Сакам да прашам нешто поврзано со машини за сушење. Во новиот стан местото каде ќе стои машината за сушење е на еден зид, а вентилацијата е на друг зид. Прашањето ми е- дали тоа има врска?...дали од машината за сушење излага црево кое треба да влезе во ветилацијата?...дали сегашните машини за сушење се нова технологија па немаат потреба од црево за вентилација ?
Еве за мојата машина за сушење ќе си кажам. Нема мојава црево затоа што е кондензациска и си има канистар во кој се собира водата за време на сушењето и после секое сушење канистарот треба да се испразни и исто така си има филтер за прљавштините од алиштата да се собираат. Доколку се случи да го заборавам канистарот полн има сијаличка која светнува и машината престанува да работи додека не се испразни канистерот. Исто така има и вентилациски машини за сушење алишта е за тоа е потребно да имаш вентилација во просторијата каде што ке стои машината.
И јас зедов кондензациска на Беко. Има 15-ина програми за сушење, па дури и само за освежување на алишта. Мене ми стои во кујна. Со машината ми дојде цревце кое може да го монтирам ако сакам водата во одвод да ми тече наместо да ми се собира во канистерот. Од практични причини сакам во сад да ми се собира. Филтерот го чистам после секое сушење зашто се собира доста ѓубре. За канистерот има сигнална команда. Не е тешко за ракување и многу сум среќна што конечно нема да мора све и свашта да ми виси по сушални низ дома и да ми се умирисува од овој период па до лето.
Девојки ве молам доколку сте користеле или користите да споделите искуство со машини за перење од Фаворит. Ви благодарам унапред
Поради недостаток на простор морав да купам комбинирана. Земав Hotpoint Ariston 11 со 7kg. Засега сум многу задоволна.
моја блиска пријателка ја има хаос нема сензори прво а второ премногу долго суши и на крај после три саат влажни ги ваде
Јас имам ваква Аристон, чинам исто е . УК бренд. По програмите иста ми се чини. Јас сум задоволна, ако нема сензори. Не ги суши толку долго, таман како што треба. Нормално не се полни цела, туку на пола. До сега ништо ми нема упропастено. Прво ја ставам на час ипол, ако е полна целата секако, ако се ушти влажни продолжувам уште некое време. После неа се спасив од пеглање.
Јас посебно машини ќе купувам. Ама многу ме разубедуваат, машината за сушење ги ,,собирала,, алиштата.Ни со пеглање неможело да ги вратиш назад. Вистина ли е?
Има повеќето модели на Ariston се и сите се made in Uk . Некако ефтина ми е па не знам дали вреди.Сепак фала ти
Не знам колку ја земав јас. Не беше скапа. На крај како ќе се погоди, не се води по цената. Не сум имала со сензори па да ја кажам разликата, вака ми е океј. И го фатив супер редот. @referentka мислам дека пресушени алишта се собираат. А враќање назад тешка работа. Ова е предноста на овие , што можеш да отвориш и да провериш до каде се и пред да заврши. Ама пак ќе кажам со сензори немам користено за да споредам. И кај мајка ми е обична на Беко. Со времетраењето се тука некаде. Час ипол секако им треба.
Ич не се размислувајте мислам дека покорисна работа од машина за сушење нема. А алиштата се собираат доколку ги пресушите.
@refenrentka е баш со сензорските неможе да ти се десе тоа пресушување од тие без сензор ставаш пр 4 кг алишта за сужење и на програм бр 1да речиме и програмот и е 1,30час да речиме Ако у случај алиштата се изсушат за 1 саат она не се исклучува туку ек си тера се до 1,30 додека не заврше програмата додека сензорските штом се суви алиштата ке исклучи со сушење и нема шанси да се пресушат Мојата сушара е сензорска ама има 5програми како што ги имаат и овие несензорските машини од 10 -20 -40 -60 минути значи зензорска е најдобро овие индесите се срање у боја Ја ке ви преорачам беко дцу 7430 модел
Фала на советите, секој збор ми е добредојден Значи, кога ќе бара, машина, да барам СЕНЗОРСКА....така? Мене лесно може да ме прелаже ниска цена , попуст или некоја погодност. Досега имав 2 во 1 машина (германска беше) и бев задоволна се до првото расипување кога почна голгота (чекање мајстори, долгим поправки, влчекање на машината до мајстор и назад, куп пари дадени...). Од каде е купена?
купена пред 2години некаде од нептун масата и ја извадив овие две години и немаш потреба од пегла ја ј аземав некаде 21,000 ама сега често ја има на акција 16,000-17000 ден ако некој е за сушара слободно нека си ја зема има и водата да ја собира во садот има и црево да изтекува директ во одвод ,има одложен старт ,има разни програми за кошули фармерки за скроз суви алишта за влажни за пеглање ,за ехтра суво тоа е за огртачи дебели работи