Некои машини имаат специјална програма за чистење на машината и таа ја вклучуваш пред првата употреба. Мојата нема таква програма, но јас пред прва употреба ја исчистив, а и понатаму ја чистам на следниов начин: во самиот барабан, во два пластични додатоци, односно кугли кои ги имам од што сум купувала течни детергенти, ставам во едната сода бикарбона, а во другата алкохолен оцет. Некои содата ја ставаат горе во преградата за прашкаст детергент, а оцетот во преградата за омекнувач. Зашто ја не го правам ова вака?! Зато што, треба да настане хемиска реакција помеѓу содата и оцетот за да има дејство на дезинфекција. Ако се стават горе во посебни прегради, машината прво ја повлекува содата, па откако ке а исфрли водата со сода го повлекува оцетот. Ако немаш такви куглици од течен детергент, содата стави ја во капачето од течниот детергент, а оцетот во капачето од шишето со омекнувач, стави ги во барабанот и вклучи ја на 90 степени.
Да, да, празна е кога ја чистам на овој начин. Најчесто еднаш месечно ја чистам на овој начин. Исто така, задолжително ја чистам вака после перење на патосниците од купатило, после перење на крпите од џогерот, после перење на патики...некако шубе ми е после перење на патосниците или патиките, или крпите со кои сум бришела под, да не ја исчистам и во неа да перам веш или алишта кои ги носам.
Имам beko за перење алишта ама како да штеди вода цело време а нема копче за таква опција...знае ли некој што може да е проблемот ?
овие новите модели сите се такви штедливи демек со помалаце вода и прашок демек перат додади си вода ти плус коа ке ја начекаш да зима вода ти додади си со шише дотури или ако ти е до тушот одма уклучи го тушот и дотури вода
Девојки дали некоја од вас има проблем со поместување на пералната...кога ја купив првите месеци си беше ок а еве веќе 1-2 после секое перење ја наоѓам поместена...цело време ја местам под васервага и пак ја наоѓам изместена...пробав да ги намалам вртежите,пробав и како што си се предвидени по упатство па дури и алиштата ги мерев да не се ни премалку ниту премногу од предвидената килажа и повторно ја наоѓам поместена....некогаш пове некогаш помалку....веќе се пренервирав и страв ми е да ја пуштам...инаки старата 11 год како што ја имав ставено од прв ден така стоеше
Таа има некоја мака штом се поместува. Мислам но не сум 100%сигурен. Федерите што го балансираат бубањот големи се шансите некој да е откачен/скинат па затоа машината се помесува поради тоа што бубањот нема правилен вртеж. Големи се шансите да е тоа. Мој совет овластен сервис машината е под гаранција нека дојде нека си ја види. Кажи претходно си беше ок,одеднаш почна да се поместува.
Која машина за сушење да ја земам? Сакав енергетски ефикасна машина, одбрав таква на БЕКО ама додека се убедам да ја купам ми ја продадоа. Сега се мислам помеѓу овие две, Candy или Hotpoint? https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_SUSENE/CANDY-CS-H8A2DE-S http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10090_10094&product_id=70232
Што сушите во машина освен пешкири,постелнини и сл. Мене сите алишта ми се со ознака дека не се за во сушара. Едни фармерки веќе смалив Програми имам по материјал,али и памук ми собира. Кажете чаре Иначе Електролукс ми е сушарата.