Пердувите мирисаат ептен ужасно, само добро проветрување додека да се исуши целосно внатре. Стави ја на тераса/во двор под настрешница, или во соба кај што има постојано провев, ќе се среди.
Да споделам дека машината за сушење од Фаворит е многу убава,ја зедовме од Техномаркет од 16,999 намалена на 11,999.
И јас сакам да земам машина за перење. Планирам од нептун нс рати, до кај 12-13 илјади. Ако има некој препорака за марка нека пише, зошто јас навистина не се разбирам.
Дали некоја од вас ја има оваа машина за перење и сушење?Ја купивме скоро ,меѓутоа не сум баш задоволна како очекував околу сушењето.Алиштата полумокри ги вади иако трае доста циклусот на сушење.Ај споделете некое искуство ако знаете некое решение
Колку што знам, ако имаш на пример 7кг алишта за перење, ќе ги испереш ок, после за сушење треба пола да извадиш, па два пати да сушиш. Така знам за комбинираниве, лично искуство немам. И мојата сушара не ги досушува ако е преполна, затоа некогаш испраните алишта ги делам на два дела за поубаво да се исушат. Јас имам посебно машина за перење, посебно сушара.
Здраво девојки Денес бевме во техномаркет, и плативме за машина за перење и за сушење алишта индесит, ќе ставам и слика, ако имате таква споделете искуство Фала ви
Денес ставив како и секогаш алишта шарени на иста програма како што си ги перам, до сега немало проблем никаков. Ама денес кога ги извадив воопшто не мирисаат на омекнувач дури ни на прашок, немаш ништо останато се си земала машината ама алиштава на ништо не мирисаат. Од што може така да биде?
Ме интересира, тие што имате машини за сушење. Се мислам дали да земам, оти трујат алиштата на чад кога ги спружувам на балкон. Слушнав некои работи, па ве молам споделете искуства. Дали вистина се собираат алиштата? Дали вистина избледуваат боите и се расипуваат алиштата по некое време? Дали има проблем ако сушарата е во затворен балкон? Дали има проблем кога е ладно надвор? Колку осетивте разлика во сметките за струја пред и после сушарата? Дали е бучна кога работи? Фала многу
Ја имаме еден месец,во мало wc ни е,нашата е од поевтините и бучничка е ама ништо страшно,алишта не ми се собрале ниту уништиле,барем не досега,на долг рок нз ама претпоставувам ништо поразлично отколку кога би се печеле надвор на сонце. Не ја пуштаме многу често,еднаш неделно,во сметката немаше многу разлика,нашата е В класа,поскапите се А или А+. Презадоволна сум,за 3 саати имам испрани суви алишта,чисти и меки.
Да прашам дали на некоја и се оштетиле алиштата од сушење? Нова ми е сушарата на беко, нема ни месец, а веќе тренерки два пара ми искина, па не знам од што може да се оштетија, дали од премногу сушење може да е?
сеѕо ова зависе од моделот на сушарата а на сметка струја зависи колку ке ја користиш јас неделно 5-6 перални пуштам сушам и плус 700-1000 ден имам на сметка и да ги лите алиштата на долг период од еднаш два пати не ама со тек на користење многу брзо се кинат
Jas imam A++klasa trosi 1kw na eden sat rabota. Toa e 6 denari. A za smaluvanje se smaluvaat ako gi presusis, barem kaj mojata e taka. Sega gi vadam malku vlazni i se vo red. Za na balkun mislam deka mozis, ako ne e mnogu niska tempertaurata.
Сега ја земавме пред 1 месец модел sr7vtp2, ок е малку повеќе ми ги продолжува програмите во време наместо 140 мин суши 170 ама мислам дека е поради тоа што иам постара машина за перење со 800 обртаи, економична е плус на сметка имам окулу 500денари. Не стеснува, фармерките само на посебно мора да де пуштаат зашо на друго ги смалува за пола број и тоа ако ми текне нешто друго ќе ѕи пишам а и секако у план сум да купам нова за перење па ќе ти кажам ако се промени нешто...
Tи благодарам . Никаде неможев да најдам некое искуство за „Кончар“ . Незнам моделот дали е ист со таа што ја гледав за да ја купам, ама ќе проверем. Инаку и јас имам постара машина за перење и се плашам да не ги остава водени и џабе да ми биди купувањето. Инаку центрифугата на машината за перење солидно работи..
Купив нова машина за перење самсунг со 1400 обртаи, сега програмот дури и пред време ми завршува на сушарата, така топла препорака давам за таа сушара може има и подобри од нејзе, јас ја добив поклон и неможам да се пожалам, се надевам ти помогнав.