Сода бикарбона и алкохолен оцет. Делот за прашок го полнам со сода бикарбона, а оцет во делот за омекнувач, уклучувам на 90, и кога почнува машината да работи истурам уште еден литар оцет кога го повлекува прашокот.
Здраво девојки, денес купив машина за перење -https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=29_204_45&product_id=215874 дали има некој искуства со оваа машина (pros & cons) Пресреќна сум што конечно се купив а старата веќе 12 години од Горење си оди во историјата....
денес бев во нептун со намера да купам машина за перење од горење ....ама таму нешто ме раз убедија дека горење не биле ко поранешните и да си земам беко...инаку од горење имаа само 2 модели...ваше мислење и искуство?
Само имам заприметено на старата Горење машина и светеше барабанот што не е случај со овие новите(и на мојата)
Имам фаворит машина за перење и забележав дека не ми го прима омекнувачот. Во што може да биде проблемот?
честито новата машина кажи ми колку време ти траат програмите од 30 и 40 степении...слушнав дека машините беко переле предолго
Има кратки и долги програми. Сама си ја местиш. На 30 степени може и 15мин и 1и30мин. На 40 исто. Сама си ги местиш програмите. Барем кај мене е така.
јас имам фаворит 11 годи душа и извадив....таков проблем никогаш немав..извади ја фиоката каде што се реди прашок и омекнувач да не е затната..позз
ок фала ќе размислам ... мене м и рекоа дека неможело да се местат програмите и тие од 30 степени переле и по 2 часа
Сигурно зависи од моделот. На мојата се се подесува. Си пишува колко време ќе пере, па знам кога да ја очекувам.
колку години ја користиш ? мојата е 11 и ми се расипа од неправилна употреба...а мислам дека ќе ме служеше уште многу години ама тоа е се стори...сега се двоумам дали пак да земам фаворит или беко, а некои ми ги фалат и аристон....
И ние купивме нова машина за перење од Favorit,луѓе многу долго пере. На 40 степени пере дури и по 4 часа,не знам дали можам да наместам да биде пократко. Во самото упатство пишува дека си пере толку,ама дали може да се наместе на помалку не знам. Исто пишува дека времетраењето зависело од количината на алишта. Ако знае некој нека сподели.
Навистина ептен долго пере. Оваа што ја имам на 90 пере повеќе од 3 ипол часа. На 60 и 40, 2 и пол. Ама има една опција да пере за 1 час на 60,40 и 30, Daily 60' пишува. Провери дали и кај тебе ја има таа опција.
Зависи од енергетската класа. Од А класа се најдобри, најекономични, колку повеќе плусеви, толку повеќе штедат енергија. Ама на сметка на тоа, времетраењето на перењето е подолго. Нема врска која програма се користи. Мислам дека и не може да се подеси колку сакаш ти да пере, туку програмите си се однапред дефинирани. Ти можеш само да менуваш број на вртежи на центрифуга.
@Annath Да си пишува во упатството дека може да се менува бројот на вртежи на центрифуга.Ама и јас мислам дека не можеш сам да подесиш да пере колку сакаш,туку дека програмата си е однапред направена. Инаку и оваа е од А класа со два плусеви.