По ова што гледам, можеш сама да си прилагодуваш колку време и на која температура сакаш да ги сушиш. Е сега, имај предвид, колку повеќе алишта има во машината, помали се шансите да бидат сите суви целосно. И колку е повисока температурата, поголеми се шансите да се собере материјалот. Ако сакаш се заедно да сушиш, тогаш mix and dry ти е добра опција, ама како што реков, не ја преполнувај сушарата (јас од една машина за перење на два пати сушам), и прилагоди си ја температурата и вртежите на копчињата од десна страна.
Види го филтерот долу шо е на машината, дан ти е заглавено нешто. А ако ти е понова со дисплеј, ако малце ти е изместена немат центрифугата да работат. Бар кј мене е така
Нее преполна,ја пуштив само на плавење и центрифига со три џеппери но ги исплави а центруфуга не три пати ја пуштив и нејќеше. Нее со дисплеј.
Пробав и само на центрифуга нејќеше,неможам да се наведнам сега во филтерот да видам да не има нешто. Многу се нервирам од што може да е.
Каишот е олабавен или откачен. Ако се слуша дека работи центрифугата, а не врти, каишот е во прашање.
zdravo, Dajte nekoja preporaka za masina za susenje alista? sakam da kupam pa ne ne znam sto da zemam ne sum imal nikogas dosega i pojma nemam kako funkcionirat? edna drugarka mi rece deka ima masina sto gi pegla na parea alistata nema potreba da se peglat posle, zatoa sum zainteresirana kakva e?
Ве молам за препорака за машина комбинирана за переше и сушење? Ве молам за искуство со комбинирани машини и препорака за марка. Поздрав .
Машинава за сушење откако ја пуштов пред 20 тина минути нон стоп на две три минути свири тит тит тит хахаха што ѓавол и е.? Во упатството не пишува ништо за ова
Здраво. Во план сум да купувам машина за сушење , е сега имало два вида вентилациска и кондензациска. Може да ми кажете која е разликата?
Вентилациската има црево како аспираторот низ кое излегува пареата. Кондензациона е со сад кој ја собира водата. Втората можеш да ја ставиш било каде. За првата ти треба прозор или одвод низ кој ќе излегува пареата. Јас втората варијанта ја имам .
Немаш упатство? Вака мене ми делува просто, слична е и мојата иако е Самсунг. Само mix и спорт не ми се јасни програмите за што конкретно се. Rapid е за кратко перење, пример за нешто што е тазе купено од продавница, плус тоа 15' значи 15 минути дека пере. Daily 60' е за не многу прљава облека, пере 60 мин. Shirts немам кај мене ама очигледно е дека е за кошули. Hand wash е за специфични материјали кои можат да се оштетат. Spin е само центрифуга. Cotton 90 е за памук на 90 степени. Cotton со тоа знакчето значи дека има и предперење па треба и додатно прашок да ставиш и во десната комора. Cotton 60 и 40 степени нема потреба да објаснувам, нели. Еко 20 степени е за економично перење на речиси ладна темп. и обично програмов пере подолго. Easy care појма неам, и wool е за перење волна. Е откако ќе одбереш програм, можеш и сама да подесиш на контролната табла за да промениш на пример температура, второто е вртежите на центрифуга, третото би требало за да го убрза програмот побрзо да испере, четврто е да уклучиш и предперење и петото се знае А можеш и воопшто да не менуваш ништо на контролната табла само директ програмот и старт.
Поконкретно ми треба да прашам на која програма перат на 30 и на 40 степени освен онаа памук 40.. Зошто јас ја пуштам мих,тоа за мешани алишта на 30степени и кога ќе стегнам плеј самата почнува на 60степени да пери.незнам зошто така