Јас сакам да си сошијам блузи. За нешто малце шијам со игла. Па ако успеам може и дуќан да си отворам.
Немам појма кои се овие, ама машина како машина. Треба да тера право. Ако е ова нешто кинеско, може и да е реална цена. Имав играчка машина за дете и тераше право дури не се скрши, оти пластика. И мојата е пластика додуша, метални којзнае дали уште прават, ама повеќе од 10 години ја користам и ретко што може да се расипе. Евентуално нешто да се скрши. Појма немам што бренд е, ја барав најевтината што можев физички да ја видам и да ја проценам дека ќе биде ок. Ако се учиш, за учење било што ќе ти биде доволно. И играчка. Тие скапите сигурно имаат екстра функции, кои како почетник нема да ти требаат ниту ќе знаеш да ги користиш. Оверлок на пример.
Пишува какви карактеристики имаат овие и за што се. Што знаеш може да ти се погоди колку за проба, сепак ти веднаш не би преминала на голема машина без искуство.
Јас и рабови знам да шијам и дупчиња. Сакав да пробам нешто посериозно да видам дали ќе ме биде. Ама како што гледам другиве не би ризикувале. Не знам, во право се до некаде пошто ако не ме биде ќе фрлам пари само. Но, што ако успеам? Не можеш да знаеш додека не се обидеш. И стварно не знам што да правам. Дали може со ваква да пробам да сошијам блуза?
На сликата се гледа дека има можност да шие различни бодови, колку што гледам 10-тина, напред-назад , тоа го има и на мојата Ружа Електроник ( стара преку 40 години, уште ја користам) . Не е скапа , земи пробај.
Си шиела некогаш на машина или не? Како и да е, ако планираш да шиеш купи си нормален бренд, гледам има сингери за 200 евра. Ќе се научиш да шиеш право, да намоташ конец, да смениш игла, и тоа е тоа. Шиењето не е голема филозофија, поголема филозофија е кроењето. Ама ако не ја користиш ќе ти бидат фрлени 10 пати повеќе пари. Размисли си. За шиење блуза, зависи што подразбираш под блуза. Со секаква машина би можела да сошиеш се, ама ако е еластичен материјал ти треба еластичен конец, јас на пример немам некое сјајно искуство со шиење материјали како за маица на кратки. А шијам повеќе од 20 години, и фустани и пантолони се имам изнашиено.
Искрено не знам, јас затоа сакам прво на ваква да се учам. Ако имам мерак и трпение ќе земам поскапа. Одма да дадам 20 000 и повеќе нема шанси.
Значи да објаснам убаво што сакам. На пример ќе видам некоја слика од нет и ми се свиѓа блузата па со купени материјали да ја направам како за мене. Не само дупчиња и рабови да шијам на веќе купени блузи. Тоа го знам. Друго, никогаш не сум го пробала тоа па затоа сакам да знам дали можам. Никогаш не сум шиела на машина. Ама сакам како за мене, а не купени работи.
Оваа од СТОКОМАК е најверојатно на батерии? Ако некој ја видел нека каже. Ќе ти е доволна не толку скапа и не толку марка. Можеш и нешто на старо да најдеш или од странство по 50тина евра од Лидл (такви маркети)
Значи јас не сум се изразила убаво затоа настанало недоразбирањето. Не знаев за кроење и везење. Изгледа шиење обично е друго. Значи сакам да видам дали знам да кројам. Еве најдов на една страна. Има огромни машини. Изгледа не е едноставно како што си замислував. Тешко дека може да дојде ваква машина кај мене дома и да пробам.
Кроење е потешко од шиење. Ако кроиш по шаблон ( едно време во Бурда имаше шаблони ) тогаш тоа не е тешко, ќе си го ставиш шаблонот врз материјалот и со ножички си тераш. Ама без шаблон ( терк) тоа само креатор може или искусна шнајдерка. Мајка ми е таква. 40+ год шие , јас одвај научив само да терам прав раб ( на пример да си скратам панталони). Да стеснам Не знам , тоа има шав во шав и ми иде многу комплицирано. Знам само од стар чаршаф за маса да си скројам куњски крпички и да ги подрабам. Толку
Имам шаблони од бурна на времето, еден за пантолони, еден за сако, неколку модели на фустани. Сеуште се продава бурда ( бар кај мене ) и сигурна сум дека во еден број ги има сите кроеви. Мајка ми ума учено на курс, јас сум самоука /или дома-ука. Нема голема филозофија, само шаблонот ти треба. Додаваш/одземаш како што варираш со килограми и тоа е. Машини за кроење мислам дека се некоја индустриска гачка @Dashing:) јас кројам со ножици
Да, знам. Епа за обично шиење на дупчиња не ти се потребни никакви мерки. Туку по осет шиеш. И го враќаш назад. Да изгледа како ново. Како што реков, може ќе ме биде и за кроење. Пред да пробаш не можеш да знаеш. Ама изгледа нема услови. И моите фантазии пропаѓаат.
Аааа ти збореш за крпење на рака. Со рачна игла и конец. Тоа е друго. Инаку,да. Дур не пробаш да шиеш на машина не можеш да знаеш дали ќе умееш. Ние имавме и конфекција. Мајка ми многу труд вложи за да ме научи. Стално ми велеше дека многу ќе ми се најде да знам да шијам барем основни работи ( блузички , панталони , сукњи..) Али јас никако не успеав да научам. Мене лично многу тешко ми се гледа. И сложено