Таа од Стокомак за 1500 би требало да ти заврши работа за рабови или за прикрпување, не ми личи дека е нешто многу габаритна. Малата можно е да се плетка па да кочи. Имам јас и едно време маста и ја извадив, на јутјуб барав туторијали и така доста се поднаучив. Со години ми стои така низ дома машината, темава ме потсети. Има некаде Бурда, се продава уште?
Ја купив поголемата, и тоа трета среќа, Стокомак Карпош, Стокомак Тафталиџе немаа, тек Стокомак Влае имаше ЕДНА останата. Ако некој сака, нека се пушта во акција, или овде нè читаат, или скопјанки удривме на шиење сите
Можеш од Тему, Али, сигурно има огромен избор. Овде, на Бит пазар низ дуќаните за материјали можеш да најдеш. Нема што немаат, од игли до конци и сваштарии за шиење.
Јас ја земав малата, и искрена да бидам врска си немам како да почнам Во упатството некако многу објаснување , конец ваму, конец онаму, гледам како теле Утре ќе ја проучам поубаво, ако ми врши работа за рабови супер ќе биде
Еве сега ќе ја пробувам, конечно седнав Баш ќе споделам импресии, рачунај никогаш во животот не сум пипнала машина за шиење
Ако ја најдеш, како сме и' се пуштиле, во трет Стокомак последната ја земав На стара крпа вчера се учев, а и денес ќе продолжам исто, пред да фатам вистинска облека да скрпам
Ај иој се разбира, купив сингер машина од сетек, супер е само од време на време ми се тутка коневот од доле и не можам да разберам каде грешам
Не сум го стегала штрафчето ама некогаш заглавува а некогаш не. Кога треба да го затегам тоа птрафче а кога да олабавувам?
Конецот во чунакот треба нормално да оди(фати го во рака конецот и види дали се спушта нормално со чунакот надолу или пребрзо се одмотува,ако оде брзо стегни малку ,ако стои разлабави го штрафчето).Незнам дали добро ти објаснив за да ме разбереш,пасата кога ќе ја ставиш во чунакот конецот треба во правец на стрелките од саатот да оди.Пробај и така и така ќе научиш ништо нема да и биде на машината .
Сум пропуштила известувања од темава, сигурно Каме е веќе експерт, честито колешке Конци имаш во Еми во буњаковец, ако немаш откриено досега Бурди, кој прашуваше, негде по трафики ако има, не би знаела искрено.
Немам откриено, уште сум на подзакрпување дупчиња/распарано Ама по пазари не ми се оди искрено, баш ќе одам до Буњаковец, блиску ми е, да видам што се нуди. Бурда ако некој знае каде има супер, а може и tips да напишете за да учам некои едноставни работи да сошијам прво. Иначе машинчево си е океј за вака скроз аматерски