нештошто стоела таму, немој да им има паднатоили да и фали нешто? Одма почнува црвот да ми работе и ме фаќа нервата.
дома така си ни стоии малце тогаш ко стигна си поигравме ама ако учиш такво школо или ептен ја сакаш работата пробај па види
Здраво девојки, Јас сум во голема дилема Сакам да си купам машина за шиење. Тотален почетник сум, ама желбата е огромна. Уште од мала и упропастував материјали на мајка ми и си шиев сукњи со игла и конец Пред неколку дена исто си сошив глок сукња и испадна супер. Сега се мислам помеѓу Тојота машина http://setec.mk/Small-domestic-appliances/Products-for-home-use/Sewing-machines/TOYOTA-JFS1867257 Или половна Багат Вишња за која прочитав доста пофални зборови. Проблемот е што не знам да ги наместам ни конците, а оваа Тојота има опција за автоматско местење на конци и бобини. Help