Јас си мака мачам со одењето на мојата машина. Колку алишта ставате за перење? Ја полнеле ли фул или колку има за перење толку, полу празна пример. Претходно машината на ламинат ми стоеше и ајде ради тоа овде, сега на плочки е и пак оде. Нивелирана е добро, ама мора фул да биде за да не оде. На инста ми излегува се по неколку алишта ставаат за перење јас да ставам толку преку зидот има да искочи што да направам веќе не знам Ваква машина имам.
Онака добра е машината, ама што ми оди ме нервира, не е секогаш ама јас сакам ич да не оди. Се гледам пресметувам колку алишта има внатре на колку вртежи да ја уклучам.
Ох мила, не знам искрено мене не ми оди. Ја уклучувам во принцип околу 1200 вртења до сега не ми одела.
Јас ќе пукнам со ова моја машина за перење. Ми ги фарба алиштата како со флеки, однесена на мајстор, демек внатре валкана од детергентите и сменети лагери и еве сега пак. Последново перење и неколку блузи на ќерка ми и оштетив и тоа ништо не го вади, освен ако е бела блузата па со варикина. Се мислам за нова машина, некој предлог?
Јас имам марка Беко (во Мк). Задоволна сум. И не е многу бучна. Претходно имав Самсунг, ама се расипа. Ја користев 10 години.
Земавме нова машина и супер е, секоја препорака. Не е воопшто бучна, не се слуша кога работи, само кога пушта вода. Алиштата не ги вади гужвани, скоро суви што се вика се, омекнивачот ми се осеќа, све што барав е во ред. Само ме интересира, некој ако ја има истата, да ме просветли зошто незнам дали правам правилно, кога менувам температура или вртежи, стискам само на spin или temp и Кога ќе ми ја даде саканата бројка на дисплејот после ништо не стискам. Горе над дисплејот пишува hold 3 sec но пробав така и се гаси програмата. Незнам дали кога ќе наместам само така пере со тие подесувања или со фабричките. Незнам баш дали ме свативте а и Незнам како поубаво да објаснам. Се работи за LG машина
Со здравје да си ја користите. Се бира вртежи, температура и се стиска на плеј (копчето најлево). Три секунди се држи за интензив перење, а за обично само кратко. Ако ве разбрав убаво ова прашувате.
Вчера да ја вклучам машината почна да прави кррррр таков звук да испушта и во текот на перењето правеше. Еве и денес дури и гледам одоздола пуштила и вода што може да е?