Се сушам, фармерки, џемпери, тренерки па дури и јорган сушев и не се уништи. Мојата машина е хотпоинт аристон, единствено времетраењето на едно сушење ме нервира.. Нежните работи ги сушам на деликатна програма, 2 саати и 20мин трае на ниска температура, таман се за пеглање влажни кога ќе ги извадам.
И јас сушам се во неа, фармерки, блузи, џепери, фустанчиња. Внимавам само да ми се убаво наредени, односно убаво ги здиплувам за да не ги изгужваат многу. Мојата е Канди и сама се исклучува кога се суви алиштата, на таков програм ја ставам и сите алишта идат од перална во сушара. Да не ги пресушува, пробај прво на пократко време да ги сушиш.
Здраво Сакам да купам машина за сушење на алишта, па неможам да се одлучам која фирма. Најмногу можаш да издвојам од 10 000- 15 000. Ги разгледував телефункен, candy, Beko.. Пералната за алишта ми е горење wa 61061 со јачина на центрифуга од 600 вртежи. Во сетек ми рекоа дека пералната мора да биде најмалку со 800 вртежи во минута. Дали може да ми препорачата машина за сушење кондензациска во овој ценовен ранг и дали со малкуте вртежи на горење алиштата ќе бидат суви со помош на сушарата?
Пералната ми е на Горење со 500 вртежи и немам никаков проблем со сушењето.Мислам дека колку повеќе вртежи има пералната толку посуви се алиштата и за помалку време ќе ти се исушат алиштата во сушарата.
Ќе ги пуштиш само на центрифуга уште еднаш, а и без тоа нема да имаш проблем. И мојата е на Горење со 600 вртежи, па се сушат без проблем. Иначе имам сушара на Беко, презадоволна сум. Не би требало.
Денес купив машина за сушење. ја Има ли некоја од вас уклучено на продужен кабел ... ? Се изначитав и страв ме фати да не се запали. Сакам да ја пуштам пешкири, крпи исправ .. Треба на нешто посебно да внимавам пред прво пуштање. Алиштата само да ги ставам или да ги наредам здиплени? Ме фати бе страв со штекериве уземљење дрн дрн тракатанци . Одвај ја дочекав а сеа ми е страв да ја пуштам хахаах
Мојата е на продолжен кабел и досега не сум имала проблем.Инаку не ги диплам,како ги вадам од перална директно во сушара
Девојки на пералната немам посебна преграда за течен прашок, само за омекнувач па ме интересира вие што перете со течен прашок во перална како го ставате?
здраво купив канди машина за сушење, но незнам на која програма да ја ставам. ставив перница , две крпи и чаршав ги извадив влажни. сушев на програм mix and dry и алиштата не миришат на омекнивач. дали знаете на која програма да пуштам
Во преградата што е за прашкаст детергент треба да има едно како пречка (најчесто плаво е) што се исправа надолу да не истече течниот детергент. Се надевам ме разбра. Инаку, јас во топка го ставам и внатре во машината. А може и во капачето од детергентот да ставиш, на пример течниот Ариел има едно поголемо зелено капаче за таа намена. Тие обично се сушат на програма за памук. Mix and dry ти е кога имаш мешани алишта, т.е памук и синтетика, затоа влажни ти ги вади. На мојата има програми за памук - за обично сушење, екстра сушење, сушење како припрема за пеглање и сушење како за редење во плакар, после има за синтетика, за покрути материјали, за осетливи алишта... итн. Сликни ги програмите, па ќе ти кажам која е најсоодветна за чаршафи. Иначе, јас избегнувам да сушам постелнина, ќаршафи и слично во сушара оти ми ги гужва многу, ама сега почнав да ги ставам на програма што ги суши како припрема за пеглање (полувлажни) и ги оптегнувам да се досушат и исправат да не ми се толку изгужвани.
еве ги програмите. Сакам да ми излезат сосема суви. На која програма да сушам темни алишта на која програма да сушам бели алишта.. Читав во проспектот,но таму е напишано многу комплицирано. Според програмата трена посебно памучни посебно синтетика. Јас ставам секакви видови на материјали па која е програма за се