Поздрав до сите Дали некоја од вас има искуство со комбинирана машина марка INDESIT IWDC 7125B? Машиниве беа на акција во Техномаркет во декември. Има повеке модели од различни фирми ама за разлика од другите, овој модел е со поголем капацитет (7кг/5кг), а цената е пониска во однос на другите. Да не е шкљ? Какви машини имате вие и колку сте задоволни од нив, разменете си искуства и совети тука.
Машини за перење и сушење Со оваа марка конкретно не, ама имам комбинирана машина whirpool, веројатно е од 5кг. Тогаш ја купив во некој пакет заедно со шпорет и машина за садови, а немав намера да купам комбинирана машина. Според мене, одделните се подобри. Имаат повеќе простор, па алиштата не ги вадиш изгужвани како од комбинирана машина. Искрено, јас ја користам само за долен веш, и нешто ептен на брзина ако треба да ми се исуши. Сепак, колку-толку брка работа. Имав колешка која исто така имаше комбинирана, и многу беше задоволна. Наводно, се сушела во неа, супер и била. Мислам дека техничката роба е - како ќе ти се погоди. Индесит ми е фрижидерот, и после 5 години се расипа. Тоа беше всушност минатото лето. Го земаа на сервис, го потсредија, ама рекоа дека нема долго да држи - тие фрижидери биле со таква маана, главно имале добри делови, ама некои црева брзо им скапувале, а тогаш треба да се купи нов, не можел да се поправа
Машини за перење и сушење Јас имам одделни машини за перење и сушење од Горење. Купени се 2002ра и за овие години имаат бајаги колометража Буквално се перам и сушам бидејки ми се допаѓа како ми мирисаат алиштата свежо во секое време а и целата прашина што се собира во филтерот, инаку би останала на алиштата. Што се однесува до гужвање, се случува и во одделни кога машината е полна. Се трудам да ставам помали количини и тогаш нема проблем. Освен кошулите, се друго може да се здипли веднаш. Машинава ( INDESIT IWDC 7125B ) сакам да ја купам за подарок на млад брачен пар кој е лимитиран со простор. Цената ми се вклопува во буџетот, ми се допаѓа што е со поголем капацитет, автоматски има поголем барабан = помалку изгужвани алишта. Значи све супер само сакав да слушнам мислење околу перформансите доколку некој има искуство со конкретниот модел.
Машини за перење и сушење Мислам дека комбинирките не се добри затоа што ако се расипе нешто од таа што суши тогаш нема ни да пере и обратно. Одделно мислам дека е поубаво и сета таа електроника не е толку сложена....
Машини за перење и сушење Проблемот најпрво со апаратите за домаќинство е што веќе не се произведуваат во матичната земја и затоа го немаат оној квалитет кој го имале апаратите на времето од нашите родители или пак нивните родители.Индеситот конкретно се демек италијански,ама поголемиот дел се прави во фабричиња низ Кина и др.азиски земји.Се зачудив како и Кончар дел од производството го создава во Турција.Значи кај скоро сите апарати имаме намален век на траење,поевтини суровини,изработени се во др.земји каде се оди повеќе на масовно производство и квантитет,не на врвен квалитет.Затоа и некои делови изгледаат смешни-некои пластичиња бедни користат што и дете би ги скршило со мал напор,зборувам за рачките,преградите и сл.кај апаратите. Во однос на овие комбинирани машини,истото сум го чула дека воглавно се полош избор од оние кои одделно ги вршат овие операции.
Машини за перење и сушење Што се случи со машината за перење и сушење Indesit? дали ја купивте? какво е искуството? јас сега сум заинтересирана за таква машина, па подучете ме нешто. Уште во старт да ви кажам, немам место за посебни машини, значи мора да биде комбинирана. Поздрав до сите
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! Колку сте задоволни од вашата машина за алишта?
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! INDESIT со перење и сушење супер беше 3-4 год. и сеа се расипа и нема мајстоор кој знае да ја поправи
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! Горење од пред сто години, и за едно чудо сеуште е како нова...фала богу
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! Горење, нова ни е донесена, супер си работи !
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! Горење и јас имам ахахаха па досега се немат дома пожалено значи добра е
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! И ние имаме горење, оваа машина ја имаме некои 6-7 години и фала богу ни се нема расипано до сега, ни ништо
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! Горење, стара е можеби околу 15 години и ништо не и фали, во одлична состојба е.
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! Горење WA 50060 многуу бавно пере тоа ме нервира и алиштата ги цеди до последна капка иначе за горење само
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! Јас имам Whirpool, не знам кој модел е точно, со перење и сушење. Ја имаме 6 години, еднаш се расипа - што е очекувано, сите апарати дома по еднаш ми се расипаа. Вројатно некогаш ја полнам повеќе од што треба, многу тропа на центрифуга. Не дека е којзнае што, моите имаат Candy, и има некои опции што мојата ги нема, а корисни се, иако нивната не суши.
Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?! LG сега ја купивме пред еден месец има многу опции на перење и многу е тивка, инаку моите дома имаат gorenje и се презадоволни