Да ми се има случено но јас многу често ја чистам фиоката по два пати во недела.Со оцет и сода фиоката ја чистам исто со мала четка за заби ќе истријам и нели кога ќе ја извадиш фиоката внатрешноста исто со крпа мокра со оцет поминувам и од левата страна каде што е цевката провери да не ти се собира од прашок и омекнувач
За да не ти истекува водата прво тоа малото цевче ќе го отвориш и во некој сад стави водата да истече,потоа отвори го филтерот.Така од вода да не ти корозира машината
Има мали траги од детергент внатре, од кај што се прима детергентот. Чистам колку што можам (со четка за заби), ама џабе. А на фиоката има дел префарбан од омекнувачите.
Јас како што знам ознаката I (третото) е за програми со предпререње и во оваа преграда се става прашок, само ако користиш програма со предперење, а во тој случај се става прашок и во преградата со ознака II. Ознаката II се користи во секоја програма, независно дали користиш течен или обичен детергент. (се разбира доколку користиш детергент во кесички тој се става во барабанот дирекно). Во средината ти е да за омекнувач. Е моето прашање е: дали постојано, од прво перење пералната ти прави вака, или не? Убав совет ти дадоа членките да пробаш да ја исчисиш фиоката и уште еднаш пушти ја на празно со оцет во преградата за омекнувач и сода во преградата за прашок II.
А тој другиот дел што е внатре не се одвртува?Кај мене филтерот е така како тоа капачето што ти е одвртено и на него има продолжеток пластичен со дупчиња тука се собира од алиштата и омекнувачот.
@ZAHRA пробав ама тој дел не се вади, само водичка истече од него и толку. А водичката мирисаше како нешто старо, гадно, мувлосано одстоено, е исто така и алиштата ми мирисаат. Да не ги грешам нешто програмите? Ма да не верувам, порано немав ваков проблем кога ќе исперев цела куќа замирисуваше на убаво. Сега извадов алишта од перална ништо, мирисаат на нешто старо одстоено а и внатре во пералната мрииса така иако редовно ја одржувам ја пребришува и внатре и надвор, фиокичката и ја мијам со сунгерче и топла вода, еве стварно не знам во што е проблемот. Сега го избришав и филтерот, ќе пробам вечер пак ќе ги пуштам бањарките, ако пак е исто ќе барам мајстор.
На првото бираш само температура, на второто програма. Треба да ти се поклопуваат степените секогаш. На пример 40 степени, со програма од 40 степени. 90 со 90. Ова со 30 степени наверојатно ти одговора со еко или брза програма. Упатство немаш ли? Според последново што го напиша, најверојатно е проблем со филтерот.
Пред да ги пуштиш бањарките пушти машина празна со сода и оцет нека испере на 90с,а програмите не знам навистина ако го немаш упатсвото види на гугл внеси го моделот на машината па види дали точно како треба ја пушташ.Во случај да е пак исто викни мајстор да нема позади во моторот и деловите заглавено некое чорапче или нешто и така ти прави и мириса.
Првата преграда е за перење, втората - омекнувач, третата - за опцијата предперење. Кога переш со течен детергент, не може во првата преграда директно да ставиш од детергетот... Мојата има посебно како сад кој се вметнува во преградата па го ставаш течниот детергент (инаку ке ти се разлее под фиоката). Инаку ја кога перам со течен детергент, детергентот го ставам во посебна пластична чашка и директно во барабанот меѓу алиштата.
Не знам каде да го поставам прашањето, сметам дека е за овде, ако не е нека се премести... Користам прашок персил, сум пробала и со течен персил, меѓутоа алишатата поврторно ми ги вади извалкани, до што може да е? Машината е нова, исчистен е и филтерот и таа преградата каде што се става детергентот
Сода стави во делот за прашок, а алкохолен оцет во барабанот. Пушти ја на вриење празна, ќе се исчисти и мирисот. За да не ми се случи ова, јас на скоро секое перење ставам по една лажица сода бикарбона во делот за прашок (небитно дали перам со течен или прашкаст детергент), и алкохолен оцет во делот за омекнувач. Не користам омекнувачи воопшто. Алиштата мирисаат на детергентот, никогаш на мувла/влага. После секое перење гумата на вратата обавезно да се избрише од водата, и вратата на машината да биде постојано отворена кога не е во употреба. Или детергентот не чини, или грејачот не работи.
Ве молам за совет, пак проблем со машината за перење. Првото што е светнува кога ја пуштам, а долното кога ќе заврши во перење. Е во последно време ќе ја пуштам пераланата да пере и после 15 минути, пола саат ми светнува пак на првото горе исто како кога ќе ја уклучам. Не знам каде е грешката?
Најдобро е да си викнеш сервисер, да се провери дали има пореметувања и во процесот на перење или станува збор само за банален дефект на лампицата.
Здраво женски ми треба ваша помош Имам индесит перална и до сега немам никакви поплаки од неа но во последно време алиштата мирисаат на влага и пот откако ке испере Видов во упатството дека на пералната има програма за автоматско чистење но неможам да ја уклучам таа програма незнам како Во упатството е објаснето но не сака да почне да пере Помош?
Алиштата мирисаат или ако си ги оставила подолго во машината, или одамна ако не си ја исчистила. Можеш сама да ја исчистиш и нема да мирисаат.