Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машини за перење и сушење алишта

Дискусија во 'Дом' започната од Shana, 6 февруари 2011.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    Се жалат повеќето на гужвење на алиштата и многу долго работат заедно. Плус се покомплицирнани за поправка, така ми напоменаа продавачите.
    Фала,поубава да си купиш.:)

    Беко овој модел конкретно wmy71033.

    Дома скоро се ми е Беко, освен микрото и аспираторот кои се Горење. Задоволна сум од машината за садови, па се одлучив за оваа и за алишта.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Како ја чистите гумицата на машината , таму највеќе нечистотии се собираат ?
     
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326

    Praktična žena - Saveti za održavanje veš mašine

     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Фала ти :inlove:
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.864
    Допаѓања:
    176.817
    Пол:
    Женски
    И мене дома скоро се беко и сум задоволна, ама машината за перење рикна (стара беше таа на горење). Дафи може да ми кажеш како си задоволна од оваа? И колку ја зема?
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    И мојата стара беше Горење и се двоумев искрено дали пак да земем Горење или не. На крај колегите на мм ми нагласија дека Горење повеќе не е тоа што беше. А моментално Беко се лесно поправливи и имаат достапни делови.
    Ја користам неколку недели тек, ама задоволна сум, има куп програми. Како сакаш така ја местиш. Долго -кратко, со повеќе-помалку вртежи. Супер ми е. Уште ми е интересна оти испробувам на која програма како работи, колку време пере. :D Има тајмер, па ќе знаеш отприлика кога завршува, а и одложено вклучување до 19часа.

    Инаку ја земавме по набавна па искрено не знам за цена да ти кажам, ама скоро ми излезе на акција во Нептун и не беше повеќе од 15.000.(y)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    Сакав да редактирам ама времето истекло.
    Еве ја.
    https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_204_45&product_id=209591
     
    На mimiiiii и Yowannty им се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    И нaшaвa плaче зa нoвa. Девoјки, кoлку сте зaдoвoлни oд мaшините зa перење и сушење aлиштa? Гледaв вo сетек, нa пример сoбирa aлиштa 9кг, a зa сушење пишувa 7кг. :^)
    Инaку ние дoмa целa белa техникa ни е нa Гoрење и сме ептен зaдoвoлни, oсвен фрижидерoт. Тoј нa Северин е.
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    Мене ме советуваа тогаш ако дозволува просторот да земам оделно.
    И послушав. Цената пак исто излегуваше. Ми рекоа дека се покомплицирани за поправка и не толку практични.
    Инаку ако велат суши 7кг, мојата е 8кг ама суши 4кг, ќе ги исуши и 8те заедно ама после се како жвака и ќе ги суши долго време.
    Значи суши на пола. :)
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    И јaс имaв тaкa слушнaтo. Декa не се бaш прaктични. Кaј нaс прoстoрoт не дoзвoлувa, пa зaтoa и oвaa oпцијa јa рaзмислувaв - 2 вo 1. Ај, зa вaкa преку летo ќе ги извaдиш нaдвoр, aмa зимнo време е тешкo зa сушење.
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    Простор на балкон немате?
    Кај мене сушарата е на балкон. Работеше без проблем и на најладното.
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.864
    Допаѓања:
    176.817
    Пол:
    Женски
    Фала @duffi на одговор и на линкот. Пишува дека во Нептун кај нас е достапна. И најверојатно таа и ќе ја земам, ти верувам на избор :) А и цената околу 15.000 ми одговара, а на линкот нема точна цена или барем јас не успеав да видам, во секој случај имам хепи картичка за попуст, колку толку :lol:
    Уште само да те прашам, дали треба првиот пат да се пушти празна, како најчесто што бива со другиве машини? Каснам веќе 4 машини откако се расипа нашата.. од утре треба ракави да подвиткам, а многу мразам да перам. :$

    @Mr. Right
    И јас како Дафи ти препорачувам ако ти дозволува просторот посебни машини подобро. Сушарата секако гужва, ама кога е заедно, гужва дупло. Братучедка ми и зет ми, зедоа ултра модерна комбинација од двете и покрај гужвањето, се убија и од жалење на некој специфичен јак мирис по завршувањето на работата на машината. :| И сушарата како таква го намалува мирисот на омекнувачот, ама е доста практична, за во зима посебно, на лето нема потреба од неа. Кај мене стојат една над друга.
     
    На Mr. Right и duffi им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    Не, нема потреба.
    И јас веднаш ја наполнив, оти старата на сред перење ми откажа, на пола.:D
    Само што ја инстралираше мм , ја натоварив до врв.:D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.864
    Допаѓања:
    176.817
    Пол:
    Женски
    Па тоа е прекрасна вест. :D Кај мене од старт неколку планини се. Одма утре сабајлечки трчам до Нептун, иначе се плашам дека кај и да е ќе проодат сами алиштата до под туш. :rofl:
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    @duffi немaме бaлкoн/терaсa. Вo кујнa пa ич не бивa.
    Gorenje се oдлични сo квaлитет. Еве oвaa јa имaме преку 15 гoдини, aмa некoј пaт кoгa стaвaм oмекнувaч гo испуштa, тече. Бaш вчерa стaвив oмекнувaч и дoдекa гo примaше oдмa гo испушти. Знaчи не ни ги изврте сo oмекнувaчoт.
    А, oвие нoвиве ми се свиѓaaт декa имaaт пoвеќе прoгрaми и штo се сo фрoнтaлнo пoлнење. Бaш гледaв нa Јутуб зa вaкви и дoбри се. Мaјкa ми е пoпaленa зa тaквa мaшинa. :lol:
     
    Последна измена: 25 мај 2017
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    За жал Горење некогаш и сега немаат ништо заедничко.
    Мислиш горно полнење? Оти сите стандардни се со фронтално. :)
    Ако сте решени за 2во1 распрашајте се кај некој што има, колку и дали е задоволен и ќе одлучите. Штом просторот никако не дозволува.
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Дa де, дa. Тaквo пoлнење.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    Не знам за ваква. Немам искуство , а и не сум се распрашувала.
    Некако си претпочитам стандардно. :D
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Ги имaм гледaнo нa Јутуб сo тaквo пoлнење и некaкo мнoгу вoдa кo дa трoшaт. :^) Целo време сaмo тече вoдa внaтре вo бубaњoт. Ич не ми е јaснo кaкo рaбoтaт. :|
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми има со горно полнење помалку место зема,ама што знам не ми е нешто посебна и тоа отворот дур ја извртам да му најдам отвор да го отворам барабанот мислам ако ја отворам отиде се скрши:lol:.Јас си земав од стандардните Самсунг со еколошки барабан некои го викаат дијамантски што знам, на тач си подесувам температура вртежи има и одложено перење,кога ќе заврши свири дури во двор ја слушам.Ме нервира тоа што понекогаш алиштата не ми мирисаат на омекнувач а ставам.Не знам што е работава,а вака супер си е секој ден ја пуштам по некогаш пере во ден и 3-4 пати.За некои што земале 2 во 1 се жалат не им се досушуваат алиштата убаво и како изгужвани:|
     
    Последна измена: 25 мај 2017
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.