И јас по препорака на Дафи ја земав летото. Јас сум презадоволна, има доста опции и супер ми е, така да и јас ја препорачувам
Јас буквално се сушам во сушарата Си имам одбрано една програма што ми брка работа и само на таа сушам - синтетика, памук, џемпери, ќебиња.. до сега ништо не ми се собрало или уништило. Една од подобрите инвестиции за дома
Мојата е Сименс,со тие сензори кои покажуваат ако веќе алиштаѕа се суви сама се исклучува. За џемпери и такви поосетливи работи ми е страв да ги сушам во неа(ова откако еден џемпер ми се смали во детска величина,но моја грешка е што не прочитав дека во состав имал кашмир)Сега читам и проверувам. Мене ми е ептен од корист,и сум задоволна. А да,за патики и такви работи со сушарата си одеше посебен дел како корпа,не ми е уште испробан.
Здраво девојки, се мислам дали да си купам машина за сушење алишта, како. модел ќе ми препорачате до 18000 ден? Најмногу се плашам за смалувањето на облеката, слушам лоши искуства.
Уште нешто се сетив, ако си купам сушара би ја ставила во шпајзот до кујната оти немам друго слободно место во станот. Таму имам и мал прозор на кипање. Немам одвод, што значи ми треба кондензациска машина нели? Дали има шанси да се појави влага во таа просторија? И сега ве читам сите од почеток, велите постелнина не сушете, а мене најмногу за тоа ќе ми треба. Зарем не пуштате фротирна или памучна постелнина во неа? Исто и за џемперите...Не знам зимава кај да ги сушам поголемите и подебелите работи.
Мислам дека може и вентилациона штом има прозор, ама не сум сигурна, а за кондензациската не ти треба ништо и нема влага. Јас сега купив кондензациска и во ходник ми стои ниту влага прави ниту загрева освен вратата што е топла кога работи. До сега имам сушено 4 пати и ставам се како што се од перална освен чиста волна. Ништо ми нема ниту собрано ниту оштетено. Со белите ставам и постелнина и не сум забележала никаков проблем. Со шарените сушев и тексас фармерка и супер се. Мојата е сензорска ја ставам на програмата што е определна да ги суши за во плакар и околу 2 часа мислам дека ги суши. Плус на мојата има посебен програм за волна така да мислам дека нема да биде проблем и волнени џепери ама уште не сум пробала дека не беше толку ладно времето. Инаку заборавив да пишам Канди е марката
Баш џемпери и постелнина не сушам. Имам за џемперите посебна програма, ама пак ми е шубе, да не се соберат. А постелнина не сушам во неа, оти ми ја гужва многу. Треба недосушена да ја вадам и пеглам, а не сум во можност тоа секогаш да го направам кога ќе заврши машината за сушење. И да, ако е кондензациона, може било каде освен надвор (на ниски температури како лани може да замрзне водата во канистерот кај што се собира). За вентилациска ти треба прозор.
Јас сушам постелнина и не ми се гужва. Одма штом заврши, ја вадам и исправувам со рака и диплам. Може и до самата машина е, што знам.
Не знам, навистина. Пробав на различни програми, исто е. Прво си велев ајде, може дека е голема, оти моите се се дупли, 220x240, ама и помали исто гужва. Ќе пробувам пак зимава.
Исто Беко, има 15 различни програми. Најдолгите се по саат и 40 минути, зборам оние за памук. За синтетика се нешто пократки, има и за фармерки и осетливи алишта, има и за освежување на алиштата. Програмата што најчесто ја користам е за синтетика, трае 45 минути, и скоро се сушам на таа програма, ама зависи од алиштата.
јас само постелнина,крпи и долна облека сушам.За се друго ми е страв.Додуша не сум го никогаш ни разгледала убаво упатсвтото за да видам кое на колку се суши
Јас најчесто ја користам онаа од 85 минути кога ми е за алишта од бебето, и онаа од 120 минути ако има и подебели дуксери. А ти алишта од децата сушиш?
Сушам, да. Сите алишта, заедно со нашите најчесто на оваа од 45 минути. Само чорапите посебно, оти цела машина само од нив се полни
Кај мене е надвор. Фино преживеавме лани. Единствено го замрзнав цревчето за проток на вода до канистерот,ама моја грешка оти ја исклучив на сред работа. За некој ден се опушти без проблем. Ја користев и на ниските температури. Додека работи е топло внатре, не замрзнува водата. После веднаш ја истурав.
Општо бели алишта на 45 минути, а само чорапи или пешкири на час и дваесет минути (таа ми е програма за фармерки), за пешкирите и бањарките ми е погодена, оти сосем суви ги вадам, а не малку мокри како што е случај на други програми.
Скоро се во сушара сушам. И џемпери и постелнина и пижами, фармерки и ништо не ми се собрало до сеа. Е сеа има разлика од џемпер до џемпер, оние по обични и посекојдневни ги сушам во сушара, оние што се од поделикатни материјали и се друго што е од деликатен материјал перам на рака и ги оставам природно да се сушат. За долна облека имам посебни процедури и не сушам во сушара. После перење во машина обавезно плакнам со обична вода, оставам природно да се суши и пеглам.