Има као мерач за влажност читав и додека не ги исуши не завршува. А исто така и некад побрзо завршува ако се помалку алишта/ако полесно се сушат и јас само таа програма ја користам, на сите др ми ги вади влажни иако одам на сонцето..
Се двоумам помеѓу овие две... Прв пат ќе купувам сушара ако може да ми помогнете околу изборот.. дали сте задоволни од овие фирми или дали имате некој од овие модели https://www.neptun.mk/categories/mashini-za-sushenje/84117206-GORENJE-DHNE7D https://setec.mk/products/candy-bp-49sbl8-s https://ananas.mk/proizvod/midea-ma...Wcbcxzn2KbV71Mq5O4_aem_4axED61CogEFhEyzyhd1KQ
Женички, планирам да купам машина за сушење алишта и ми треба ваша помош. ❤️ Од која машина сте најзадоволни? Кој бренд и модел го имате и дали сте задоволни од нејзината работа? Ме интересира колку добро суши, дали сте имале некој проблем... Слободно споделете и негативни искуства – која машина не би ја купиле повторно? Секој совет ми е добредојден.
Јас имам на електролукс скоро 7 години ја користам и засега одлично се има покажано, никогаш не била во дефект што е важно само редовно чистење филтри и тоа е, ама дека е толку години “стара” се мислам нова да купам, подстанарите бараат сушара и се мислам да им ја дадам. А дека технологијавс оди напред би сакала да слушнам мислења и јас за машина за сушење само, комбинирана никако!
Комбинирана машина за перење и сушење , одлично ми пере но при сушење многу се изгужвани и дел од алиштата ми се собираат. На што програма точно да ја ставам ?
Слична ни е машината, мојата е веројатно следниот модел зошто пишува кој програми се. Јас најчесто перам и ставам на сушење на овој програм како што ти е на сликата , кај мене пишѕва MIX. (пере до 40Ц и веројатно суши на пониски темератури) ама сепак некој алишта ми се гужваат повеќе од другите. Нешто се има смалено ама минимално. Може и да переш на повискои температури, а сушењето одпосле да го подесиш на ова микс, нема да можеш однапред да наместиш и перење и сушење. Комплетен циклус перење и сушење на повисоки температури користам за долен веш и пешкири.
Малце касно пишам искуство но ајде да пишам. Машините до сега работат океј си ја вршат работата. Имавме малце проблем со машината за перење. Ја купивме септември , но ја отпаковавме дури средината на октомври и мајсторот што ни ја местеше го примети проблемот, ги бараше штрафојте што го држеле барабанот за да ги тргни, мажот ми вика ете ги ми ги дадоја посебно спаковани ко ни ги доставија, и по то процени дека најверојатно е некоја машина што била вратена од некој друг на сервис, па поправена и препродадена пак. Ја наместивме ,ја пробавме, рековме ако има проблем ќе се пожалиме ако не никому ништо, па среќа беше во ред се. Е сега имам друг проблем- машината ја купив како за 9кг и на неа пишува дека е 9кг, но според мене не е, или можеби ми се причинува не знам. Некако со малце алишта ми се полни цела а перам за 2ца. Кога ќе ги преклам во машината за сушење која е 8кг, ни пола барабан не е наполнет, а во таа од наводно 9кг е цел исполнет. Дали и кај вас е вака или само кај мене?
По правило таа за сушење ако е 8кг се рачуна 8кг алишта макс до пола бубањ да се Така да не се орентирај по сушарата Повеќе од пола бубањ сушарата не смее да биде
Најважно е да земеш сушара со топлинска пумпа. Обичните кондензациски трошат двојно до тројно повеќе струја. Gorenje DHNE83 (8 kg) е меѓу најштедливите. Ако ти е тесна бањата, Gorenje DG2P8D е длабока само 51 cm. Ако буџетот е помал, Midea MD110H80 има 5 години гаранција од производителот, ама троши малку повеќе. И не ја полни повеќе од пола барабан, за да не се гужваат и собираат алиштата. Мажот ми го води mojpik.mk и таму има цел водич за сушари: https://mojpik.mk/vodici/najdobra-masina-za-susenje-alishta/
Здраво, дали некој ја има оваа машина за перење и како сте задоволни, сакам основен модел што пери со повеќе вода не сакам многу напредни функции па затоа се двоумам за оваа.... GORENJE WG2P94A22W https://m.tehnomarket.com.mk/product/29536627/gorenje-wg2p94a22w
Ти благодарам, но се одлучив за elektrolux 10.5kg незнам дали згрешив но денес ја порачав па ќе видиме како ќе биде...
Дали може да ми препорачате некоја машина за сушење алишта ама да е помала од страндардните, ми треба помала заради тоа што имам тесен простор.