1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машини за перење и сушење алишта

Дискусија во 'Дом' започната од Shana, 6 февруари 2011.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Поздрав до сите

    Дали некоја од вас има искуство со комбинирана машина марка INDESIT IWDC 7125B? Машиниве беа на акција во Техномаркет во декември. Има повеке модели од различни фирми ама за разлика од другите, овој модел е со поголем капацитет (7кг/5кг), а цената е пониска во однос на другите. Да не е шкљ? :D
    Какви машини имате вие и колку сте задоволни од нив, разменете си искуства и совети тука.
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.759
    Машини за перење и сушење

    Со оваа марка конкретно не, ама имам комбинирана машина whirpool, веројатно е од 5кг. Тогаш ја купив во некој пакет заедно со шпорет и машина за садови, а немав намера да купам комбинирана машина.
    Според мене, одделните се подобри. Имаат повеќе простор, па алиштата не ги вадиш изгужвани како од комбинирана машина. Искрено, јас ја користам само за долен веш, и нешто ептен на брзина ако треба да ми се исуши.
    Сепак, колку-толку брка работа.
    Имав колешка која исто така имаше комбинирана, и многу беше задоволна. Наводно, се сушела во неа, супер и била.

    Мислам дека техничката роба е - како ќе ти се погоди. Индесит ми е фрижидерот, и после 5 години се расипа. Тоа беше всушност минатото лето. Го земаа на сервис, го потсредија, ама рекоа дека нема долго да држи - тие фрижидери биле со таква маана, главно имале добри делови, ама некои црева брзо им скапувале, а тогаш треба да се купи нов, не можел да се поправа :)
     
    На Elen4e_sonce, Shana и stilas7 им се допаѓа ова.
  3. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Машини за перење и сушење

    Јас имам одделни машини за перење и сушење од Горење. Купени се 2002ра и за овие години имаат бајаги колометража :D Буквално се перам и сушам бидејки ми се допаѓа како ми мирисаат алиштата свежо во секое време а и целата прашина што се собира во филтерот, инаку би останала на алиштата.
    Што се однесува до гужвање, се случува и во одделни кога машината е полна. Се трудам да ставам помали количини и тогаш нема проблем. Освен кошулите, се друго може да се здипли веднаш.
    Машинава ( INDESIT IWDC 7125B ) сакам да ја купам за подарок на млад брачен пар кој е лимитиран со простор. Цената ми се вклопува во буџетот, ми се допаѓа што е со поголем капацитет, автоматски има поголем барабан = помалку изгужвани алишта. Значи све супер само сакав да слушнам мислење околу перформансите доколку некој има искуство со конкретниот модел.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Машини за перење и сушење

    Мислам дека комбинирките не се добри затоа што ако се расипе нешто од таа што суши тогаш нема ни да пере и обратно. Одделно мислам дека е поубаво и сета таа електроника не е толку сложена....
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Машини за перење и сушење

    Проблемот најпрво со апаратите за домаќинство е што веќе не се произведуваат во матичната земја и затоа го немаат оној квалитет кој го имале апаратите на времето од нашите родители или пак нивните родители.Индеситот конкретно се демек италијански,ама поголемиот дел се прави во фабричиња низ Кина и др.азиски земји.Се зачудив како и Кончар дел од производството го создава во Турција.Значи кај скоро сите апарати имаме намален век на траење,поевтини суровини,изработени се во др.земји каде се оди повеќе на масовно производство и квантитет,не на врвен квалитет.Затоа и некои делови изгледаат смешни-некои пластичиња бедни користат што и дете би ги скршило со мал напор,зборувам за рачките,преградите и сл.кај апаратите.
    Во однос на овие комбинирани машини,истото сум го чула дека воглавно се полош избор од оние кои одделно ги вршат овие операции.
     
  6. acikaetf

    acikaetf Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Машини за перење и сушење

    Што се случи со машината за перење и сушење Indesit? дали ја купивте? какво е искуството? јас сега сум заинтересирана за таква машина, па подучете ме нешто. Уште во старт да ви кажам, немам место за посебни машини, значи мора да биде комбинирана.
    Поздрав до сите
     
  7. filli

    filli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    Колку сте задоволни од вашата машина за алишта?
     
  8. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    INDESIT со перење и сушење супер беше 3-4 год. и сеа се расипа и нема мајстоор кој знае да ја поправи
    :(
     
  9. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    Горење од пред сто години, и за едно чудо сеуште е како нова...фала богу
     
    На filli му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    Горење, нова ни е донесена, супер си работи ! :)
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    Горење и јас имам ахахаха :D па досега се немат дома пожалено значи добра е :)
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    И ние имаме горење, оваа машина ја имаме некои 6-7 години и фала богу ни се нема расипано до сега, ни ништо :)
     
  13. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    и кај нас Горење
     
  14. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    Горење, стара е можеби околу 15 години и ништо не и фали, во одлична состојба е.
     
  15. filli

    filli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    4
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    Дали досега имал некој GORENJE WA61061 ?
     
  16. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    Горење!
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.813
    Пол:
    Женски
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    Горење WA 50060 :P многуу бавно пере тоа ме нервира и алиштата ги цеди до последна капка |( иначе за горење само :clap: :bow:
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.759
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    Јас имам Whirpool, не знам кој модел е точно, со перење и сушење.

    Ја имаме 6 години, еднаш се расипа - што е очекувано, сите апарати дома по еднаш ми се расипаа. Вројатно некогаш ја полнам повеќе од што треба, многу тропа на центрифуга.
    Не дека е којзнае што, моите имаат Candy, и има некои опции што мојата ги нема, а корисни се, иако нивната не суши.
     
  19. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    LG сега ја купивме пред еден месец има многу опции на перење и многу е тивка,
    инаку моите дома имаат gorenje и се презадоволни
     
  20. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
    Каква машина за алишта имате и колку сте задоволни од неа?!

    whirlpool полу суви ги вади алиштата :)