Машината за перење кога е вклучена дава слаба миризба како кога греалка што не била вклучена подолго време ја вклучиш. Веднаш јас исклучив, ама дали знаете шо можи да е причината?
Дали некој ја има машината? Да ни споделите корисничко искуство со неа И од каде е земена? Зошто Сетек / Нептун има поделени мислења, има ли некоја разлика во продуктите?
Погрешно се имам изразено, сега гледам што сум напишала. Немам добиено мислења за машината, туку мислењата за Сетек и Нептун се поделени, поточно имам читано дека не се со ист квалитет производите. Дали некој е запознаен подобро со тоа или има искуство? Дали си задоволна од тој модел на машина?
Сетек и јас не би ти ги препорачала. Од мн луѓе имам слушнато дека не продаваат производи како што треба. Јас секогаш од Нептун си купувам, па и машинава ми е од таму. Инаку, многу сум задоволна, супер си пере, доста опции си има, па и за кг, доста собира, додатокот ми се допаѓа многу зошто се случува да ја пуштам па да заборавам нешто и го додавам на перење. Не зафаќа многу простор, мене таква и ми требаше. Се на се, ја препорачувам.