Whirlpool ми е оваа што сега ја имам што рѓосува, само за перење, стара е 7 години, јас гледав од Самсунг околу 40 илјади беше дека претходно имавме Самсунг што сега е кај мајка ми, исто веќе 7 години стара и без никаков проблем. Ама сепак комбинирана е друго од машина само за перење. Може да ми кажеш точно кој модел го имаш?
@Spidy FFWDB 864349 BV е моделот 8кг пере / 6 суши. има само една програма на 90Ц и таа е со предперење. Точно на една година од користење и прегоре греачот според сервисерот- го сменија без никаков проблем без пари.
https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_SUSENE/BEKO-BM3T37230W еве ја сушарата. се ставам на микс програма и сум пре пре задоволна....
Колку време ја имаш? Јас веќе 4години можеби, ме интересира дали има некое посебно чистење на сушарата освен онаа стандардно што е.
Една годна ја имам и од чистење само празнење на канистерот и филтерот. А што би се чистело евентулано ?
Дали имате препорака за машина за перење со горно полнење? Само таква ми собира и малку ограничена сум.
Здраво. Треба да купам машина за перење. Имав на Самсунг ecobuble ја користем околу 6 години ама маста и ја извадив, па пред некое време се јави дефект со електрониката ја однесов на мајстор го средија. Но, тоа издржа само 3-4 месеци. Сега цркна целосно, истиот мајстор ни кажа дека не можел да ја поправи. Па сакам да земам машина па сакам да ме посоветува околу изборот. Се мислам околу Lg, Beko или пак Samsung, ма да сопругот сака да смениме марка многу го налутила сегашнава
Electrolux, презадоволна сум, преубаво пере, А+++ е, има секакви програми, плус ич не е бучна. Оваа на сликата ја имам.
Дали ги вади гужвани и дали белите ги пере добро?Имам горење ама ептен лошо ги вади белите алишта и сакам да ја сменам.
Да, супер пере, ако ја ставаш на поголема брзина за центрифуга може да ти ги вади изгужвани, пробај со 1000-1200, јас на 1200 ги ставам, полу суви се, ич не ги гужва.
Дали си приметила поголема сметка на струјата, ова ми е на мисла, и така плаќаме по 20 000 на зима не би сакала уште 5 +
Искрено, не сум забележала некоја значајна разлика дали имам 500 денари повеќе или помалку на сметката. Самата машина е енергетска класа A++, така што е доста штедлива. Од друга страна, и јас внимавам – најчесто перам и сушам во евтина тарифа, после 22 часот или во недела (цел ден вртата и машината и сушарата). И навистина, раатот што го имам знаејќи дека без разлика на временските услови можам да исперам и исушам сè, вреди повеќе од било што друго.
Ние купивме на ЛГ и сме презадоволни, не е воопшто бучна, ги мери алиштата пред да ги пере, не ги вади истуткани туку баш убаво ги пере. Јас ставам и од омекнувачот Семана и кога ќе ги извадам белите преубаво мирисаат. Секоја моја препорака за машинава.