Кај мене е на беко и е со А++ енерг класа и сум презадоволна воедно има доста програми со разн време на траење најкратката на 30 е 14мин има и 18м и 30м .. на 40 исто има доста од 50мин па до 2ч и на 90 пере скоро 3часа .. најдолга е бабу протект антиалергената и за влакна од миленичиња над 3 ипол сати
Здраво направив профил само заради прашањево. На мајка ми и се расипа машината за перење па сега се мисли меѓу овие два модели. Имате некое искуство со нив? http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10090_10091_10092&product_id=68798 http://setec.mk/index.php?route=product/product&keyword=cs4 &product_id=69535
Мојата машина за алишта е BOsh и ја имам веќе 15 год. и ниеднаш досега не ми се расипала Аме сега од пред некое време забележувам дека ми протекува вода под неа.Дали некој имал таков проблем и што може да е тоа?
Провери го филтерот, или цревото за довод на вода да не ти е одвртено. Кај мене тоа беше случај пред некое време. Течеше вода при перење, цревото се олабавило.
Zdravo, imam Beko masina za perenje i susenje na alista,samo sto ja pustiv na 60 stepeni zabelezav deka vremeto na perenje od 2:48 se zgolemi na 3:44. Dali ima nekoj iskustvo so ova ili treba da se povika majstor. Vi blagodaram
ако предтоа била на програма од 40 с била на помалку време, сега си ја зголемила на 60 с со тоа се зголемува и минутажата на перење. а како си задоволна од оваа комбинирана машина, ја стеснува и гужва ли облеката?
Незнам дали е за темава соодветно прашањето но може некој ќе ме посоветува. Машината најнормално си работи, меѓутоа кога ќе ги извадам алиштата мирисаат некако како на влага, чудно некако... мм постојано се жали (дека незнам да перам) а не е така, најнормално степени, во едното прашок во др умикшивач...незнам кај грешам зошто така мирисаат алиштата уфф
Истиот проблем го имам како членката над мене. Ја пуштав пред неколку дена со сода и оцет да изврти и тоа океј ама омекнувачот не ми го зема. И кога ќе ги извадам алиштата ми мерисаат како на влага, а омекнувачот си стои во фиокичката. Еве слика од фиокичката инаку се работи за фаворит перална. Во првиот дел ставам прашок, а средниот омекнувач. третиот за што е? Грешам ли некаде?
Мојата е самсунг ама скроз исто изгледа како твојата фиокичка. Во првата ставам течен детергент, во второто омекнувач а во третата кога перам бели ариел гранулат прашок ставам. Значи првото е само за течен детергент и делот за омекнувач не треба да ја преминува плавата црта ( делот со плаво што почнува)... незнам каде ја грешиме работата. Вадев и филтер, чист е.
Извини што се мешам. Одврти го филтерот и отстрани ја нечистотијата. После тоа остави го да кисне во врела вода и сода бикарбона. А можеш и во некое од средствата за отстранување на бигор од машини. Истото направи го и со фиоката.
Можеш да го погледнеш видеото за да ти биде полесно.Филтерот кога ќе го извадиш ќе го измиеш дека има нечистотија и мрсно е од омекнувач потоа јас го перам во мал сад со мала четка за заби во сода и оцет
А имаш ли проблем со закоравени дамки? Имам некои остатоци од прашкаст детергент и не можам убаво да ја исчистам фиоката.
На мојата машина се одвртува од десно на лево. Кога ќе го извадам истекува целата вода. Дури и тоа што се насобрало. После го стругам со ноже и го киснам.