Јас имам на Bosch комбинирана и мајка ми исто. Суши пола од тоа што пере. Ја користам само за пешкири. До сега немам сретнато машина за сушење што не собира алишта. Сите собираат по малку. Некоја поприметно, некоја не. Плус ги расипуваат алиштата побрзо. Имам пробано сушари кај нас, во САД, Во Велика Британија и Германија. Секаде алиштата ми се собирале. Некои поприметно некои помалку приметно. Едноставно топол воздух ги собира алиштата. Инаку комбинирките се добри ако немаш простор. И да топли треба да ги извадиш алиштата од машина инаку се гужваат ако останат и се изладат во машина (во било која).
Имам Беко и за перење и за сушење. За пералната исто, земена пред 6 години и за брзо почна да фаќа како 'рѓа, корозија или што и да е. Сушарата е супер, нема гајле. Јас сум презадоволна од сушарата.
И мојата е беко дури сега почна рѓа да фала околу тоа фиоката каде ставам прашок. И јас ја користам некаде околу 6 години.
Самсунг имам нека е 5та година од користење сеа почна рѓа да покажува околу фиоката Спреј за,метал бел ке купам и шприцнам За жал сите рѓосуваат оти лим се
Па мојата скоро почна со рѓа и нема толку многу ептен е зачувана вака некој да ја види ќе рече оваа нова е. Истата ја има јетрва ми скоро заедно ги земавме нејзината е ептен лом со рѓа мислиш ја користела 20 години.
Има ли некој искуство со ваква електрична сушара? Ги бива за нешто или јок? (Имам веќе кондензациска сушара, оваа како бекап опција)
Dali nekoj znae kakov priklucok mi treba za povrzuvanje na odvod od sushara vo odvod od masina za perenje alista i od kade moze da se kupi?
Не знам кај да прашам. Дали има некој искуство со сервисов од Сетек? машина за алишта под гаранција веќе 3та недела стои дека е на дијагностика, проверувајќи го QR кодов за следење. 10 пати се јавив, немаат информација, ми викаат пишете на мејл, пишав 4 мејла никој не враќа. Збеснав веќе
Разгледај го законот за заштита на потрошувачите. Мислам дека доколку производот под гаранција е на сервис 1 месец односно 30дена, имаш право да побараш директна замена или да ти ги вратат парите. Најдобро обрати се до адвокат и преки него притиснете.
Зошто не вреди? Ние сакаме нова да земеме и најверојатно ќе биде пак Lg. Имаме Lg ама 7 килска и сакам да земам една 10, 11 килска. И јас и свекрва ми иста имаме и преку 10 години се и двете и никогаш ништо не им фалело, не се расипало. Перат топ и не гужваат. Се мислам меѓу Lg и Bosch, дека тие се подобри после Miele (тоа ми е прескапо)... https://www.neptun.mk/categories/mashini-za-perenje/84122556-LG-F4WR510S0W https://www.neptun.mk/categories/mashini-za-perenje/84120818-LG-F4X7011TWB Овие две ни се сега на разгледување..
Затоа што како и за сите останати традиционални брендови, 60% од цената ја плаќаш за името односно брендот а остатокот за производот, а и таа (LG, Samsung итн) се прават во Кина и имаат кинески делови а и кинеските производи исто така ама нив цената им е далеку пониска отколку на овие традицоналните брендови а разликата во придобивките на купувачот е иста или дури и повеќе добиваш кај кинеските брендови за иста или пониска цена отколку кај LG со повисока цена.
Тоа е така, ама квалитетот е врв. Еве ги 10+ год (едната е 14г) и не се мрднати (а на мојата душа и вадам дека сум со 3 деца). Додека сушара една ми цркна, земав Samsung и таа зеза и веќе 2 пати мајстор имавме. Машина за садови имам па Беко, 5г и веќе 4 пати мајстор доаѓа (еднаш пумпа сменето) и сега пак цркна пумпата и не работи. А Lg некако најдобро ми се покажало. И фрижидерот ми е Lg, стар исто преку 12 години и никогаш немал проблем. Не замрзнал никогаш, ни горе.. ни замрзнувачот доле. Мора да има нешто... Па затоа пак за Lg изгледа ќе се решиме.