Мојата нема за суше 20.999 денари Самсунг мојата е 6кг од Нептун ја земав.Има убави програми задоволна сум има и Еколошко перење.Јас не земав комбинирана со сушење дека повеќето што ги знам и ги имаат се жалат еве ги програмите
За комбинирана прашуваш? Имам сушара на Беко и сум многу задоволна, а сега по предлог на Дафи земав перална исто на Беко.
немој комбинирана машина никако земај си посебна имам беко за сушење перфект ако сакаш ке ти го кажам моделот
Ај да си прашам. Немам искуство со машини за сушење алишта. Ме интересира дали секаква облека може да се суши во неа? Нормално, претпоставувам дека деликатни парчиња не би можело, ама генерално може се', така? Сакам да купам и би сакала некои општи информации од искуство да добијам. Фала.
Земавме комбинирана, зошто ама баш никако немам место за посебно и немав избор. Е сеа, изгледа не знам уште да ја користам. Пере супер. Ама сушењето ми е несфатливо. Едни се влажни едни мокри, едни суви. Не ги испробав сите опции ама ме интересираат мислења. Ако има некој candy да ме упати?
Јас бев пред некој ден да гледам машини и баш видов една што ми се допадна на LG. Ама кога го прашав вработениот да ми каже нешто повеќе,ми рече дека би ја препорачал само ако немам доволно место,инаку кај овие машини (не знам дали кај сите) ако ти се расипе едната функција,не можеш другата да ја котистиш.
Машината суши пола од она што си перела. Кога ќе заврши перењето, извади пола од алиштата, па пушти ја да суши, не би требало да има проблем. @Lady Phoenix новиве модели имаат програми за сушење на различни типови алишта, со прилагодена температура. Сепак, јас не ги сушам во неа сите алишта. Оние од поосетлив материјал, како свила, волна и слични си ги сушам стандардно, на обична сушара во соба, а се' друго оди во машината на соодветна програма. И постелнини избегнувам да сушам во машината, оти многу ми ги гужва, ко џвакани се. Сум пробала и здиплени и се', ама пак ги гужва и не сакам да ги пеглам, па не ги сушам во неа. Омекнувач не ти треба, бидејќи сушарата ги вади премеки и мирисаат на прашокот со кој се перени.
Лејди ние зимава земавме Аристон 9 кг,Б класа нешто помалку од 20 000 денари.Од тоа што прочитав во упатството може да се користи за секаква облека ама мене ризик ми е.Пробав само за џемпери,фармерки,крпи и супер беше.Има опција за деликатни парчиња,за играчки,бебешка облека,брзо сушење,џинс,да ги стопли само пешкирите,па демек да бидат влажни за пред пеглање,свашта ама страв ми е да пробувам. Спојлер
Jas imam FAVORIT kombinirana i ja koristam veke 14 godini i prezadovolna sum a susenjeto ke go prilagoduvas zavisno od materijalot. ne sekoi materijali braat ista temperatura
Фала ви...ќе пробувам. Сега сакам бебешките да ги пробам, за тоа ми е највеќе. Зимно време неам кај да сушам, на смогон надвор ќе треба.
Знам дека повеќето од вас имаат негативно мислење за комбинирани машини, ама поради недостаток на простор за две, немам избор. Па ми треба некоја, која има таква, да сподели искуство дали е задоволна. Дали постои некаква комбинирана машина на пазарот која може да задоволи основни потреби?
Имам самсунг дигитална, во последно време не сум баш задоволна, некои обични флеки не се вадат. Не знам дали е до машината или до прашакот (мерикс моментално). Ај некој да не знае да не треба посебен прашок за машинава @ZAHRA видов има ваква...???
Јас мислам дека е до прашокот.Мајка ми еднаш го има земено и не беше задоволна,како да се забетонирува во влезот за прашак.Смени го прашокот,сега не знам на која температура ги переш белите,шарените алишта.Ако имаш дамка пред да ја ставиш пример блузата на перење стави на дамката сјај и после стави ја во машина.Јас редовно ја пуштам машината со оцет и сода бикарбона празна да испере.Кога перам бели алишта во делот за прашак додавам и сода .Прашак користам Ариел,Персил,Бонукс .Кога перам со Ариел течен алиштата многу убаво се перат и мирисаат убаво
Јас перам со персил...и сум доста задоволна. Последен пат заборавив предходно да третирам флека од кафе ама убаво ми испра. Персил плав. Го имам и бебешкиот пробано и тој е супер.