Ја имам сушарава, за шарени алишта ја вклучувам на микс, но ластиците и коланите на алиштата се полуисушени... Која др програма би ги сушела алиштата целосно, а да не ги стеснува? Однапред благодарам.
Девојки ми треба мала помош и мислење. Нова машина за перење LG купена лани, при перење на алишта со соодветна програма и омекнувач при сушење мирисаат прекрасно од омекнувачот. За после ден два да го изгубат мирисот и да мирисаат дури непријатно некој метален мирис. Имате искуство со ваков или сличен проблем?
Барам препорака за комбинирана машина за перење и сушење која ја имате повеќе време и сте задоволни. Едноставно немам услови за две посебни, и реално сушење би користела само зимно време. Ми се смачи од пружени алишта во дневна цела зима. Дури се исуши една тура, се собрале алишта пак за перење.
Имаме проблем со машината за перење. Кога ќе ја пуштам врти некои 10тина минути и се појавува error F01. Се работи за индесит машина. На ниту една програма не работи освен на брзата што е 30минути на 30 степени. Мајстор дојде, не успеа да најде проблем. Знае ли некој што може да е?