Мене баба ме научи. Лесно ми одеше. И сега сакам да се обидам со нешто поголемо.Ама некој полесен начин нема.Има огромни машини. Тие и да сакам не можам да ги донесам дома. Овие пак малите не знам дали ќе ми помогнат. Не знам, стварно. Ќе се стрпам да видам понатака што ќе најдам. Ќе истражувам. Освен ако некој искусен не каже. Затоа побарав и тука совет. Иначе и шиењето, кроењето, и везењето се занаети. Ако имаш дарба не е лошо да ги знаеш. Ама и услови треба. Затоа ќе видам понатака.
Мајка ми има и од малите. Некоја фина марка била , од дамна и е купена, и не ја зема баш ефтино. Ама она кажува дека на неа може да шие само тенки материјали и нешто ситно ( летна маичка , блузички за децата). За подебели материјали не ја бивало
Епа добро ќе ја пробам таа. Не сум фан на дуксери. А нормални маици мислиш? Не со ептен тенок материјал скоро проѕирни што се?
Од понеделник ќе ги имаат машините за шиење. Чекај малку ти знаеш да крпиш на рака со конец и игла што секој го знае и бараше скапа машина за шиење без да пробаш да се научиш на некоја евтина. Свашта.
Не ептен тенки , Ама не ни дебели плетенини , штофови, тексас. Исто и жоржет и крепон не можело на таквите.
Нема ништо лошо само логично тебе ти треба нешто мало и евтино за да пробаш и за да се учиш па ако ти оди да продолжиш на нешто скапо. Исто ти доаѓа како ќе купам скапа кола, а не знам да возам па кога ќе научам и ако научам ќе ја возам.
Не е баш по интуиција. Прашај од повозрасните ако имаат книга за шиење/кроење (со додаток шаблони за вез). Тие се од помош ептен, макар што никогаш не научив оти ми беше жал да ги сечам. Не е до мене моментално за да ти сликам. Во прва прилика ти праќам во лп.
Значи ако постојат и книги да почнам од таму. Да побарам низ градов. Може ќе најдам. Немам кого да прашам, за жал. Тоа јас што го знам е основното, веројатно. Колку што тука напишаа. Можеби во постариве библиотеки да има нешто?
Барај српско-хрватски, со шаблони нагласи. Оние покрај кеј што продаваат стари книги посекако ќе сфатат што ти треба.
Ти благодарам. Се надевам ќе најдам нешто. Го решивме со ова пола чаре. Многу ми се свиѓа овој знает. Уште како дете го сакав.
Имам ваква како помалата. Колку за нешто мало да се закрпи или зашие е. Ама, требаат јаки нерви. Може да се закочи. Добра е колку човек да се приучи. @Dashing:) Јас сепак би ти рекла ако ти е мерак да се учиш за блузи и панталони да си собереш пари и да си купиш нормална машина за шиење.
Прати ми слика каква е таа нормална машина? Јас тие што ги гледав се огромни и дома не може. А јас сакам.
@Biljarkata ова помалово викаш ќе заврши работа за "крпење" кај што сум потскинала нешто? Имам две кеси алишта со по некое безвезе дупче, никако до шијачка да отидам. Не да креирам значи, туку да подзакрпам алишта. Ако ти се даваат пари имаш во Сетек машини, за квалитет/користење немам поима што да ти кажам, ама од 6000 нагоре се.
Ете Некстред има искуство, вика дека кочела. Ако кочи, ништо не можеш да напраиш. Се крпи на рака и/или со такви стикери за платно, крпење на машина знам само за штепување фармерки. За дупче не знам машина што би направила
Абе дебела сум, меѓу нозе распарувам сè живо. Баш рамно конците пукаат, на рака и ги шијам кога не ме мрзи. Ова за побрзо... @nextredstyle за така ќе брка работа? И ај како шијачки што е предност на поскапава? Јас не знам никаква да користам, а и немам желба да почнам да сошивам алишта, туку баш за распарано да поправам... Мислам ако повеќе работа би бркала оваа поскапата може и таа, не ми се даваат 6000 за најефтината нова, а за фул голема машина немам место, а ни време и желба да научам да користам...
Аха за така, шиење пукнат раб. Нема разлика меѓу машина и машина, рачунај или работи или не работи. Ако кочи, значи не работи. Башка рачунај, пантолони, разни материјали, треба да сошие саглам раб, не трчи, трчи, прескокнало. Проверив, овде имам Сингер, во мк знам имам Багат. Никогаш не ми кочеле. Се случува на специфични материјали да не можам да го погодам притисокот, па да тутка, ама многу ретко. И не разбрав, каква ви е таа голема машина @CameliaMiller . Сите машини што ги знам се големи колку куќиште од компјутер, работат на струја и толку.Си седи во кутија кога не се користи. Помало евентуално рачно -сега открив имало такви за на пат (за опседнати шнајдерки) Еве од Лидл едно за 10 евра, може и вакво да ти брка работа , големо е колку спајалица. И од Сингер имало вакви.
Индустриските машини се големи и зафаќаат повеќе место,имам таква и на неа можеш да сошиеш се.За домашни услови најдобро е да се најде од оние во пластичен куфер, што се ставаат на маса,исто и тие се на струја.Имам пробано да шијам на овие пластичните и за мене не се добри.
Па на таква голема колку куќиште мислев, а и на старите метални. Немам каде, а и само за подраспарано не ми се даваат пари за толкава машина Може ќе го земам малово, најмачно ми е одење на шнајдерка, оти па и ги нема, или не работат кога јас не работам, ексик